Се слагам со тебе дека премногу долго трае, сафра да те фати. Визуелно филмов е ремек дело, начинот на кој се движи камерата, начинот на кој набљудува од птичја перспектива и полека се фокусира на некој интересен детал од сцената, обично некоја празнина (заради и тоа филмов се вика Enter the Void), која на некој начин претставува излез на душата кон некоја друга ситуација претставена со друга сцена. Ми се свиѓаше оној звук на бучење кој цело време идеше у позадина, даде некое чудно чувство ко да си заробен во димензија помеѓу овој и некој друг свет, баш така ги замислувам моментите после смртта. Токио ко град одлично се вклопи во филмов, светлечките реклами доловија некоја чудна психоделична атмосфера која те прати во текот на целиот филм. Имаше една сцена со сообраќајка во моментот кога родителите на Оскар погинуваат. Главите на двајцата им се полусмачкани, а Оскар и сестра му седат на задни седишта и овој Оскар не отвара уста а девојчето вришти и се дере, од прозорите не се гледа ништо само пригушена светлина од оган, стварно језиво. Халуцинацијата на почетокот е неверојатно визуелизирана, и ја ко тебе мислев дека филмов ќе биде за дроги ама излезе дека смртта е the ultimate trip, во моментот кога умираш мозокот да ти примал хемикалија слична на онаа која ја внесуваш кога пушиш DMT. Како и да е една од подобрите халуцинации која сум ја видел на филм, ја сместувам после оние 15 минути трипување под Ayuasca кои што ги гледав во Blueberry. Иначе не треба да те чуди фактот за "грозните" сцени со оглед на тоа дека филмов е на Гаспар Ное, треба Irreversible да го гледаш е таму имаш гадни срања исто, плус некако подобар впечаток ми остави тој филм. Од мене има 8,5