Се соземав и јас, па да пишам збор-два мое лично видување за денешниот меч
Феноменален старт на натпреварот, почеток кој ниту најголемиот оптисмист не го очекуваше, два гола во мрежата на Баварците за не цели седум минути. Гледам и неможам да верувам, шанси се редат пред голот на Баерн, напаѓачите и најдоброто крилно дуо на Баерн за прв пат се покажаа пред камерите во 35-тата минута... Потоа следуваше уште еден велемајсторски потег на Валенсија и прекрасен гол на Нани. Во меѓувреме мојте мисли за момент се вратија на 10.04.2007 година, на натпреварот на ОТ... И додека со насмевка на лицето се "исклучив" од тој датум, гледам Баерн постигнува гол. Баерн се врати од мртвите и полека, но сигурно се вратија во игра за пласман во полуфиналето. Во тој момент едно нешто што посакував е што побрзо да заврши полувремето за да можат нашите фудбалери да се соземат од моменталниот шок.
Почеток на второто полувреме, во мене се осетува нервозата, треперив целиот, и во секое лутање со мислите си помислував на изјавата на Линекер во која вели "Фудбалот е игра во која секогаш победуваат Германците", а веднаш потоа следуваше прегризување на јазик и поместување од место за да не се случи тоа
Според мене, одлучувачки момент денеска беше црвениот картон. Рибери денеска фудбалски го немаше никаде, но 50% од работата ја заврши тој, на два пати го намести Рафаел да добие жолти картони и автоматски црвен што значеше поголемо ослободување од притисокот на Баерн и наметнување на своја игра на ОТ, каде на овој стадион сме научени да гледаме како само Манчестер Јунајтед го прави тоа. Следуваше измената О'Ши - Руни. Ферги одлучи да ја одбрани предноста при тоа во нападот да бидеме отсечени без класичен напаѓач и шансата за зголемување на предноста да ја бараме преку брзите крила Нани и Валенсија. Добро се браневме од силните напади на Баерн 20 минути, но изгледа толку ни беа силите. Убаво изведен корнер на Рибери, а уште поубаво беше фудбалското ремек-дело на Робен за 3-2 за Манчестер, резултат кој го водеше тимот од Минхен во полуфиналето. Внесувањето на Гигс и Бербатов мислев дека ќе смени нешто, но залудно беше се. Конечни 3-2 и севкупен резултат од 4-4, но поради гол повеќе во гости, продолжуваат Баварците.
Гледам сите го окривувате судијата денеска, според мене со исклучок на некој поситни грешки на средината на теренот, другото се беше Океј. Пак ќе кажам, премногу неискусно од страна на Рафаел при двата добиени жолти картони. Првиот го доби во нервоза, ама вториот беше класично наместен од Рибери, не смееше така да реагира. Во темпераментот ме потсеќа на Руни кога беше помлад, но со текот на времето прерасна во лидер, се надевам дека и Рафаел ќе ги следи неговите стапки. Не го окривувам Рафаел за поразот денеска, бидејќи тоа што го направи беше во жарот на борбата, а тоа докажува дека игра со срце, се гледаше и кога се упатуваше кон соблекувалните колку му беше тешко, бидејќи знаеше на што ги остава соиграчите. За првиот примен гол исто не окривувам никој, направија мали киксови Керик кога лесно му дозволи на Олиќ да дојде до топката, и на ВДС кој според мене не смееше да дозволи да прими таков гол, но сепак знам дека тоа се незгодни топки и нема замерка. Вториот гол беше прекрасен, но се прашувам каде е играчот на Манчестер Јунајтед кој стои на прва статива? И како можеа да си дозволат, топката лета 50-тина метри и да не успеат да го проценат летот на топката и никој да не стигне да изблокира? Знам дека на овие прашања нема одговор, тоа е Јбг
Како и сите тука на форумот навивачи на Манчестер Јунајтед, а и сите навивачи на Манчестер Јунајтед низ целиот Свет, и покрај денешниот "пораз" јас сум горд на овој тим, на играчите, менаџерот. Докажаа дека во фудбалот сеуште владее љубовта кон него, и дека не е се во парите. Да не го цитирам целосно Hooligan, Руни играеше незаздравен, денеска пак се повреди и два-три пати потскокна и продолжи да се бори како Лав како ништо да не се случило. Нани од преголема замореност, замалку да колабираше кај корнер знаменцето при изведување на корнер, но стегна заби и продолжи лавовски до крај. Гигс со бандажирана рака влезе да помогне колку може. О'Ши нецелосно заздравен, влегува во игра за да ја покрие празнината по десната позиција...
БРАВО МОМЦИ, СЕ ГОРДЕАМ СО ВАС !!!
GLORY, GLORY MAN UNITED