Неспремноста на СССР главно се должи да договорот за ненапаѓање склучен меѓу Германија и СССР. Германија го прекршува и го напаѓа Советскиот Сојуз кои слепо верувајќи во добрите намери на Германија при склучувњето на тој договор воопшто не очекува да биде нападнат. Нападот се случува и неспремниот Советски Сојуз трпи порази се до Сталинград, каде тврдоглавоста на Хитлер на успех по секоја цена на сега оскудната и по залихи и по морал германска војска си го прави своето.
Мн. глупости се изнапишавте, пред се’ мн. противречности, а сепак секој со секого се согласува. Абе идила да си ибите веко’
Демек Русите им верувале на Германциве или па можело да им се верува на Русите.
Војната меѓу Германија и СССР беше прашање на време, а договорот меѓу нив им даде малку време и на двете страни.
Сталин не му верувал слепо на Хитлер,ама во никој случај не очекувал дека ќе нападнат Нацистите додека сеуште се во војна со Англија.
Според разузнавачките инфо. за планираниот напад на Германците 2 недели пред тоа да се случи Русите го знаеја планот.
Прегледај го приврзокот 28540
kako?? koga toa?? na sveti nikogas ili na sveti padapija?????dali mislis "da zagubat vo toj i samo vo toj moment" ?? vidi ja mapava, kolkava e rusija,
nemcite odvaj granicata ja cepnaa, koga ke stasaa tie do desniot kraj, to est, do amerika????mozebi vo 2999 godina????
Целта на Германците не беше Камчатка туку пред се’ Европа, во сите нивни војни Германците ја правеа истата “грешка“ - се концентрираа на територии во Европа, наместо да прават свои колонии по теркот на Шпанија и Британија..
’Немците’ другар... стигнаа до Москва и Кавкаскиот регион.
Под изгубат се подразбираше да го предадат главниот град. Секако таа победа на Германците ќе траеше кратко, затоа што веднаш потоа ќе започнеа нападите...
А и секако целата воена индустрија на СССР беше позади Урал....така да заземањето на Москва ќе беше ништо друго освен морален пораз/победа...
--- надополнето ---
Како шо пишав погоре, најголемиот дел од воената индустрија на СССР била позади Урал. Без разлика дали ќе ја освоеа Москва, со тоа само би си ја пролонгирале пропаста...
Првата и единствена грешка на Сталин е нападот врз СССР...
Германците без разлика дали ќе ја нападнеа Русија, на долг рок (5+) немаше да бидат во состојба да одржат ред и мир на окупираните територии без поддршка од колаборантските влади во окупираните земји.
А доволно ќе им беше да дојдат до Кавказ и да ја задржат европска Русија, со што би ги имале сите ресурси од гас и нафта под свои раце и со тоа најголемата моќ.
Русите на Сибир немаше да имаат шанси ниту мотивација ниту капацитет било што да направат.
Види, АКО, ама АКО не го нападнеа СССР можеа да ја владеат Европа далеку повеќе од 5-10 години. Едноставно Германската стратегија и тактика беа одлично замислени.....За секој изгубен војник убиваа 10 заробени...
Сега ако шпекулираме, сите знаеме дека и Сталин беше фанатик кој сакаше да го владее светот, така да мислам дека Сталин со сигурност би го нападнал Хитлер првата шанса штом би ја добил...
Планот на Сталин беше да го остави Хитлер да ја разбие цела европа, да војуваат неколку години додека Русија ќе одмараше и ќе се спремаше да влезе во моментот кога сите останати ќе беа со големи загуби и во безизлезна состојба, да продре до Шпанија, во името на “ослободување“ на Европа од Нацистите и да наметне своја комунистичка диктатура низ целиот континент како што го стори тоа со земјите од Источниот блок.
pretpostavka..ako..AKO, hitler gi "kutnel" Stalingrad, Leningrad i Moskva..i ako ne go interesiralo nisto istocno od Ural..Rusite odnosno togasnite Soveti ke si imale ogromna slobodna teritorija od kade za premnogu brzo vreme ke se preorganizirale i ke vozvratele i duri togas od Germancite nemalo da ostane nitu G..ednostavno kazano, Hitler ja zaebal premnogu rabotata vo onoj moment koga resil da go napadne SSSR.....
Доколку он не нападнел тогаш него ќе го нападнале.
Големите градови се кутнуваат први за да се уништи моралот и да се превземе власта. Тие што ќе пребегале на Урал ќе беа повеќе од среќни што ги ослободил од Сталин и радо ќе му ја поклонеа целата воена индустрија што ја поседувале на Сиберија во замена за слобода.
20 милиони и цела воена индустрија. А секако и во поробените области ќе било жестоко, па напад од исток...
Абе мислиш дека тие 20 милиони навистина биле РУСИ?
Мислиш дека многу би биле заинтересирани да гинат за Москва?
Пред да го нападни СССР Хитлер војуваше со Британија, но никако не успеа да освои барем дел од Британија...Можеби не се трудеше доволно... Потоа, против Британија се бореше и во Африка додека 80% од Германската армија се спремаше за напад врз СССР. Беше зафатен и со растурање бродови на Атлантикот. Но сепак најголемиот дел од војската беше поставена на Источниот фронт. Хитлер знаеше која е пречката кон неговата Светска доминација - СССР.
Со падот на Москва, Ленинград и Сталинград (единствено голема корист Хитлер би имал од освојувањето на Кавказот) Хитлер само би ја одложил својата пропаст. Едноставно, огромната територија, целата воена индустрија, а и одмаздата на Русите ќе биле погубни за Хитлеровата армија.
Сите знаеме дека најголемата грешка на Хитлер е СССР. Но ако Хитлер почекал барем 3-4 години со нападот врз СССР, и оставел Германските научници да направат тоа што веќе го правеле (нуклеарно оружје, суперсонични, па и ракетни бомбардери, авиони, конструкција на ракети кои во тоа време беа доста напредни спрема другите, и други оружја) сигурни ќе го имал цел свет.
Само за нападот врз СССР користел огромна војска која можел да ја концентрира за напади врз Британија, Африка итн...
Но, верувал во супериорноста на својата раса, и мислел дека вака или онака ќе го има цел свет. Згрешил...
Ихаа забегавме во пишување есејски мисли....
Не само Хитлер, туку и Сталин и секој оној кој се стреми кон светска доминација е болен човек или премногу амбициозен.
Не заборавајте дека Русите ја почнаа војната како СОЈУЗНИЦИ на Германците и заеднички ја нападнаа и поделија Полска.
“Одмаздата на руските војници“... се состоеше во тоа што повеќе од 1 милион руски војници преминаа на страната на Хитлер и се бореа против “својата“ армија.
Доколку Хитлер почекал повеќе од 2 години тогаш ситуацијата ќе беше обратна - Сталин ќе го нападнеше него.
Од тие 20 милиона колку ќе работат во воената индустрија? Колку ќе бидат фармери на мраз и тундра и на -50? Њама ако швабите стигнеа до Урал капут ќе беше.
Абе остај.. прикаски, што ако што ако.... несериозни муабети се ова.
Најголемата грешка всушност, на Хитлер, беше што ги зеде Италијанците за сојузници, тие се докажано најлоши војници и го загубија секој можен фронт, па и нивната работа мораше да ја прават Германците, што се вели, мораше да дојдат Германците во Италија за да ги бранат од другите, тотално утната работа.
Меѓутоа, да ги земеа Турците за сојузници...

ќе беше друга приказната, според мене еве. Со Италијанци и Французи не се иде во војна, тоа да знаете. (и Бугари) ххаха