Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Точно тоа, пишав јас и поназад: требало да се прочепка кои се вистинските проблеми што го мачеле ако ги има, па ако ги нема нека ги измислат. А да го почнеш филмот со тоа дека родителите се карале и дека бил вонбрачно дете (иако неговите се земале после), и тоа да е причина за ова... не ме убедува во оправданоста на потегот. За тие проблеми - одење под кирија, се слагам :)

На страна тоа, видов дека филмот сака да ги покаже стегите на општеството, ама дали успеа во тоа? Што имаше освен сцената со кајакот, сцената кај што се дерат: Општество, Општество... и неколку обиди да објасни младичот кои завршуваа со сакам кажам - не знам речам? Не знам зошто толку потфрлиле сценаристите...

Види, јас сметам дека не може да се очекува дека мудроста и паметот на 23 годишно момче се еднакви на оние на Далај Лама. Сакам да кажам, дека просторот за филозофска мисла е сепак ограничен. Ќе беше смешно Крис да му солеше памет на секому како треба да живее. Човек во тој период се оформува, и веројатно може и да му се прогледа низ прсти за нетактичноста. Детево се дере Општество, општество, но веројатно капацитетот не ти дозволува да развиеш некоја посебна филозофија во моменти кога учиш.
Мислам и дека сценариото повеќе беше фокусирано на неговиот дневник отколку на дијалозите. Она што го сметам за грешка во филмот е само времетраењето. И со пократок филм ќе ја имавме потребната импресија.

Е сега дали е Крис херој? Јас не гледам така на тоа. Гледам како на човек кој имал храброст да ризикува за себе, но дека не значи дека заради тоа по дифолт е херој. Јас него го гледам според неговиот сон, а тоа беше Аљаска. Што и да го поттикна да замине таму, си го направи тоа, и како ветер во грб го однесе таму. Самиот пат е негов начина созревање. Тоа што филмот заврши несреќно, е можеби причина за некој да го прогласи за будалаштина, но сепак јас го сметам за индивидуален обид. Тој сметал дека така треба и одбрал. Секој човек своја планина е.
 
Нема да цитирам никој, ама мислењево го пишам за дискусијата која се води за Into the wild.

Кој кажува дека Крис не е шизофреничар? На стариот што му кажува на крајот: ти бегаш, а јас знам од што, додека ти не знаеш од што бегам јас. Не ви кажува ова нешто? Нешто меѓу редови? Значи не е претставен цело време како херој.:)
И, сцените кое се прикажани како величествени (за местата кои ги посетува), мора да бидат таму некаде вметнати, да видиме какви се убавини испуштаме, што се има на светот за кое не сме свесни.

Човекот како суштество и е уништувач, без разлика што е генијален. Уништуваме цели шуми, цели животински видови исчезнуваат, се тоа поради наша вина. Зар мегаполисите некогаш не биле шуми и планини? Што фалело тогаш? Зар не било добро и во 60-тите кога немале појма што е телевизор, а компјутерот бил научна фантастика? Зар не било добро кога излегувале, и се плескале, а сега седиме пред компјутер? Ма ајде погледнете подобро, не се фативте за Крис.

Едит:

@Ivan
Песната е од вокалистот на Pearl Jam, Eddie Vedder, од неговиот прв соло албум, насловен Into the wild.:)

Еј Кулен дај не ме заебавај во 4 сабајле, каков шизофреничар какви бакрачи :pos: Цел филм е претставен како нормално здраво право дете тргнато во авантура. Единствено со стариот имаат по некоја контра реплика и претежно малиот му соли памет. Не заебавај, немаш никаков аргумент за тоа.

И нормално за него да се фатиме, биографски е филмот, за него е.

--- надополнето ---

Види, јас сметам дека не може да се очекува дека мудроста и паметот на 23 годишно момче се еднакви на оние на Далај Лама. Сакам да кажам, дека просторот за филозофска мисла е сепак ограничен. Ќе беше смешно Крис да му солеше памет на секому како треба да живее. Човек во тој период се оформува, и веројатно може и да му се прогледа низ прсти за нетактичноста. Детево се дере Општество, општество, но веројатно капацитетот не ти дозволува да развиеш некоја посебна филозофија во моменти кога учиш.
Мислам и дека сценариото повеќе беше фокусирано на неговиот дневник отколку на дијалозите. Она што го сметам за грешка во филмот е само времетраењето. И со пократок филм ќе ја имавме потребната импресија.

Е сега дали е Крис херој? Јас не гледам така на тоа. Гледам како на човек кој имал храброст да ризикува за себе, но дека не значи дека заради тоа по дифолт е херој. Јас него го гледам според неговиот сон, а тоа беше Аљаска. Што и да го поттикна да замине таму, си го направи тоа, и како ветер во грб го однесе таму. Самиот пат е негов начина созревање. Тоа што филмот заврши несреќно, е можеби причина за некој да го прогласи за будалаштина, но сепак јас го сметам за индивидуален обид. Тој сметал дека така треба и одбрал. Секој човек своја планина е.
Ма Крис им солеше памет на сите. На стариот, на девојчето, нешто за зграпчување на животот... на хипиците им го реши љубовниот проблем за 20 минути, отиде на едно пливање, кога се вратија старите одма беа хепи... нашето момче со среќна ѕвезда...

Се согласувам јас 100% дека секој човек има право на свој избор. Кој што сака нека прави, така и Крис. Јас велам само дека ова што го направи Крис со ништо не заслужува да се најде на филмско платно.
 
Кога веќе почнавме меѓу редови да гледаме =) :
Пошто братчево до некој степен е хипик,филмов се осврну и на хи-пичкото движење во почетокот на 90тите кое е пред изумирање.
Преку коментарот на дедото за хипиците Пен сакал да ни прикаже демек сфаќањето на мнозинството околу нив е негативно(што е и во право),али и не правилно основано,што не е баш правилно основано.
Друго ,единствено што Пен го прикажа како негативно кај хипиците,а сега во контекст и на младинава е 16годишната која во приколката му се понуди на Крис...
Трето,добра поетна беше и тоа што е секојдневно во семејствата,треба да се случи некоја трагедија за да се смират односите...
четврто,не ми текнува во моментов....

--- надополнето ---

ми текна за 4тото-Крис да не бил случајно хомо ? :pos: 16 годишна во приколка бе...
 
ми текна за 4тото-Крис да не бил случајно хомо ? :pos: 16 годишна во приколка бе...
Каков е тој јунак без строги морални принципи? Одма и извади тоа анкетата да ја распрашува :pos:
 
Гледам уште еден филм дигна прашина, ставајте спојлери да не се залетаме ние што го неаме гледано иако не верувам дека има којзнае што да се расипе од филмот. Дечко што си отишол во природа за да докаже дека може да живее сам. Абе може да се живее сам, некое време, се додека не полудиш.
 
Ти тоа почна да пишуваш рецензии на негледано? :)
 
Чекај, чекај, ко ќе го изгледаш ќе се расправаме овде :pos:
 
Каков е тој јунак без строги морални принципи? Одма и извади тоа анкетата да ја распрашува :pos:
најбитно среќно се заврши...со дует :pos:

Него дај гледајте го 127 hours,немам со кого дискусија да водам за филмчево :(.
А каде каде е подобар од овега што го збориме цело време.
и пљус многу појак ефект имаше врз мене ,инспирачка сторија :). А не суицидна.
 
Ти тоа почна да пишуваш рецензии на негледано? :)
И јас ко тој што пиша дека гласа за Black Swan за најдобар филм иако го нема гледано :pos:
Чекај, чекај, ко ќе го изгледаш ќе се расправаме овде :pos:
И да не го изгледам ќе бидам на ваша страна, everybody against IOsonoINTERISTA!

ми даде црвенко претходниот пат, затоа :)

Шала на страна, барем бев ли блиску до она за што е филмот?
 
Него ми текна нешто -
пошо да не се залетуваат членови што го немат гледано и да не им се расипе да се отвори посебна тема која отом потом би го менувале насловот ,како таа темата со споредбите.
чист пример-
темата гласи Buried , па Black Swan ,па сеа Во дивината.
 
најбитно среќно се заврши...со дует :pos:

Него дај гледајте го 127 hours,немам со кого дискусија да водам за филмчево :(.
А каде каде е подобар од овега што го збориме цело време.
и пљус многу појак ефект имаше врз мене ,инспирачка сторија :). А не суицидна.
Е да, дуетот беше една од подобрите сцени...

127 го гледав ама нема енергија за две полемики во една вечер, т.е. зора :) Се согласувам дека таа приказна е на место, човекот се бореше за опстанок, за разлика од овој кој и сам не знае зошто се бореше.

Како и да е, 4.30 е, фајронт, се затвора кафанава... :)
 
Него ми текна нешто -
пошо да не се залетуваат членови што го немат гледано и да не им се расипе да се отвори посебна тема која отом потом би го менувале насловот ,како таа темата со споредбите.
чист пример-
темата гласи Buried , па Black Swan ,па сеа Во дивината.

Добра идеја, утре ќе ја размозгам и ќе направиме некој концепт...

--- надополнето ---

Шала на страна, барем бев ли блиску до она за што е филмот?
Да го гледаше подобра рецензија немаше да напишеш :pos:
Туку кога ќе го пуштиш земи еден нотес до тебе, напиши наслов I Hate IOsono! и фаќај белешки. И Јонзе кога ќе слушне ќе го гледа филмов :pos:
 
Никој не можеше да сфати за што е филмот без да го гледа :pipi:
Жал ми е за него само бидејќи испадна погрешно то во шо веруваше и некако за џабе му беше целата филозофија да оди во дивината и целата авантура. Освен тоа и две-три добро реплики, филмот ми беше по прилично досаден.
 
Добра идеја, утре ќе ја размозгам и ќе направиме некој концепт...

--- надополнето ---

Да го гледаше подобра рецензија немаше да напишеш :pos:
Туку кога ќе го пуштиш земи еден нотес до тебе, напиши наслов I Hate IOsono! и фаќај белешки. И Јонзе кога ќе слушне ќе го гледа филмов :pos:
Можам да замислам што оценка ќе му дајт за инат твој :pos: ,а мојт и по негови чекори да тргнит ,u planine :pos: .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom