Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
Па добро де не е нешто спектакуларно откриено.И досега беше познато дека Русите беа пред пораз од Нацистите.Лоши одлуки на Хитлер ја решија војната на источниот фронт.Нормално и суровата руска зима им помогнана Советите.:toe:
 
Точно донекаде. Али и лошите одлуки на Сталин во 30-те (истребување на офицерите) и во 41 им помагаа на Германците.

А и на русите им било ладно, јес дека имале подобри зимски униформи али сепак, Гермаците во Прва светска војна поминале 4 зими во Русија, не ли приметиле дека е ладно?

Смрзнувањето на Наполеоновата армија се изучува на сите воени академии, па и во Германија. Песамоуверени биле, се прецениле а ги потцениле советите.
 
Нормално дека знаеле многу добро за суровата руска зима.Затоа сакале да нападнат што порано.Бунтот во Југославија и Грција им ги одложи плановите за напад.:toe:
 
Замислете Хитлер да го победеше и Советскиот Сојуз ( бил многу блиску до победа го знаеме тоа сите) како би изгледала историјата сега ...
 
Замислете Хитлер да го победеше и Советскиот Сојуз ( бил многу блиску до победа го знаеме тоа сите) како би изгледала историјата сега ...
Сега сите ке бевме шваби ке возевме мерцедеси и ке се крстевме во Хитлер...Иначе Хитлер 50% од опремата што била пренесена во СССР ја изгубил ради нафтата...Нацистичките тенкови оклопни и товарни возила биле на нафта,која на одредена ниска температура се густува и се прави како маст,додека советските возила биле сите на бензин!
 
Грмуш Т-34 и компанија биле на нафта, а швабските тенкови биле на бензин. Некој те лаже.
 
Сега сите ке бевме шваби ке возевме мерцедеси и ке се крстевме во Хитлер.

Мислев како би изгледала географската карта на светот :smir:
 
Мислев како би изгледала географската карта на светот :smir:

Никако, таа вештачка творба веднаш би се распаднала поради секојдневните буни и востанија на стотиците потчинети народи. Никој не може да држи цел контитент под окупација подолго време (10, 20, 30 години).
Хитлер направил грешка што ја започнал војната, од оваа причина: неговото залагање за животен простор (lebensraum) на Германците, во 1939 година било речиси исполнето: Германија ги вратила Рур и Сар (од Франција), ја анексирала Австрија (во 1938), Судетскиот регион и Чехословачка. Со овие територии Германија имала безмалку 700,000 км2 и тогашно население од 90 милиони жители. Поради алчноста на тогашните раководители и преголемите амбиции на Хитлер и дружината, денешна Германија има 357,021 km2 (и 81 милион жител).
Дури и со започната војна, можеле слободно да ја имаат Полска, Франција, Белгија, Холандија, Унгарија и Романија. Значи, грешката на Хитлер е во преголемите и нереални амбиции. Човекот едноставно, не можел да се задоволи со овие територии па атакувал кон СССР, "лулката на болшевизмот". И покрај предупредувањата од генералите и соработниците, историските поуки и мистериозноста на руската земја и рускиот народ, Хитлер повлекол потег за напад. Остатокот го знаеме.
 
Мислев како би изгледала географската карта на светот :smir:

Европа цела со марионетски влади. Германија до Брест Литовск, СССР расцепкан на саставни делови, Африка и Блиски Исток како Германски колонии, Источна и Југоисточна Азија се дел од Јапан,Австралија ваљда под Јапан. Северна и Јужна Америка исти.
 
А и на русите им било ладно, јес дека имале подобри зимски униформи али сепак, Гермаците во Прва светска војна поминале 4 зими во Русија, не ли приметиле дека е ладно?

На Русите им било ладно, онолку колку што им е жешко на Абориџините во Австралија. Русите живеат 2000 години на таа територија и максимално се приспособиле на екстремно ниските температури и услови.
 
Сега сите ке бевме шваби ке возевме мерцедеси и ке се крстевме во Хитлер...Иначе Хитлер 50% од опремата што била пренесена во СССР ја изгубил ради нафтата...Нацистичките тенкови оклопни и товарни возила биле на нафта,која на одредена ниска температура се густува и се прави како маст,додека советските возила биле сите на бензин!

Грмуш немаше да бидеме шваби и да возиме мерцедеси, туку ќе не стрелаа во логори :)
 
Па добро де не е нешто спектакуларно откриено.И досега беше познато дека Русите беа пред пораз од Нацистите.Лоши одлуки на Хитлер ја решија војната на источниот фронт.Нормално и суровата руска зима им помогнана Советите.:toe:

Да, се знаеше дека малку фалеше Советите да изгубат...
Но лошите одлуки на Хитлер....негова најлоша одлука е што го нападна СССР...а и да ја освоеше Москва и Кавказот, тоа ќе беше многу тешко да ги задржи...
А зимата....па не му студеше само на нацистите :)
Него планот на Хитлер бил да се победи СССР пред зимата, ама...
 
Зошто големите војни започнуваат помеѓу западните земји а завршуваат на источниот фронт ?
 
Зошто големите војни започнуваат помеѓу западните земји а завршуваат на источниот фронт ?

Колку што знам големите војни почнуваат од малите земји, а завршуваат во полза на големите земји.

Доколку почнеме да говориме конкретно за некоја светска војна тогаш судејќи според твојата “убеденост“ прилично ќе се изненадиш кој ги иницирал војните и започнувал - константно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom