RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.741
Точно тоа, пишав јас и поназад: требало да се прочепка кои се вистинските проблеми што го мачеле ако ги има, па ако ги нема нека ги измислат. А да го почнеш филмот со тоа дека родителите се карале и дека бил вонбрачно дете (иако неговите се земале после), и тоа да е причина за ова... не ме убедува во оправданоста на потегот. За тие проблеми - одење под кирија, се слагам
На страна тоа, видов дека филмот сака да ги покаже стегите на општеството, ама дали успеа во тоа? Што имаше освен сцената со кајакот, сцената кај што се дерат: Општество, Општество... и неколку обиди да објасни младичот кои завршуваа со сакам кажам - не знам речам? Не знам зошто толку потфрлиле сценаристите...
Види, јас сметам дека не може да се очекува дека мудроста и паметот на 23 годишно момче се еднакви на оние на Далај Лама. Сакам да кажам, дека просторот за филозофска мисла е сепак ограничен. Ќе беше смешно Крис да му солеше памет на секому како треба да живее. Човек во тој период се оформува, и веројатно може и да му се прогледа низ прсти за нетактичноста. Детево се дере Општество, општество, но веројатно капацитетот не ти дозволува да развиеш некоја посебна филозофија во моменти кога учиш.
Мислам и дека сценариото повеќе беше фокусирано на неговиот дневник отколку на дијалозите. Она што го сметам за грешка во филмот е само времетраењето. И со пократок филм ќе ја имавме потребната импресија.
Е сега дали е Крис херој? Јас не гледам така на тоа. Гледам како на човек кој имал храброст да ризикува за себе, но дека не значи дека заради тоа по дифолт е херој. Јас него го гледам според неговиот сон, а тоа беше Аљаска. Што и да го поттикна да замине таму, си го направи тоа, и како ветер во грб го однесе таму. Самиот пат е негов начина созревање. Тоа што филмот заврши несреќно, е можеби причина за некој да го прогласи за будалаштина, но сепак јас го сметам за индивидуален обид. Тој сметал дека така треба и одбрал. Секој човек своја планина е.

Цел филм е претставен како нормално здраво право дете тргнато во авантура. Единствено со стариот имаат по некоја контра реплика и претежно малиот му соли памет. Не заебавај, немаш никаков аргумент за тоа.
.