Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.121
Поени од реакции
1.717
Ливерпул не да ќе го јадат од Челзи у недела, нема да знаат кај им е главата, видете ги нашиот Форлан како ги дупчи сред Енфилд а не па Челзи.Ај барем ќе си пееме.Diego ooh!Diego oooh!He comes from Uruguay, he made the scousers cry.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Дечки ќе се прави ново знаме RED ARMY MACEDONIA кое ќе биде официјално знаме на фан клубот. Најверојатно ќе се прави по дизајнот на знамето на хрватскиот фан клуб. Моментално сме во преговори за цената. Инаку дизајнот на знамето ќе биде следен. Од примерот подоле, планот е во црвената линија да пишува RED ARMY MACEDONIA, белата линија со MUFC и амблемот останува иста, а најверојатно темно тегетот ќе содржи WE"LL NEVER DIE. Се планира да биде промовирано за новата сезона, зошто оваа е пред сам крај. Инаку пари за знамето ќе се собираат или на натпреварот со Стоук (поверојатна варијанта) или евентуално на првиот натпревар од новата сезона.

 

Don Rooney

The fire one
Член од
30 април 2010
Мислења
170
Поени од реакции
25
GLORY manchester united

кој играч треба да донесе фергусон за новата сезона?нега биде тоа 1 напаѓач 1 средина и еден десен бек:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Руни не си оди од манчестер не за 100 ни за 200 милиони.тоа е сигурно реал може само да сонува за него.само овоа е најсигурна вест во свето чисти глупости се тоа дека ке оде.некој нема со да праве па ај ке измислемо нешто:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:


Rooney forever in machester united

:vozbud::vozbud::vozbud:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Нов договор за Гери Невил

Исто така, Руни тренирал со тимот, можно е да го видиме во недела, без разлика како ќе заврши мечот меѓу Ливерпул и Челзи :)
 
Член од
22 јануари 2009
Мислења
382
Поени од реакции
25
Се надевам дека Ливерпул ќе го изненади Челзи,и дека Руни ќе заигра од првите минути со Сандерлент.СРЕЌНО:tv:
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Е сега баш ме интересира дали Лузерпул ќе им "пуштат" на Челзи или ќе ги испотат тоа газињата за да стигнат до поволен резултат за нив и излез во Европа, а + тоа и меѓу себе играат Манчестер Сити-Астон Вила и во случај на нерешен резултат (што мислам и дека ќе биде) Лузерите со победа ќе избијат на 5-тото место со 2 бода зад Тотенхем кој е четврти (доколку Тотенхем го победи Болтон)...:toe:

Премногу "математики" се во игра, ќе видиме во Недела што ќе испадне :helou:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.121
Поени од реакции
1.717
Дечки ќе се прави ново знаме RED ARMY MACEDONIA кое ќе биде официјално знаме на фан клубот. Најверојатно ќе се прави по дизајнот на знамето на хрватскиот фан клуб. Моментално сме во преговори за цената. Инаку дизајнот на знамето ќе биде следен. Од примерот подоле, планот е во црвената линија да пишува RED ARMY MACEDONIA, белата линија со MUFC и амблемот останува иста, а најверојатно темно тегетот ќе содржи WE"LL NEVER DIE. Се планира да биде промовирано за новата сезона, зошто оваа е пред сам крај. Инаку пари за знамето ќе се собираат или на натпреварот со Стоук (поверојатна варијанта) или евентуално на првиот натпревар од новата сезона.
А зашо не го напраите со Not Arrogant, Just Better место we'll never die?Као тука на пр.




И место амблемчето во средина да го ставиме ѓаволчето од лева и десна страна на MUFC?


Како што ја си го замислувам би било топ, па сеа вие договарајте се.Иначе, нема да бидам на форумов од денес од 6 сат до најверојатно недела вечер, ќе идам со друштво во викендица во Коњари, Џену или Томи очекувам да ми се јавите или да ми пишете што ќе се случува во недела.Најава за со Сандерленд за некоја минута.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Новинарите избраа: Руни најдобар играч во Англија



На 13-ти мај на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни во Лондон ќе му биде доделена наградата за најдобар фудбалер на годината во Англија, во изборот на Здружението на фудбалски новинари (ФВА).

Наградата која се доделува секоја година, започнувајќи од сезоната 1947/48, освојувачот ја добива низ изборото на повеќе од 400 новинари од Англија.

Руни оваа сезона веќе беше прогласен за најдобар од страна на Здружението на професионални фудбалери (ПФА) од чии редови самите играчи го избираат најдобриот, а сега стрелецот на 34 погодоци низ сите натпреварувања оваа сезона ги доби 80% од гласовите на новинарите во ова здружение.

Второто место му припадна на играчот на лондонскиот премиерлигаш Челзи Дидие Дрогба, додека третата позиција ја зазеде играчот на Сити Карлос Тевез.

„Одушевен сум шти примам награда која има таква историја и што ја продолжувам низата одлични играчи кои веќе ја добиле оваа титула. Му се заблагодарувам на манаџерот Сер Алекс Фергусон како и на соиграчите без чија подршка не би можел да стигнам до наградата.“ - изјави Руни.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.121
Поени од реакции
1.717
Најава:Сандерленд v Јунајтед


Премиер лига, 37мо коло|Недела, 2 Мај 2010|Почеток: 17:00h
Стадион
: Stadium of Light, Sunderland


Клучното коло за сезоната во Англиската премиер лига.Додека Јунајтед ќе играат на стадионот на светлината, играчите и фановите веќе ќе си ги знаат шансите за титула, бидејќи Челзи, во 2 часот му гостува на Ливерпул па со победа или нерешено на домаќините, Јунајтед би можеле да се изборат за првото место и да им ја украдат титулата на Челзи во претпоследното коло.Како и да е, како што рековме, must-win натпревар, без оглед на резултатот од Ливерпул.

По лошиот старт на Април со пораз од Челзи и нерешено до Блекбурн, Јунајтед се врати во игра за титулата со 2 победи против Тотенхем и Сити.Головите на Сколс против Сити и на Нани и Гигс во последните 10 минути во натпреварот со Тотенхем не донесоа во ваква позиција и докажавме дека најдобар период ни се последните 10-15 минути.Сега гостуваме на Сандерленд, кој што едноставно обожава да игра дома на Стадионот на Светлината и едвај успеавме сезонава на Олд Трафорд да извадиме нерешено, а минатата сезона требаше 17 годишниот Македа да го реши натпреварот.

Според информациите, Рио и Руни тренирале со тимот повторно и би ни биле достапни за во недела, тоа го изјави Сер Алекс на пресот, заедно со новиот договор на Невил.Еванс добро го замени Рио последните 2 натпревара и не сум сигурен колку би ризикувал Фергусон да го игра Рио.Не би требало да има големи промени во тимот кој победи Тотенхем, со можност да игра Руни во нападот наместо Бербатов.

Сандерленд имаат многу добра форма кога се работи за натпреварите на свој терен, 3 победи во последните 5 натпревари со Барнли,Тотенхем и Бирмингем.Да не заборавиме, Арсенал и Ливерпул си заминаа со празни раце од стадионот на светлината, но и да не заборавиме дека Челзи им даде 7 гола.Минатиот натпревар успеаа да го победат Хал и да го вратат назад во втората лига.Бент е во одлична форма, има повеќе од 20 голови во лигата, најдобар стрелец им е, и дефинитивно ќе претставува најголема опасност.Покрај Бент, во нападот го имаат опасниот Кенвајн Џоунс и во средината Лорик Кана.Стив Брус е еден од подобрите менаџери во лигата и е дефинитивно име кое е за почит во Англија, а воедно и поранешен играч на Црвените Ѓаволи.Алан Хатон нема да игра поради црвени картони, Џон Менсах и Енди Реид се аут поради повреда, а можно е враќање на Ли Катермол и Џорџ Меркартни.

Можни состави:
Gordon

Bardsley - Ferdinand - Turner - Richardson

Campbell - Cana - Meyler - Malbranque

Jones - Bent



Rooney

Nani - Giggs - Valencia

Fletcher - Scholes

Evra - Rio - Vidic - Neville

VDS

Мој тип:
Се освен победа е неуспех за нас, дури и ако Челзи победа на Енфилд, мораме да останеме да се бориме до последното коло за титулата.
Сандерленд 1 - 2 Јунајтед
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
А зашо не го напраите со Not Arrogant, Just Better место we'll never die?Као тука на пр.




И место амблемчето во средина да го ставиме ѓаволчето од лева и десна страна на MUFC?


Како што ја си го замислувам би било топ, па сеа вие договарајте се.Иначе, нема да бидам на форумов од денес од 6 сат до најверојатно недела вечер, ќе идам со друштво во викендица во Коњари, Џену или Томи очекувам да ми се јавите или да ми пишете што ќе се случува во недела.Најава за со Сандерленд за некоја минута.
Моментално најважно е да договориме добра цена за знамето, а дизајнот што го пишав јас погоре е само првичната замисла што секако може да се модифицира.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.881
Поени од реакции
11.597
Аааааах ќерата, му ебам бркот педерски!
Дај бе нека си иде, не го можам, пак ќе изигра еден меч против фулам/стоук јако и цела јавност во англија ќе направат притисок да игра за англија, па ќе му се дигнат акции и ќе игра ко шупче - валенсија да го покрива цел меч...а и башка не е прав капитен, лигле смрдено!
Ќе частам дента кога нема веќе да игра за Манчестер!

Да не беше Бекам, никогаш немаше да стане нешто што е денес...заслуга на други.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
За знамето...UTD KIDS WIFE In that order ми е најдобра варијанта :)

Кое и да го правите нема да погрешите :smir:

Манс, за Невил ако не игра добро ќе ја грее клупата и готово. Шоако му продолжиле договор...
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Аааааах ќерата, му ебам бркот педерски!
Дај бе нека си иде, не го можам, пак ќе изигра еден меч против фулам/стоук јако и цела јавност во англија ќе направат притисок да игра за англија, па ќе му се дигнат акции и ќе игра ко шупче - валенсија да го покрива цел меч...а и башка не е прав капитен, лигле смрдено!
Ќе частам дента кога нема веќе да игра за Манчестер!

Да не беше Бекам, никогаш немаше да стане нешто што е денес...заслуга на други.
Невил е еден од последните играчи од врстата која полека исчезнува. Играчи како него се вистинска реткост во денешно време. Невил е вистински капитен, човек кој остава срце на терен, се бори до последно, човек кој го сака Јунајтед поише од цела екипа заедно.

Не ми се верува дека наш фан ќе изнесе вакви срања за Газа. Ти или не си му ја пратил целата кариера во клубот или компетентноста за да оцениш еден играч ти се базира на играта од само една сезона каде играчот е во залезот на кариерата. Невил го продолжи договорот поради други фактори и својства кој тој ги поседува, а очигледно ти не си ги видел. Тој е огромен мотиватор, човек со искуство од кој младите можат многу да научат и како се игра и како се сака клубот и како да се биде лојален кон црвениот дрес. Невил го заслужи овој договор и со игрите оваа сезона што за играч од 35 години и не беа толку лоши. Ама и кога не играше на ниво, неговото присуство на теренот беше од голема важност.

А дека Невил бил добар ради Бекам треба да направиш :kesa:. Невил своевремено беше еден од најдобрите десни бекови во ПЛ, со најдобри нафрлувања по десната страна во Англија и пошироко како за бек. Јас слободно тврдам дека баш Невил го надополнуваше Бекам и му ја правеше работата полесна. А дека Невил има шанса да биде повикан за Англија на СП поред играчи како Џонсон, Браун, Ричардс говори нешто, така?

П.С. Предлозите на Хелз и Уплаф за знамето ги запишав и ќе бидат земени во предвид кога ќе се дискутира за финалниот изглед на знамето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom