Единаесет години од бомбардирањето на Југославија

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
И тогаш и сега сметам дека беше неопходна воена интервенција, за да се спречи (прекине) геноцидот што го правеа српските сили. Друго е прашањето, дали тоа беше напраено на вистински начин. Но, како што кажа некој погоре, проектили со осиромашен ураниум се произведени и некаде ќе се испробаат...каде што ќе има шанса за тоа.
Српските сили веќе правеа и пострашни нешта, во Босна, Хрватска...уште една таква состојба веќе беше во развој на Косово и ќе беше недозволиво да продолжи тоа да се толерира.
Така да, сметам дека интервенцијата беше неопходна.

Албанците потоа (па и Хрватите предходно), само покажаа дека имаат потполно исти геноцидни намери и со тоа покажаа дека се исти како и Србите.
Но тука стапи на дело лицемерието на така наречената меѓународна заедница, па геноцидот над Србите беше и се уште трае непречено.
Како што тогаш не можев да останам рамнодушен над судбината на Албанците, така и денес сочувствувам со Србите.



Да, тоа се условите на хартија.
Така да според нив веројатно и ФАРК има држава во Колумбија и мал милион други примери.

И покрај теоријската точност на горната дефиниција, сепак сметам дека во духот на новото време потребни се уште некои елементи, како на пример членство во меѓународни организации...
што мислиш дали за едно 20 години Македоцните нема да бидат посочени како агресори врз една невина етничка заедница???а со ова ќе се согласат и одреден дел на Македонците:tapp:
Србите се спруваа на свој начин на своја земја,додека Хрватска,Краина и Босна НЕ БЕА НИВНА ЗЕМЈА,....многу е глупо кога споредуваш Албанци со босанци/Хрвати...........
Хрватите со оружје од ЈНА водеа крвава војна со тогашната ЈНА(со Србите)
Албанците од Косово без ниеден тенк,авијација,тешко пешадиско оружје(само со сателитска навигација од НАТО земјите) успеаа да извојуваат "победа" над една од трите најаки армии на Балканов:tapp:

ти се молам,планот за независно Косово т.е. за контролирање на Косово од страна на западните земји постои уште од пред 20 години создаден од страна на западните разузнувачки и геостратешки експерти(рудникот со јаглен на Косово,минувањето на идните гасоводи и нафтоводи на Балканов кои инвеститори се они,доближување до Русија и до муслиманските земји) само што Милошевиќ испадна ДЕБИЛ невиден,падна на манипулаторските,стратешките и дебилските игри на западот......

Босна,Косово,Македонија се војни кои се случија заради остварувањето на интересите на одредени западни земји......држави во кои се јави омразата,којашто НИКОГАШ нема да се искорени,страдаше цивилното население,загинати војници,запалени села и раселени лица,земји КОИ УШТЕ 10 години не можат да излезат од нивната лоша економија и криза............................и да ОВА е МАСЛО НА ЗАПАДОТ

според тебе секаде каде што има една етничка заедница треба да им се дава држава-што ќе остане тогаш од САД,ФРАНЦИЈА;ШПАНИЈА;БРИТАНИЈА,ГЕРМАНИЈА..............
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.360
Поени од реакции
4.974
Земји кои го признале Косово а не се членки на Нато.
13.Лихтенштајн
15.Маршалски острови
16.Науру
17.Буркина Фасо
18.Сан Марино
19.Либерија
20.Сиера Леоне
22.Белизе
23.Малта
24.Самоа
28.Микронезија
29.Малезија
35.Комори
Оаоаоооо...
Овие се елитата во светот... во гомната :vozbud:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.899
Поени од реакции
83.105
Ако не го видовте (или не сте сакале да го видите) етничкото чистење на Косово 1999, од страна на Србите, тогаш не сте ништо подобри од нивните геноцидни собраќа Албанците и лицемерната "меѓународна заедница", кои заедно го спроведуваат, од 2000 навака, геноцидот врз Србите, тврдејќи* дека нема такво нешто.



* и покрај флагрантната очигледност, на пример: 17март2004.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Ако не го видовте (или не сте сакале да го видите) етничкото чистење на Косово 1999, од страна на Србите, тогаш не сте ништо подобри од нивните геноцидни собраќа Албанците и лицемерната "меѓународна заедница", кои заедно го спроведуваат, од 2000 навака, геноцидот врз Србите, тврдејќи* дека нема такво нешто.



* и покрај флагрантната очигледност, на пример: 17март2004.
етничко чистење??????????
а дали знаеш дека повеќето од тоа "убиено цивилно население" беа припадници на ОВК( и да НЕ ЗБОРАМ за жените и децата)
секоја им чест на тактиката со која ја насамарија српската армија и полиција(секако со помош на западните воени компании)

значи и кај нас имаше ГЕНОЦИД(карпалак,вејце,мавровски работници,исчезнатите Македонци итн)........ало бе чоече ГЕНОЦИД не е кога ќе убиеш припадници на паравоена формација(кога подоцна ги преоблекуваат) од толку што ОВК беше некоја си армија немаше да се крие во куќи со цивилно населени и на истите да им се заканува со убиство ако ја напуштат куќата и не пратат по еден член од нивната фамилја во ОВК
што правиме тогаш со цивилно населени кои страдаше во Ирак,Авганистан,Чеченија,Сиера Леоне,.........или можеби само Руанда/Уганда беше ГЕНОЦИД.................на погрешно место бараш правдина,кога во овие земји ќе биде прогласен геноцид тогаш ќе се согласам со тебе и за Косово(што може вода да им носи на горенаведените земји)

и да Српската војска и полиција вршеше малтретирање на Албанците од Косово,но дали и ОВК не вршеше исто така ТЕРОР и МАЛТРЕТИРАЊЕ врз Албанците и другите малцинства од Косово???????
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Никој не негира дека имало малтретирање од српските сили.Ама етничко чистење(геноцид во никој случај) немало.Па пред војната во 99-та во Приштина живееле 40 000 Срби.Денес има 40.И кој кого исчистил етнички???
НАТО искористи прилика(слаба Русија,Кина к.. не ја болеше за Балканов) и нападна суверена земја.Не знам дали денес би имале храброст да го направат истото.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Од сите 60 држави што го признаа Косово мене ми значат само две Македонија и Црна Гора. Знам да простувам, дури и да ја разберам ситуацијата во кој се наоѓаат овие две држави но да се ќути и да се остави тоа така лесно да пројде неможам да го разберам. Мислам дека ние луѓето полека но сигурно идеме у курац и многу лесно се помируваме со работите. Сепак се работи за две братски држави од која едната доминантно население се Срби и се учи Српски Јазик.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.899
Поени од реакции
83.105
етничко чистење??????????
а дали знаеш дека повеќето од тоа "убиено цивилно население" беа припадници на ОВК( и да НЕ ЗБОРАМ за жените и децата)
секоја им чест на тактиката со која ја насамарија српската армија и полиција(секако со помош на западните воени компании)
Ти реков, дека необјективноста е твој личен проблем. Ако не сметаш дека било започнато етничко чистење на Косово - не сметаш... и тоа е тоа. Сосема исто, ниту еден Албанец тука од форумов нема да каже дека над Србите се врши етничко чистење, а тој што ќе го признае тоа ќе додаде дека заслужиле...:tapp:
Таа логика ние треба да ја избегнеме.


значи и кај нас имаше ГЕНОЦИД(карпалак,вејце,мавровски работници,исчезнатите Македонци итн)........
Не само што имаше такви нешта врз Македонците, туку тие процеси течат под лицемерната маска на соживот, Албанецот го сотира својот комшија Македонец секојдневно, подржан од истата таа меѓународна заедница и најстрашно - од многу Македонци.
Тоа е јасно како бел ден. И јас со Албанците сум на чисто. А богами не сум со Македонците, кои имаат голем апетит за самоуништување и дефицит на самоосвестување.

Меѓународни случаи на геноцид има многу. Многу од нив поминаа без интервенција, некои беа дури и подржувани премолчано. Никаква поента не гледам со истакнување на тој факт, во случајов.
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
300
Поени од реакции
11
лелеллеееее албанец:tapp:,па американците,германците и турците не ве ебет ни 1% бе:tapp: ве отруја со бомбите:pos2:
Ке раѓате сакати море ејјј:tapp: Благодарење на САД,Германија и Турција:tv::tv::tv:


Што ти е тебе бе:tapp: Па рака им давам на САД,Германија и Турција, ги напраја лом,Србија не знаеше што да направи,избегаја како глувци:tv: ееееее лесно е со цивили да војуваш,ама со САД,Германија и Турција не е лесно... Макар што и јас не ги оправдувам што беше употребено осиромашениот ураниум..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.899
Поени од реакции
83.105
Од сите 60 држави што го признаа Косово мене ми значат само две Македонија и Црна Гора. Знам да простувам, дури и да ја разберам ситуацијата во кој се наоѓаат овие две држави но да се ќути и да се остави тоа така лесно да пројде неможам да го разберам. Мислам дека ние луѓето полека но сигурно идеме у курац и многу лесно се помируваме со работите. Сепак се работи за две братски држави од која едната доминантно население се Срби и се учи Српски Јазик.
А како ќе се помириш со фактот за политиката на евро-атланските интеграции на владата на Србија избрана од Србите ?
 
B

Borg_Drone

Гостин
Југославија имаше и тоа каква одбрана - затоа НАТО не влегоа копнено.
Инаку за воздушната одбрана... па ако ја користеа до максумум, и ако имаше фер битки на небото, ако Југославија имаше крстосувачки ракети....тогаш можда ќе се одбранеа...

НАТО сите авиони што им ги уништи на Југославија, беа авиони уништени на земја, што подоцна ги прикажуваа како некој успех...
НАТО не влезе со армија во Србија, не зошто Србите имаа одбрана, туку затоа што кампањата што ја водеа им беше таква, и самите си кажаа која им е целта; а целта не им беше да ја окупираат Србија, туку да ја бомбардираат се со цел да извршат притисок.Тактиката им беше да извршат притисок врз населението, а населението после тоа да изврши притисок врз Слободан Милошевиќ да си оди од власт и да се предаде.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Ти реков, дека необјективноста е твој личен проблем. Ако не сметаш дека било започнато етничко чистење на Косово - не сметаш... и тоа е тоа. Сосема исто, ниту еден Албанец тука од форумов нема да каже дека над Србите се врши етничко чистење, а тој што ќе го признае тоа ќе додаде дека заслужиле...:tapp:
Таа логика ние треба да ја избегнеме.



Не само што имаше такви нешта врз Македонците, туку тие процеси течат под лицемерната маска на соживот, Албанецот го сотира својот комшија Македонец секојдневно, подржан од истата таа меѓународна заедница и најстрашно - од многу Македонци.
Тоа е јасно како бел ден. И јас со Албанците сум на чисто. А богами не сум со Македонците, кои имаат голем апетит за самоуништување и дефицит на самоосвестување.

Меѓународни случаи на геноцид има многу. Многу од нив поминаа без интервенција, некои беа дури и подржувани премолчано. Никаква поента не гледам со истакнување на тој факт, во случајов.
па биди и ти објективен и реален:
имаше двострано малтретирање на косовското население(без разлика на етничката припадност)
Српската војска и полиција вршепе терор и малтретирање врз Албанците и ОВК вршеше терор и малтретирање врз неАлбанското население.........
геноцид-трајно уништување на една етничка заедница
етничко чистење-протерување/иселување на една етничка заедница од одредена територија.....НЕ МЕШАЈ без врска поими

10 години подоцна Косово незавсино со 2 000 000 народ од кои 90% Албанско население-ШТО ЌЕ КАЖЕШ НА ОВА,

1)каде се другите неАлбански заедници???
2)дали врз НИВ не се направи етничко чистење???(бидејќи ТРАЈНО им ги уништија и завземаа нивните вековни живеалишта)
3)дали ОВК не се одмазди и протера се што не е Албанско??
4)која е разликата помеѓу етничкот чистење на Албанците(кои цел свет ги жалеше) и другите етнички заедници од Косово(кои НИКОЈ во светот не им обврна внимание)
ДВОЈНА ПОЛИТИКА И ПРАВДИНА така
....или пак ќе ми кажеш ова е мое лично мислење- и дека имало само етничко чистење(поим кој го замени со геноцид) само врз Албанците

геноцид врз Македонците НЕМАШЕ,ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ-ДА,имаше...пак мешаш поими
-на ЧИСТО си,секоја ти НЕчест,оди тоа да им го кажеш на децата кои татковци загинаа од албанските паравоени формации,кажи им го тоа на родителите чии деца загинаа и добија инвалидет во 2001,кажи им го тоа на бранителите кои не добија заслужени бенифиции

.............упс моја грешка......ти ова ќе го кажеш на форум,на ТВ,на медиум,во анкета се со цел да не нарушиш некој си вештачки соживот,без да помислиш на сопствениот брат и сестра по крв(ако си Македонец) кои НЕ БРАНЕА во 2001:kesa:

па да бранењето,штитењето и величењето на сопствената држава и народ кај нас е оцрнето и оценето како фашизам,нацизам,антиалбанец итн:tapp:
еве ти го фактот..........геноцид и етничко чистење(два поима кои ги мешаш) се дефинираат за некоја земја,етничка заедница само во интерес на западната "демократска" елита........
и затоа ти набројов некои држави КОИ НЕ МОЖАТ да се ПРЕМОЛЧАТ,а не се опфатени со некои од тие два поима......хмммммммм западната политика-демократијата е курва нели(се извинувам за зборот)

Што ти е тебе бе:tapp: Па рака им давам на САД,Германија и Турција, ги напраја лом,Србија не знаеше што да направи,избегаја како глувци:tv: ееееее лесно е со цивили да војуваш,ама со САД,Германија и Турција не е лесно... Макар што и јас не ги оправдувам што беше употребено осиромашениот ураниум..
и ОВК да не беше Хуманитарна организација за заштита на цивилното население-само Албанското(да нема забуни):pos2:

НАТО не влезе со армија во Србија, не зошто Србите имаа одбрана, туку затоа што кампањата што ја водеа им беше таква, и самите си кажаа која им е целта; а целта не им беше да ја окупираат Србија, туку да ја бомбардираат се со цел да извршат притисок.Тактиката им беше да извршат притисок врз населението, а населението после тоа да изврши притисок врз Слободан Милошевиќ да си оди од власт и да се предаде.
кажи ми некоја копнена инвазија на САД која била успешна после втората светска војна,па така и во овој напад тие бомбардираат "воени и стратешки" цели и после влегуваат во со копнена инвазија.....но само што тука Косово им беше главната цел,да влезеа на целата територија на Србија,е тогаш уште толу ќе го разгневеше српскиот народ и ќе имаше поголема светска замешаност во случајот Косово......се е до тактика и интерес,што значи болдираното ти е смешно,никој не можеше да претопстави кој ќе ја добиеше копнената битка една армија или друга армија+мобилизација на цивилното население

притисок се врши преку пропагнда(светска или локална) медимуи,весници,ТВ,хуманитарни организации,лобирање,пртисок и подршка и финансирање на некоја партија која нема исто гледиште со партијата на валст.но во НИКОЈ СЛУЧАЈ СО БОМБАРДИРАЊЕ и оружје нели така западните демократии не учеа:pos2:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Мое сочуство до српското малцинство во земјата , а конкретно до : Гоне87 , Хуман , оон , Солид , Милојко ... со песната goodbye Srbijo

 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.360
Поени од реакции
4.974
НАТО искористи прилика(слаба Русија,Кина к.. не ја болеше за Балканов) и нападна суверена земја.Не знам дали денес би имале храброст да го направат истото.
Точно. Многу брзо се сменуваше улогата на Русија во последните 20 години. На почетокот на 1990 по распадот на СССР, беа во тешка криза, за подоцна 2000, 2002 итн, да преминат во најбрзо растечка економија во светот. И нормално таа ситуација ја искористи западот. Особено фактот што тогаш Југославија беше во катастрофална состојба.

Мое сочуство до српското малцинство во земјата , а конкретно до : Гоне87 , Хуман , оон , Солид , Милојко ... со песната goodbye Srbijo
Хахахаха...колку ме боли мене за Косово да знаеш...:pos2:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.899
Поени од реакции
83.105
Гоне, ај што не се сложуваме тоа ок, ама не ми ги ни разбираш постовите (или само не ги читаш), па врз тоа градиш позиции* целосно дефектни.
Нема потреба од дискусија.

*за моите ставови
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom