Изум на осмоодделенец во Русија: нова пушка

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Не е вест: Министерството за одбрана на Русија ќе тестира нова електромеханичка нечујна пушка со перформанси далеку подобри од оние на снајперот. Вест: Инвентор на оружјето е дете од осмо одделение.
99272F684116FD45823589A816035F50.jpg

На 15-годишниот Максим Котелников од градот Уфа, му била потребна цела година за да го направи оружјето а идејата ја добил од ТВ емисија посветена на употребата на слични пушки во САД и Кореа. Како основа за пронајдокот, искористил скршена играчка од негов пријател.

Пушката тежи речиси шест килограми, работи исклучиво на струја и испукува специјални куршуми кои претходно мора да бидат магнетизирани.

“Уникатна е затоа што е нечујна. Истрелот не произведува пламен и не предизвикува удар. Ниту еден снајпер нема такви карактеристики. Дијзанирав сопствен систем, кој го нареков ‘Нуклеус’”, објаснува момчето.

Откако својот пронајдок му го покажал на наставникот по физика, бил испратен во Санкт Петербург на форумот “Млади руски интелектуалци”. Таму освоил прво место и добил специјална покана за пракса во Министерството за одбрана, од каде му побарале дозвола за тестирање.

Доколку тестот се покаже успешен, голема е веројатноста електромагнетскиот снајпер да почне сериски да се произведува за потребите на руската армија.

Ако навистина се покаже како успешно "оружјево" браво за детето!

Извор: On Net
 
Вау.
Ја се што измислив е пенкало кое на крајот има лед диода....и тоа испадна дека имало такво пенкало веќе.
 
детево е цар... свака му част
 
Аман бре шо мозок ке беше у 8мо оделение .....шо ке прави овој на 30 години бе у подрум нуклеарки ваљда..у секој случај не е на арно и ногу акл не бива.
 
На 15-годишниот Максим Котелников
Ха...генијалци се бе...Калашников пред 50 години, сега Котелников...
Дали оваа пушка ќе ја наследи славата на Калашниковиот?!
 
Апропо темава знаете ли дека група руски научници од Челјабинск уште во 1958 година го измислуваат мобилниот телефон и тој кон крајот на 60-сетите го користат генералите на најодговорните функции.
 
Па нема сигурно дебели американец што јаде чизбургери и пие пепси по цел ден да измисли вакво нешто : )
 
Па нема сигурно дебели американец што јаде чизбургери и пие пепси по цел ден да измисли вакво нешто : )

Па добро идејата на детето му дошла откако гледало на телевизија дека американците и корејците користат слични пушки, но тој си направил негов сопствен прототип кој сега има одобрение од министерството за одбрана за тестирање. Но на американците сигурно им требала цела екипа од научници за да ја создадат оваа пушка, а види едно 15 годишно дете ги претрка. Тоа ти е.:toe::smir:
 
Не верувам. 15 години абе седи
 
Ебати светот во кој си фраер ако измислиш оружје за убивање.:tapp:
 
не искачаат надвор да си играат, па седат дома и измислуваат оружја.:nenene: е браво бе
 
Апропо темава знаете ли дека група руски научници од Челјабинск уште во 1958 година го измислуваат мобилниот телефон и тој кон крајот на 60-сетите го користат генералите на најодговорните функции.

Хех, лош му бил маркетингот како и за многу други работи. Криви се властите... Инаку генијално во секоја смисла.
 
Коа ви викам јас малиот премногу играл Duke Nukem вие не.
Шега на страна, браво за малиот и сега нека гледа Русија и овој мал интелектуалец да избега кај Американците. :)
 
детево е вундеркинд,подобро ќе беше да измисли нешто комерцијално а не па пушка
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom