Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.821
Поени од реакции
11.447
Манчестер беееее.....немам коментар...среќа немаме годинава...рафаел заеба све, толку.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Реално гледано Ферги згреши што не го извади на полувреме Рафаел и што се реши на целосна дефанзива. Кога го вадеше Руни веројатно подобро ќе беше да го извадеше и Гибсон/Керик, а да го внесе Гигс. Макар со играч помалку, не сфаќам на домашен терен да играш 30 минути без напаѓач.

Мислам дека и сам треба да си ја признае грешката (како што направи лани после финалето) и тоа е да се сконцентрира на последните кола од Премиер лига. На крајот на краиштата не е Фергусон виновен за глупостите на Невил и Евра на првиот дуел и за киксот на Керик денес.

Челзи очекувам да киксне со Тотенхем нерешено и да падне кај Ливерпул, така што со 4 победи и евентуално реми кај Сити титулата е достапна. Башка и гол разликата е тука некаде, може да се работи и на тој аспект, до крај да се оди на што поефикасни дуели.
 
Член од
10 март 2010
Мислења
248
Поени од реакции
34
Од каде да започнам.

Баерн Минхен покажаа дека имаат мотив да играат со големи екипи како Јунајтед, но џабе им е кога во Германија губат од последните. Рибери и Робен не ги видов во прво полувреме, ги направивме првооделенци. Но нас никој не ни е крив кога неможеме да задржиме предност. Рибери главен виновник за црвениот на Рафаел. Цело време вршеше притисок врз судијата, а и по црвениот повторно вршеше притисок како да не му беше доволен црвениот на Рафаел. Не говорам за инат но Баерн немаат тим за посериозен подвиг. Ја поминаа Фиорентина, сега Јунајтед ќе немаат трета среќа. Јас им препорачувам во полуфинале да си изгубат бидејќи во финале ќе ги направат мајмуни, за нивно добро, за да не се брукаат.
dobro be so ne kaza porano da ve pustevme vas da idete polufinale vie 100 % ke gi tepavte barca !! aj dosta kukajte sega sudijata kriv ovoj kriv onoj kriv ... bayern zasluzi polufinale so sakate pisite k@! ne mi cue vazno polufinale sme... BAYERN FUER IMMER UND EWIG

тое другар и јас го симпатизирав манчестер во овој дуел и не сакав баерн да оди понатаму поради она што се случи против виола ама да бидиме реални....можеби се спасија во последните минути можеби никаде ги немаше во првиот дел каде манчестер доминираше НО сепак упорноста ги краси германците и играа до крај со сите сили ..поентата ми беше дека рицоли без потреба го обвинувате..вината е само кај вас и кај никој друг:toe:

taka e be brat ova ti e realen fan... i srekata e del od igrata i lyon imase sreka protiv real ali toa ti e fudbal e se dodeka ne sviri sudijata ne e kraj a za germancive mislam site znaeme :))
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
И дај сега кога се смирија сите да прашам да ми го опише крајот на натпреварот (од 83-90+ минута) бидејќи неможев да гледам повеќе.
Фала.
Епа мора да се спомне дека влезе Бербатов, и ме изнервира како никогаш досега. Нани (кој цел натпревар трчаше како луд) последните 10-15 минути трчаше како многу повеќе од него, а Бербатов само што влезе, и си го ладеше на центар. Имаше и еден шут на Рибери, и еден на Нани, но не беа во рамки на голот.

Него, зошто го напаѓате Фергусон бе? Да не е тој крив што Рафаел доби црвен? Мораше да го извади Руни за да го стави О'шеј, се знаеше дека Руни не може да го одигра цел натпревар. Ако не го ставеше О'шеј, со 3ца во одбрана ќе примевме уште толку. Некој викате требаше да го стави Бербатов, па што к*р ќе ви беше тој, кога сами видовме што правеше во последните 15тина минути.
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Многу сум горд што навивам за Манчестер Јунајтед !

Имаме срце, големо, лавовско..

Во фудбалот се случуваат вакви моменти , и нема што тука да жалиме и плачиме, се разбира на сите нас не ни е јасно како можше тој баерн да се пласира(со среќа да им е пласманот и финале да стигнат и нека освојат ако уште вака ги служи среќата), али јбг....на крајот од денот то е то...

На сите што се ситат на нашиот пораз,можам да им порачам да ми се фатат за . . . .. , тие никогаш нема да ја доживејат еуфоријата и љубовта која навивачите на Јунајтед ја носат во себе...секој ден,секоја минута!

Горд сум што нашете големо срце го делат и нашите играчи...
Еден “сакат“,шинат со една нога излезе и играше само за клубот-жртвувајчи и настап на СП и цела кариера можеби.
Влезе друг со скршена рака , и не жалеше ни секунда да се бори за нашиот дрес,
Чудесниот Нани мислам дека уште малце да поиграше ке колабрираше, и срце го стегна, накратко се зашемети....но продолжи да игра...само за Јунајтед...

На крајот од мечот и фановите им испејаа на гостите од германија...што значи да се БИДЕ ЈУНАЈТЕД !

We will never die ! Беше песната што цел свет ја слушаше!

**************************

Сите сме помалце нервозни, и јас сум !
Но утре покажете ја гордоста, главата горе момци и девојќи, гордо носете го светиот дрес, зошто само Јунајтед може да предизвика олку емоции за олку кратко време!

Јунајтед е повеќе од религија, тоа е култура а ние сме дел од нив.

Поздрав до гордите навивачи !

Да живее Манчестер Јунајтед !
Еден од ретките добри постови од сношти, жими се патетични сте сите други (во глобала)... Изгледа сте почнале да навивате за Јунајтед во времето на Роналдо и не знаете да губите. Пцуете по Фергусон и играчите во чие име се молите секој ден. Фергусон бил за пензија, бла бла бла... Незнам дали во нервоза или некој друг фактор е имало за ваквите коментари. Победа, пораз тоа е, не е ова Football Manager да се освојуват титули секоја сезона. Го продадовме најдобриот играч на почетокот на сезоната, цела сезона се мачиме со повреди, се случуваат и вакви сезони, па дури и полоши (да не ја поминеме групната фаза од ЛШ на пример)... Така да главата горе, одигравме многу возбудлив натпревар, поради различни причини не успеавме да се пласираме во полуфинале, но што е тука е, Јунајтед се сака, и оние вистински фанови во вакви моменти го подржуваат клубот (како и тие кои беа на ОТ сношти и со песна го испратија Јунајтед)...

Да живее Манчестер Јунајтед, да живееме ние, не е крај на светот, фудбал е, само еден може да се радува на крајот од сезоната. :smir:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Чисто информативно, колку истрча Нани?
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
ТРЕБА ДА СМЕ ГОЛЕМИ И ВО ПОРАЗИ. ТОГАШ СЕ ГЛЕДА КОЈ Е ВИСТИНСКИ НАВИВАЧ. ЛЕСНО Е ДА СИ НАВИВАЧ КОГА ТИМОТ ПОБЕДУВА.

За синоќешниот натпревар мора да признам дека сум разочаран но што е тука е. Почетокот неможеше да биде подобар, беше како од соништата но потоа што се случи сеуште не ми е јасно. Беше како реприза од првиот натпревар. И на двата натпревари почнувавме со гол, на вчерашниот со два до 40 мин веќе и три гола, и уште неколку шанси неискористени и после несватлив пад во играта во второто полувреме. Факт е дека на вчерашниот натпревар Рафаел доби ПРЕСТРОГ втор жолт картон и тоа уште толку ги закомпликува работите. Но сега веќе залудно е да се зборува било што. Резултатот е тој фактот е дека сме надвор од ЛШ и здравје боже догодина повеќе. Луѓе главата горе и
GLORY GLORY MAN UNITED!!!
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
прашањава се "адресирани" до Ферги, а ти другарче сам најди си го одговорот на твоето прашање..

1. шо кој машки полов орган дозволуваш Руни да игра 90 минути на првиот натпревар, иако знаеш дека те чека натпревар со Челзи.. нели Руни заслужува да се одмори... ако го извадеше порано од игра ќе се сменеше нешто?? јас ќе ти одговорам на ова последново... ДА ќе се сменеше.... може пак Манчестер ќе изгубеше 2:1 ама ќе го имаше Руни 100 % здрав и за Челзи и за реваншот.. кога сме кај реваншот...

2. шо кој машки полов орган го ставаш Руни во игра од почетокот на натпреварот?? нели мислиш дека поефективен ќе е доколку ги изигра последните 20-30 минути, АКО е потребно?? се плашиш дека Бербатов нема да изигра како што треба?? па ти фрли 30 милиони за него не јас.. прифати ја вината.. пушти го Овен... упппппс повреден е... ти го донесе бе брат иако знаеш дека е склон на повреди...

3. шо кој машки полов орган си толку вљубен во Керик??

4. шо кој машки полов орган играш со дете од 20 години на Рибери.. немаш алтернатива.. изморен е Гери Невил.. па нормално дека ќе е изморен старец е... ти си менаџер.. ти менаџираш со тимот.. оти не купи со дел од парите од Роналдо и некој десен бек?? или па оти не го пушти О Шеј од старт??

5. шо кој машки полов орган се бранеше на двата натпревари... ајде на првиот си во гости до некаде и ќе те разберам, ама шо кој машки полов орган не го збриша Баерн денес уште во прво полувреме???

има уште еден куп прашања во врска со целата сезона... ова се дел од прашањата од денешниов натпревар.....
Ако не го направеше Рафаел црвенио картон, ако не останееме со играч помалко и ако ги поминааме Баерн (а се беше на наша страна) ќе си го питам дали ќе говореше така за Ферги и некои од играчето! Замисли после секој пораз Ферги да не слуша нас и кој не ни чине одма да лета, кој ќе остане? НИКОЈ!
1. Сега и јас коо знам оти Руни се повреди може да кажам зашо не го извади? А тогај да го извадеше ти сигурно ќе питаше: шо кој к*р го ваде најдобрио играч? А зашо да го изваде? Одмара со Болтон цела утакмица, одморен е. И Руни не се повреди од некој остар старт или намерно го повреди некој, он сам си се повреди, на криво згазна и си га свија ногата, тва може да го кажам как маленка несреќа или маленко невнимание. Плус и да играше Руни со Челзи, ние пак ќе си "изгубееме".
2. Никој не знаа зашо го пушти од 1 мин. Никој не ни очекуваше оти ќе играа. Дали е играл целосно заздравен или цело време е бил "повреден" никој не знаа, а Руни не покажуваше знаци на неспремност, си играаше нормално. Нема АКО, ние бееме тие шо требаше да заводеме, ние требаше да дадеме гол. Ако го пуштеше у 70та мин. ти па ќе питаше: кој к*р го пушта Руни у последните 20мин.? И оште колко пате да кажам оти Руни и Бербатов се 2 ного различни видове на играче, ЗАЕБИ ти тактика и формација и тва шо Бербатов играа как напаѓач.
3. Да беше Андерсон или Харго здрав, сигурно оти Керик немаше да добива толко шанса, малко ќе погрееше клупата.
4. Сакаш да кажеш оти Рафаел слабо изигра? Напротив, прво полувреме Рафаел со Нани и Валенсија беше најдобар. Не му даде да мрдне на Рибери, у одбрана перфектен, па и у нападо ного активен. Неможеш да донесеш добар десен бек со добри години а ги имаш Невил и Рафаел. Невил е стар, ќе играа додека Рафаел збере некоо искуство, а тај у остатоко од кариеерта ќе стане најдобар десен бек у свето. Оши? Нема да знаа на дека да фате од Рибери. Дупло е побавен од него. Нема да може ни за дресо да го фате, а не да излезе пред него и да го маркира или да му земе топката, Оши е осуден да биде вечна резерва, дека има потреба там флева да играа.
5. На првата утакмица ти мислеш оти се бранииме. Не братче, имааме водство, Баерн играа ного агресивно, они напаѓаа и преземаа цела игра. Они се дома, ако не тепат дома или барем ако не извадат нерешено, на ОТ ќе се питаш дали ќе тепаа. Еден факт, види ги резултатто од 1/4финалните дуеле у ЛШ и Лига Европа, земи у предвид и квалитето на екипите и ќе видеш шо значи да играаш на домашен терен. На реваншо, првото полувреме ги направииме мелено месо, 3-0 заводииме шо сакаш повеќе? Стигна еден помалко среќен гол на Олич, не ме плашеше тва. Рафаел шо првото полувреме го стави Рибери не у џеб, туку го качи на грбо и трчаше со него, добија црвен картон. Тука Рибери е веке потполно слободен, нема коо оса да го замара. Шо очекуваш? Да тргнат на 4 гол? Па и тргнаа на 4 гол, имаа и шанси, ама кој да ги реализира. И не само у физичка смисла, Рафаел направи една паника у тимо и ги натера да се бранат, а Германците добијаа крила, мотивација, со играч повеќе да атакуват. И не се бранееме лошо, пак едно невнимание и дадеа ни гол, тежок гол, не некој ефтин и ебан од 3 страни.
Треба да тее срам да помислеш оти Ферги повеќе не го бива, а не да говореш оти е за у пензија! Он е глава на клуубо, човек шо најного вреде там. Ти неможеш да се помиреш со елиминацијата и со факто оти твојоо "семоќен Манчестер" неможе да го помине Баерн и да го гледаш пак у полуфинале/финале па тераш кривица у трети лица, ти у Ферги, некој у судијата и така. Ако имаш други прашања слободно ги постави. :)
 
Член од
22 јануари 2009
Мислења
382
Поени од реакции
25
Што е тука е Ставрно ме изненади фергусон со Руни али никаде не прочитав дека Нани синоѓа изигра најдобро во неговата кариера и малце по малце го достигнува врвот во фудбалот синоѓа беше фантастичен и мислам дека никој несмеа да го критикува Фергусон, Рафаел изигра супер а и првиот старт не беше за жолт картон аили сега ни остана само Премиер Лигата мора тука да докажеме кој е вистинскиот Манчестер Јунајтед.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Премногу истрча. Ама затоа па почна да припаѓа пред да го изведи корнерот. Шо му се деси тогаш стварно незнам ?
Јас колку шо видов се држеше за градите, некаде околу срцето:toe:
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Ова се вика кога двајца судии ќе ја заебаат цела сезона не ми се верува мене сеуште. Како можеше да му даде втор жолт картон на Рафаел откако знаеше дека веќе има еден и требаше да му даде уште една шанса. Во прво полувреме не мрдна Рибери исто и Робен додека Рафаел не доби црвен и се разиграа. Овој пораз многу ме боли поради тоа што знам дека бевме подобриот тим и се извадија со среќа и ништо повеќе. Првиот натпревар среќен гол на Олиќ во 92 и гол сега црвен картон за ништо и гол. Да останеше Рафаел незнам кај ќе им беше крајот на Баерн. Нани изигра одличен натпревар заедно со Валенсија и мора Ферги да ги игра нив двајца до крај на сезона во Премиер Лига барем тоа да освоиме.

Glory,glory Man United!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Јас колку шо видов се држеше за градите, некаде околу срцето:toe:
Се држеше за десната страна :) а срцето е од лево :smir:

Е сега, сите заборавате ли дека ПОБЕДИВМЕ и ги надигравме и ја здржавме таа победа до крај... но за жал, недоволна победа за понатамошен пласман, беа надиграни тотално во повеќе од 60% од натпреварот, треба ли да потсетам дека добри 27 минути никој од нападот и офанизивната средина на Баерн не ја допре топката, ниту па име им се слушна, беа тотално скршени... се понатаму беше сплет на несреќни околности... и тоа е тоа, немавме среќа и еве сме, а среќата се врти, некогаш и нас ќе не огрее сонце и ќе се радуваме, тоа е засега.

Glory Glory
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Се држеше за десната страна :) а срцето е од лево :smir:

Е сега, сите заборавате ли дека ПОБЕДИВМЕ и ги надигравме и ја здржавме таа победа до крај... но за жал, недоволна победа за понатамошен пласман, беа надиграни тотално во повеќе од 60% од натпреварот, треба ли да потсетам дека добри 27 минути никој од нападот и офанизивната средина на Баерн не ја допре топката, ниту па име им се слушна, беа тотално скршени... се понатаму беше сплет на несреќни околности... и тоа е тоа, немавме среќа и еве сме, а среќата се врти, некогаш и нас ќе не огрее сонце и ќе се радуваме, тоа е засега.

Glory Glory
Алелуја :)


Еве... Судијата си свирна фаул, и откако му се развика Рибери, па дојдоа и ван Бомел, Швајнштајгер и Олич, се фати за џебот и го извади картонот... Му извршија притисок, овој во Италија навикнал да суди наместени утакмици и тоа е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom