Мурињо: Руни му припаѓа на Манчестер Јунајтед, тој треба да остане таму
Жозе Мурињо верува дека Вејн Руни ќе остане во Манчестер Јуанјтед и покрај сите недоразбирања со Сер Алекс Фергусон кои излегоа на виделина во изминатиов период. Евентуалното заминување на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед е главната тема во изминатите неколку дена, особено по емоционалната прес конференција на Сер Алекс Фергусон на која ја потврди желбата на напаѓачот да го напушти Олд Трафорд. Но, Жозе Мурињо не верува дека Руни ќе замине од Манчестер Јунајтед, Португалецот смета дека тој им припаѓа на Црвените Ѓаволи и таму треба да остане до крајот на својата кариера.
"Моето мислење е дека тој ќе остане во Манчестер Јунајтед" - изјави Мурињо по натпреварот со Милан.
"Тој веројатно сака да си замине од некои причини, но јас верувам дека Руни му припаѓа на Манчестер Јунајтед, им припаѓа на фановите на Манчестер Јунајтед, му припаѓа на Олд Трафорд".
"Верувам дека тој ќе остане".
"Но доколку на крајот од денот доколку тој замине од Манчестер Јунајтед, јавете ми се".
Запрашан дали би сакал да го донесе во Реал Мадрид, Мурињо одговори:
"Секој би бил заинтересиран да го донесе, но ќе повторам, не верувам дека тоа ќе се случи".
"Така мислам, а и го посакувам тоа, бидејќи ми се допаѓа тој како фудбалер, го ценам Сер Алекс Фергусон и Манчестер Јунајтед, верувам дека најдобро за Руни е да остане таму до крајот на својата кариера".
Запрашан дали би било возбудливо да ги спои повторно Кристијано Роналдо и Вејн Руи, Португалецот одговори:
"
Да, но тој ќе остане на Олд Трафорд, сигурен сум".
Извор