Партнерка за матура

  • Креатор на темата Креатор на темата nekk1
  • Време на започнување Време на започнување
Абе и јас сакав партнерката едена холандиска за подарок ама нема. Многу традиционална беше и она.

хаха, мојо партнер толку сакаше да сме “Ѕвезди“ го чекав 40мин оти бмв-то на некој другар шо ке не возеше до хотелот било у автоперална... хаахах цркна од нервоза јас
 
Според мене вакви работи воопшто не се потребни. Ко речи ако имаш партнер/ка нема да се одвоиш од него/неа на матурската забава, глупости, забавата е за прослава со целиот клас, не мора никој посебен да имаш. Единствено еве демек на врата ќе се сликате заедно, ама и тоа, не верувам дека сликарот би направил проблем ако јас сакам да се сликам со сите машки од класот, повише ќар за него. А за поклонот, и да имаш партнер, не е потребен, наместо да чекам да ми подари нешто, а и јас него, ќе си купам самата што сакам за себе, па не мора да го има она на-ти-го-дај-ми-го.


Едит: Кој го прашува сликарот, не мора ни да не слика, пола клас сигурно има добри апарати у ова време :icon_lol:
 
Глупости живи ова матурава.Како што не отидов на полуматура така и на ова изгледа нема да идам.
Нека муа мисли таа шо сака од сеа да ме шмека за таа вечер, ќе и ги потонам бродовите.:(:salut:
 
Глупости живи ова матурава.Како што не отидов на полуматура така и на ова изгледа нема да идам.
Нека муа мисли таа шо сака од сеа да ме шмека за таа вечер, ќе и ги потонам бродовите.:(:salut:
Верувај ми дека има гоолема разлика помеѓу матура и полуматура. Завршуваш едно големо поглавје од твојот живот, наречено `живот во школска клупа`. Да, после следува факултет но не за секого. Некој ќе работи, некој ќе продолжи да се школува, ама факултетот и средно школо немаат ништо заедничко, два различни поима.
Матурата, барем за мене, беше една од најубавите вечери во мојот живот. Ќе мислите дека преувеличувам, но не, само сум искрена. Не отидов со никакви очекувања за да не се разочарам и си пројдов најубаво, крунисување на крајот на едно поглавје.:pipi:
 
Абе ок секој со свои сваќања.Јас сум убеден дека ќе ми биде тапа и џабе е се.Има време можда ќе отидам ама само заради некои особи, а дека ќе ми се иде тешко.
 
Абе ок секој со свои сваќања.Јас сум убеден дека ќе ми биде тапа и џабе е се.Има време можда ќе отидам ама само заради некои особи, а дека ќе ми се иде тешко.
Од старт грешиш со негативниот став. Јас не реков дека мислев дека ќе си поминам топ, реков баш спротивно, дека отидов без никакви очекувања за да не се разочарам и си поминав најубаво во мојот живот!
 
Прво партнерка за матура е личност од женски пол со кој си бил најблизок 4те години.
Второ на матура се оди во свечена облека,наместо на пижами.(колку свечено,сам си бираш)
Трето ако ти е партнерка не значи дека ќе ти ги рашири нозете.Многу амерички филмови сте гледале,ова не е Америка,таа ти е другарка пред се.
И четврто купи и ружичка за на рака да си ја носи вечерта.

хахаха леандра малце ме насмеа ... хихи...

вака.. за то најблиска немора... може да ти е и девојка (ако сте од исто школо наравно и иста генерација )или па ако се бркате. Мене на пример партнерката ми е девојка. од дента на матура па навака :)
околу тоа вториот болд... леандра дефинитивно си у прао.. ептен у амерички филмови се влезени некои типци.. океј има и такви шо шират нозе одма али дали 10% се тие

и да прашам.. Марјан-Мики у кој филмн си влезен? разочаран си у врска со нешо? не ти се праи кеиф на матура шо ке идеш?
има една установа психијатрија.. преиспитај се.. толку негативно некој настроен да е за матура не сум видел до сеа.. боже боже..
камо да можев пак да славам матура... Аххх ме потсетивте на мн убави спомени :)
 
Јас искрено планирам да си облечам патиче, панталонче и полајт кошула. Одела и такви сра*а хејтам.
За партнерка сеа за сеа не се замарам, ме мрзи. :) хехе
 
Му препорачувам на секој/а да појде на матура оти тоа е еднаш и повеќе никогаш. Како најјака причина за да појди секој е тоа што со луѓето со кои до сега сте се дружеле голем дел од нив откако ќе завршите многу ретко, а може повеќе и нема да се видите и да се дружите со нив како што сте се дружеле дотогаш.
Второ незнам зошто сите машки мислат дека тогаш ќе падни некоја :sekss: и нешто ќе направат, ама дефинитивно ова америчкиве филмови многу влијаат. Одете и веселете се, дружете се и убаво да си помините, а тоа дека ќе падни нешто можеби но немојте да очајувате ако тоа не се случи.
Трето темава беше за партнерките и за што да им се подари leandra многу убаво ви напиша и објасни.

Значи одете и поминете си СУПЕР немојте да очајувајте има време ќе дојде и вашиот ред се ќе помините и ќе искусите.

:helou:
 
Изборот на облека треба да биде складна со облеката на партнерката/партнерот. По можност по свечена облека ама не би ограничувала, секој нека оди како мисли дека е ок. на крајот на краиштата тоа е твоја вечер и не мора да задоволуваш некои посебни критериуми. За тоа со партнерката... целата работа се сведува на сликање на влезот и то е то, подоцна сите сте заедно. Целата работа со матурска вечер за мене е претерана, неколку месеци пред the night сите се потресуваат за најмали ситници, не дека не треба да има меѓутоа без толкава галама околу сето тоа. :helou:
 
Интересно беше кога идев да ја собирам у Керамидница а ја таму по првпат. Нормално, нема улици и броеви него само навидум јасна одредница кај што треба да дојдам а тоа е ``месната заедница`` ... а таму треба да ме чека сестра и ...
И ја лутав така едно 10 минути, и вртам на моб. да дојде или да ми каже локација кај сум а јадницата се шминка дома ... мене џукци ме опколуваат, станува жешко у тоа браон оделото. Најдов една глува баба за која не знаев дека е глува. Ја прашувам ја кај е ебаната месна заедница а оваа мисли дека ја прашувам дали нејзин Перо е дома ... ееееј, да си ебеш матер глува.

Среќа после се избаци сестра и, дојде и ме собра и идеме полека кај неа ... Влагам внатре и што да видам ... ко на свадба...на една маса поредени 50 постари и сеа ја НЗ!!! што да праам. Некако тргнав накај собата нејзина и таму исто 15 помлади седнале и пијат ... дечко и ме гледа под око, мене нормално незгодно пошо касниме доста више за пред Палас и нема смисла уште газоза да пијам да се освежам ... Бидна што бидна, поседев додека се спреми она и и го стаив ......цвеќенцето на раката кое беше проследено со камерата на татко и небаре сум и стаил бурма на прст! После до Палас, стандард матура ... све на место.

Денес, скоро две години потоа ... не се гледаме појше од 2 пати годишно, не си пишуваме појше од еднаш семестрално ...
 
Партнерка неам... ќе одам таму со рацете вџеб, ќе се препијам, прескокам ехеее... еднаш бев средно дагаеам...
 
Глупости живи ова матурава.Како што не отидов на полуматура така и на ова изгледа нема да идам.
Нека муа мисли таа шо сака од сеа да ме шмека за таа вечер, ќе и ги потонам бродовите.:(:salut:

Мали,не биди петарда. Слушај ме мене иди топ ќе си поминеш.
 
Абе имало и како мене не сум бил сам јессссссссссс...... јас на моиве им викам не сакам матурска да чекам само ќе идам во хотелот во некои рандом фармерици и кошулце да се здрвам и да си заминам О_о

А посебно е тапа тоа со партнер/ка демек ако немаш голем вакво де....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom