T
Tetro
Гостин
24 март 2010, 10:09Извор: Макфакс
Денеска се навршуваат 11 години од почетокот на воздушните напади на НАТО на Сојузна Република Југославија кои траеја 11 недели и загинаа околу 2500 лица.
Во бомбардирањата кои без престан траеја 78 дена беше оштетена инфраструктурата, училиштата, болниците, медиумските куќи, спомениците на културата.
Нападите на Југославија почнаа на 24 март 1999 година околу 20 часот врз основа на наредбата на тогашниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана, а југословенската влада истата ноќ прогласи воена состојба.
Акцијата на НАТО која српската влада но и бројни експерти ја нарекоа агресија, се случи по преговорите за решавање на кризата на Косово во Франција (Рамбује и Париз), февруари и март 1999 година. За материјалната штета која и е нанесена на Југославија во текот на бомбардирањето се изнесени различни податоци.
Тогашните власти во Белград проценија штета од околу сто милијарди долари и побараа отштета од НАТО .
Група од економисти на Г17 штетата ја проценија на 26, 9 милијарди долари.
Бомбардирањето на Југославија заврши на 10 јуни, со усвојување на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
Ден претходно претставници на југословенската војска и НАТО во Куманово потпишаа воено-техничка спогодба, со која е прецизирано повлекувањето на југословенската војска и приклучување на меѓународните воени трупи.
НАТО ги изведуваше нападите на СРЈ со бродови во Јадранот од четири воздухопловни бази во Италија, а во некои операции учествуваа и стратешки бомбардери кои полетаа од базата во Западна Европа и од САД.
По неколку неуспешни дипломатски обиди, кризата беше завршена со посредничката мисија на финскиот претседател Марти Ахтисари и поранешниот руски премиер Виктор Черномирдин.
Тогашниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, на почетокот на јуни го прифати нивниот план за разместување на меѓународните трупи на Косово, а потоа тој договор го верифицира собранието на Србија.
Единиците на југословенската војска се повлекоа од Косово, со донесувањето на резолуцијата на ОН, а првите меѓународни трупи влегоа на територијата на Косово од Македонија на 12 јуни 1999 година.
Тоа досега беше најголема операција на Алијансата, а најмногу војници имаше од Германија, Франција, Италија и САД.