Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Мурињо се понаша ко шо чини за неговите тимови, и тоа не е „сакање да се понаша ко Ферги“, тоа е заштита на своите играчи. Исто како што оштро на прес во Челзи се спротистави на постојаните наапди на Фергусон врз судиите. Секако, притоа нагласувајќи дека нема ништо против него, апсолутно, ама никој нема право да е нешто повластен на теренот или да се однесува така.
Судиска грешка го лансирала? Па имал среќа во еден илјадити дел од секундата бре, има среќна ѕвезда значи.

Фергусон и Мурињо не можат ни одблиску да се споредуваат, секогаш го држам тој став. Тоа особено ќе дој до израз ако Интер освои Лига на Шампиони годинава, со шо Мурињо уште на неполни 50 години ќе има 2 титули Европски првак, нешто шо Фергусон го има во цели 67-68, што кажува, дека иако веројатно е најдобриот менаџер во фудбалов, тактичката спрема и не му е најсилна, а тоа се бара на Европско тло. :toe:
И Ферги да се појавеше во време на големи газди и големи трошења можеби ќе имаше и 10 титули во ЛШ ама не се случи тоа! Затоа и има навивачи кои навиваат за екипи како Јунајтед и Барса кои се стремат на лансирање на помалку познати играчи претворајќи ги во ѕвезди и има некои кој навиваат за Реал, Челзи и Интер кој ако не купат ѕвезди ќе испаднат од лига!
Ферги сам изграде екипа, без ѕвезди лансира тим каков што ретко кој друг тим ќе може да го направи. Мур дојде на среќа освои ЛШ и потоа се беше полесно така да не може да се споредуваат па ако сака нека освои и уште 5 титули во ЛШ. Факт е дека после среќниот триумф со Порто секогаш имаше екстра состави(Челзи и Интер) и секогаш имаше пари на располагање колку и да посака така да не можеш да го споредуваш со Ферги кој е еден од творците на модерниот фудбал за разлика од Мур кој ги бери плодовите од тоа!

п.с. има голем број на тактичари во светов но едноставно ако не беше среќниот ден за Порто да го елиминира Јунајтед Мур сеуште ќе беше тренер на Рио Аве. Можеби некаде во светот има уште поголеми тактичари од Мур!
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Керик во Тотенхем, Бејл и Модриќ во Манчестер Јунајтед?

Средниот играч на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик се поврзува со враќање во Тoтенхем.
За „Дејли Меил“ во текот на јануарскито преоден рок, Хари Реднап беше запрашан дали посакува да го врати Мајкл Керик во Тотенхем.

„Сакам да го видам тука, тоа би било одлично. Но нема шанси. Алекс нема да му дозволи да го напушти тимот.“ - рече тогаш Реднап.

Од тој период, Карик не е нешто меѓу најстандардните во тимот на Сер Алекс Фергусон, а се погласни се шпекулациите дека Шкотланѓанецот сака да се ослободи од него налето.

Фергусон долго време го надлгедува дуото на Тотенхем, Лука Модриќ и Герет Бејл, играчот кој што за малку не го купи од Саутемптон пред 3 години. Ферги е спремен да испрати понуда за 2-цата талентирани играчи, а во понудата би го вметнал и Керик со што Реднап би бил на големо размислување за својата одлука дали ќе ја прифати понудата.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.740
Поени од реакции
11.626
Колку само нема да ги видиме Бензема и Хунтелар во тимов додека е стариов тренер. Има гордост лисецот, кој еднаш го одбил или си заминал, никогаш не се вратил. И алал да му е за тоа.
Керик во Тотенхем, Бејл и Модриќ во Манчестер Јунајтед?

Средниот играч на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик се поврзува со враќање во Тoтенхем.
За „Дејли Меил“ во текот на јануарскито преоден рок, Хари Реднап беше запрашан дали посакува да го врати Мајкл Керик во Тотенхем.

„Сакам да го видам тука, тоа би било одлично. Но нема шанси. Алекс нема да му дозволи да го напушти тимот.“ - рече тогаш Реднап.

Од тој период, Карик не е нешто меѓу најстандардните во тимот на Сер Алекс Фергусон, а се погласни се шпекулациите дека Шкотланѓанецот сака да се ослободи од него налето.

Фергусон долго време го надлгедува дуото на Тотенхем, Лука Модриќ и Герет Бејл, играчот кој што за малку не го купи од Саутемптон пред 3 години. Ферги е спремен да испрати понуда за 2-цата талентирани играчи, а во понудата би го вметнал и Керик со што Реднап би бил на големо размислување за својата одлука дали ќе ја прифати понудата.
Можеби Лука Модрич само :nesvest:
 
viktor92

LUHG
Член од
20 декември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
0
I jas mislam deka modric ni e dovolen, zaso n levata strana vo odbrana veke go imame evra,a beil nema da saka da bide vo vtor plan, a za nesto ponapred gi imame nani, obertan, gigs, taka da ni tamu nema da moze da bide standarden. Taka da mislam deka modric e dovolen :party3::party3:
 
F

fantomX

Гостин
И Ферги да се појавеше во време на големи газди и големи трошења можеби ќе имаше и 10 титули во ЛШ ама не се случи тоа! Затоа и има навивачи кои навиваат за екипи како Јунајтед и Барса кои се стремат на лансирање на помалку познати играчи претворајќи ги во ѕвезди и има некои кој навиваат за Реал, Челзи и Интер кој ако не купат ѕвезди ќе испаднат од лига!
Ферги сам изграде екипа, без ѕвезди лансира тим каков што ретко кој друг тим ќе може да го направи. Мур дојде на среќа освои ЛШ и потоа се беше полесно така да не може да се споредуваат па ако сака нека освои и уште 5 титули во ЛШ. Факт е дека после среќниот триумф со Порто секогаш имаше екстра состави(Челзи и Интер) и секогаш имаше пари на располагање колку и да посака така да не можеш да го споредуваш со Ферги кој е еден од творците на модерниот фудбал за разлика од Мур кој ги бери плодовите од тоа!

п.с. има голем број на тактичари во светов но едноставно ако не беше среќниот ден за Порто да го елиминира Јунајтед Мур сеуште ќе беше тренер на Рио Аве. Можеби некаде во светот има уште поголеми тактичари од Мур!
Сам кажа зошто не смее да има споредба меѓу Мурињо и Фергусон по ниеден основ, и тоа многу опширно.
Големи газди и големи трошења....тоа ми го кажуваш како фан на најкомерцијализираниот светски клуб? При крајот на минатата сезона мислам беше, направив една споредба на почетните 11 на Челзи и тие на Јунајтед од последните одиграни дуели според платените отштети за нив. Кој тим излезе поскап? За твое чудо, а не и мое, тоа беа стартните 11 на Јунајтед. Барај низ старата тема за Челзи за да видиш со свои очи, а и Дено ќе да беше, членот, кој го примети тоа од фанојте на Јунајтед, или барем единствен кој немаше проблем да го прифати и коментира тоа.
Јунајтед - најголем приход, најскапо проценет клуб, со најголеми долгови. Таа е дискусијата за парите и како тие влијаат на клубојте. Затоа секое баботење дека Јунајтед за разлика од другите не е во прв план со парите е смешна. :toe:
 
Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653

Сите клубови пред се треба да се финансиски сигурни за да опстојат и да го задржат рејтингот и статусот кој го стекнале низ годините. Како Челзи, така и Јунајтед и Реал и сите останати преземаат комерцијални мерки за да осигураат подобра финансиска состојба бидејќи таа е главниот предуслов за успешен клуб денеска.

Јунајтед својот статус на светски гигант почнува да го гради со доаѓањето на Ферги на чело на клубот во 1986 год. Клубот секако дека и пред тоа имал значителна фан база, но популарноста на денешниот Јунајтед со тој од тогаш е поразлична во корист на овој Јунајтед денес. Тогаш се купени Кантона и Кин, се вадат младите ѕвезди Гигс, Бекам, Сколс, браќата Невил, Ники Бат. Јас не гледам ништо комерцијално во ваквиот потег и промото на млади фудбалери и давање на шанса во првиот тим. Клубот под генијалната палка на Фергусон прави успеси и нормално е дека со тоа следат и позитивни резултати. Клубот станува популарен глобално и нормално е дека кога имаш пробив на азискиот и американскиот пазар тоа значи дека имаш златна шанса за профит и никој нормален нема да отстапи од таа можност.

Комерцијалната икона на светскоот фудбал Дејвид Бекам беше продаден во 2003. Дали личи ова на комерцијален потег на клубот? Секако дека не. За Парк можеби делумно е вистина е дека како Јужно Кореанец ќе донесе многу профит во Азија, ама јас мислам дека човекот особено на големите натпревари покажа дека вреди.

Причината за долговите на клубот е позната. Јунајтед е најскап бренд, кој го изгради со успеси на домашна и меѓународна сцена и затоа има огромен број на фанови и вреди токлу колку што вреди.

Исто како и Челзи да не беше Абрамовиќ (читај парите) немаше да бидат тоа што се денес и ни близу ќе немаа толку фанови колку што имаат (добар дел пред Абрамовиќ навиваа за други клубови).

А зошто Јунајтед се поскап бренд од Челзи - 6 пати повеќе титули во ПЛ од Челзи, поголем број на домашни титули во сите натпреварувања, 3 пати шампион на Европа и ред други титули што Челзи ги нема, па и барем десеткратно поголема фан база од Челзи. И јас да бев неопределен фан и кога ќе ги земев сите параметри во предвид ќе се одлучев за Јунајтед.
 
Цела поента си ја доловил дури и подобро од мене.
Комерцијализацијата на фудбалот. Во 86 не бил таков. Почнува да станува ко ќе платиш централен дфеанзивец за 30 милиони фунти.
А глумење светци-маченици, со натприродни напори до врвот преку проклетите капиталистички ѓубриња; а истовремено си едно од таквите....е многу, многу безобразно. :smir:
 
Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Цела поента си ја доловил дури и подобро од мене.
Комерцијализацијата на фудбалот. Во 86 не бил таков. Почнува да станува ко ќе платиш централен дфеанзивец за 30 милиони фунти.
А глумење светци-маченици, со натприродни напори до врвот преку проклетите капиталистички ѓубриња; а истовремено си едно од таквите....е многу, многу безобразно. :smir:
Ако мислиш дека рекламите на Јунајтед, продадените дресови и финансиските директори и советници на клубот играат на теренот и победуваат тогаш стварно чукаш на погрешна врата. Реченицата за натприродни напори можеби дава фин колорит на постот, ама дека е утната комплетно е утната. Ваљда сакаше во Реал фан клуб да пишеш.

За капиталистички ѓубриња...хмм...мене прв на памет ми паѓа Абрамовиќ. Нас не ни треба таков за да станеме клуб од светска класа. Бевме тоа и пред Абрамовиќ да се роди.

А сега, се започна со Роман и купувањето на Челзи, тогаш богатите светски магнати почнаа да си купуваат клубови-миленичиња, тогаш збеснатите газди сакаа да покажат кој е помоќен и фрлаа пари како би се натпреварувале со ривалите.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Модрич би било добро да дојде, ние да им го дадеме Керик. Тоа ќе ни биде еден од најдобрите трансфери. Инаку гледам дека Луис Фабиано се повеќе се нуди за Јунајтед. Но доколку го земаме под услов да не биде повеќе од 15 милиони, максимум 20 мил., затоа што веќе има 29 години. А и доколку дојде Бербатов ќе мора да си замине.
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.940
Поени од реакции
4.438
Прво да си посакам добродојде :tv: се надевам после и вие.

Сори за офтопик.Да се надоврзам на муабетов, значи Модрич добро би ни дошол поради х-причини.Керик би требало да биде чао, пријатно и се најубаво ова лето од Јунајтед исто поради х-причина и поради тоа што во моментот Модрич е барем класа до 2 над Керик.Тоа би било се за сега.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.801
Поени од реакции
44.095
Гледам имаме неколку нови фанови тука,па ајде да им посакам добредојде и заедно да си славиме многу титули :)
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.940
Поени од реакции
4.438
Тенкју и на двајцата, и на останатите се надевам ќе славиме многу трофеи и победи заедно!:smir:
 
F

fantomX

Гостин
Ако мислиш дека рекламите на Јунајтед, продадените дресови и финансиските директори и советници на клубот играат на теренот и победуваат тогаш стварно чукаш на погрешна врата. Реченицата за натприродни напори можеби дава фин колорит на постот, ама дека е утната комплетно е утната. Ваљда сакаше во Реал фан клуб да пишеш.

За капиталистички ѓубриња...хмм...мене прв на памет ми паѓа Абрамовиќ. Нас не ни треба таков за да станеме клуб од светска класа. Бевме тоа и пред Абрамовиќ да се роди.

А сега, се започна со Роман и купувањето на Челзи, тогаш богатите светски магнати почнаа да си купуваат клубови-миленичиња, тогаш збеснатите газди сакаа да покажат кој е помоќен и фрлаа пари како би се натпреварувале со ривалите.
Значи....пари!

На Челзи му требаше „таков“ за да стани врвен клуб. Таков кој стана проблем на Јунајтед, што претходно само тие можеа да искешираат 30 милиони фунти за централен дефанзивец. Малку „заеба“ со исполнување на сечии желби и каприци, ама човек на грешките учел.
Абрамович, прво не е капиталистичко ѓубре, туку типичен профитер од распадот и хаосот на тој источен блок; го смени тоа, и јас не знам како ги собрал тие милијарди, ама дел од нив поштено вложува во фудбал, т.е. Челзи - односно направи Манчестер Јунајтед да не е единствен кој ќе може да искешира 30 милиони фунти за дефанзивец.
Клубови-миленичиња, фантастично стварно, иако да отпишиш долг на клубот лично кон тебе од преку 300 милиони фунти место такви пари да вложиш во „играчки ѕвездишта“ за мене значи дека клубот е нешто многу појќе од милениче за Абрамович.

За крај, Абрамович главен мотив за влегување во клуб со потенцијал го добива по следење во живо на дуелот на Олд Трафорд од 2003 година, Јунајтед - Реал 4-3; инспирација и еден негов клуб да игра такви историски вечери. Ко што реков, најголем потенцијал гледа во Челзи. И јас морам искрено да му заблагодарам на Манчестер Јунајтед и на Реал Мадрид за тоа. :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom