Интересно беше кога идев да ја собирам у Керамидница а ја таму по првпат. Нормално, нема улици и броеви него само навидум јасна одредница кај што треба да дојдам а тоа е ``месната заедница`` ... а таму треба да ме чека сестра и ...
И ја лутав така едно 10 минути, и вртам на моб. да дојде или да ми каже локација кај сум а јадницата се шминка дома ... мене џукци ме опколуваат, станува жешко у тоа браон оделото. Најдов една глува баба за која не знаев дека е глува. Ја прашувам ја кај е ебаната месна заедница а оваа мисли дека ја прашувам дали нејзин Перо е дома ... ееееј, да си ебеш матер глува.
Среќа после се избаци сестра и, дојде и ме собра и идеме полека кај неа ... Влагам внатре и што да видам ... ко на свадба...на една маса поредени 50 постари и сеа ја НЗ!!! што да праам. Некако тргнав накај собата нејзина и таму исто 15 помлади седнале и пијат ... дечко и ме гледа под око, мене нормално незгодно пошо касниме доста више за пред Палас и нема смисла уште газоза да пијам да се освежам ... Бидна што бидна, поседев додека се спреми она и и го стаив ......цвеќенцето на раката кое беше проследено со камерата на татко и небаре сум и стаил бурма на прст! После до Палас, стандард матура ... све на место.
Денес, скоро две години потоа ... не се гледаме појше од 2 пати годишно, не си пишуваме појше од еднаш семестрално ...