I
Intex
Гостин
Та-дам!mettalhammer напиша:Осеќам во блиска иднина ќе го замениш со друг Матриксов.![]()
Ете зошто не би го заменил. Има нешто ... преголемо во филмот.
Та-дам!mettalhammer напиша:Осеќам во блиска иднина ќе го замениш со друг Матриксов.![]()
Види сега:
Кажав дека Матрикс ми е во Топ 5, а не Матрикс Трилогијата.:smir:Види сега:
За матриксот, трилогијата. Приказната е многу добра (читај 4/5), ама како и сите други филмови кај кои се направени продолженија, исто и овој изгуби на квалитет. Кога ќе се прават проекти за да се соберат брзо парите, се губи смислата, се добива спротивното, контраефект.
Зошто мораше да се брза толку, да излезат 2-риот и 3-тиот во иста година?
Ако не ти е гледано гледај го анимираното матрикс дело, истата приказна, друга продукција (различна во секој од 6-те дела)![]()
Одличен филм, го препорачувам! Нема многу врска со војната, јас очекував некое пропагандно срање. Ова е семејна драма базирана на карактери.Brothers (2009)
![]()
Прилично добар филм. Дава добар поглед на една друга страна на војната во Авганистан а и воопшто на било која војна. Многу добро е доловена судбината на еден војник и неговото семејство, пред, за време, а и по неговото учество на фронтот...
8/10
Мене па ми беше за изненадување, Кејт Винслент ми е просечна глумица, никогаш нема да ја ставам во ранк со подобрите актерки.Ако ти се допаднал The Lovely Bones, сигурно ќе ти се допадне и Heavenly Creatures http://www.imdb.com/title/tt0110005/. Јас го гледав одамна во кино, мислам дека се базира на вистински настан. Крајот е ужасен, не можам да го опишам чувството со кое што излегов од киното-веројатно ќе да беше измешано изненадување, чудење, згрозеност...Оноа што е важно е дека филмот го окупира вниманието интензивно од почеток до крај. Нема потреба да кажам дека Кејт Винслет е феноменална (но, тоа не изненадува), исто како и нејзината филмска другарка. Инаку, ваквиот стил на изразување на Џексон, за мене е премногу вознемирувачки, едноставно не ми е баш по вкус. Но, и покрај ова, сметам дека филмот вреди да се погледне.
Прво, не отворајте го спојлерот ако немате гледано зошто цел филм го има раскажаноМи се симнува Fringe втора сезона и у меѓувреме си викам ај ќе изледам некој филм, одамна не сум гледал. Барам низ темата со рецензиите и кај го видов Buried кај се запустив.
Мало објаснување: Ова подоле е за сите оние кои го гледале, другите нека не се излажат.Само споделувам импресии. IOsonoSPOJLERISTA ме искара. :kesa:
Океј, интересна е замислата, добро склопено се, но што беше поентата со крајот? Ептен ме разочара крајот, онака ми го ус*а цел филм! Во ваков свет со толку напредни технологии, они не можат да пронајдат сигнал на Блекбери ебаго, независно што е под земја колку и да е метри. Друго, ни се даде образложение зошто е киднапиран (зошто не другите од конвојот со камиони), од кого и тако даље.
И не ми беше јасно она со змијата? Пола филм истече и него тогаш му излезе од гаќи.Демек претходно пола саат (и повеќе) не ја почувствувал?
Како што кажав, интересна замисла, но тапа крај.
Ми се симнува Fringe втора сезона и у меѓувреме си викам ај ќе изледам некој филм, одамна не сум гледал. Барам низ темата со рецензиите и кај го видов Buried кај се запустив.

Pisi i tuka so spojleri be, sakam i jas da citamПрво, не отворајте го спојлерот ако немате гледано зошто цел филм го има раскажано
Второ, ќе ти пишам по ПП бе не си во право![]()
Ми се симнува Fringe втора сезона и у меѓувреме си викам ај ќе изледам некој филм, одамна не сум гледал. Барам низ темата со рецензиите и кај го видов Buried кај се запустив.
Мало објаснување: Ова подоле е за сите оние кои го гледале, другите нека не се излажат.Само споделувам импресии. IOsonoSPOJLERISTA ме искара. :kesa:
Океј, интересна е замислата, добро склопено се, но што беше поентата со крајот? Ептен ме разочара крајот, онака ми го ус*а цел филм! Во ваков свет со толку напредни технологии, они не можат да пронајдат сигнал на Блекбери ебаго, независно што е под земја колку и да е метри. Друго, ни се даде образложение зошто е киднапиран (зошто не другите од конвојот со камиони), од кого и тако даље.
И не ми беше јасно она со змијата? Пола филм истече и него тогаш му излезе од гаќи.Демек претходно пола саат (и повеќе) не ја почувствувал?
Како што кажав, интересна замисла, но тапа крај.
Одличен филм, го гледав пред 2-3 дена. Долго време немав гледано вака добар филм со оригинална приказна и одлична глума. Од мене 10/10 бидејќи ( не читај спојлер ако не си го гледал филмот, после мене ќе ме пцуеш )Buried (2003)
![]()
Прво што можам да кажам е дека не сум видел трејлер што го опишува подобро филмот:
Сега да преминеме на главното: Buried е типичен го сакаш / го мразиш филм. Ѕирнав нешто коментари по IMDB, во главно се 10/10 или 1/10. Не препорачувам читање пошто тие што се 1/10 имале потреба да го прераскажат филмот.
Buried е филм со еден (и со бројки, 1) глумец. Еден лик закопан во ковчег. Локацијата на филмот е ковчегот. Тоа е. И сега одма ќе си речете: ок, што по ѓаволите може да се случи со еден човек во еден ковчег и како од тоа може да излезе филм? Добро прашање.
За почеток, потребна е добра глума од актерот, пошто е само тој и нема кој да го покрие ако не си ја одработи задачата. Актерот е Ryan Reynolds и тоа ми беше доволно да решам да го гледам филмот. Верувам во неговите квалитети, го гледав во повеќе филмови меѓу кои Van Wilder, The Amityville Horror, Definitely Maybe... и знам дека го бива. Да беше Nicolas Cage во ковчегот немаше да се замарам многу.
Понатаму, потребна е атмосфера на страв, тензија, неизвесност, затоа што треба нешто да те држи фокусиран. И тоа постигнато.
Што се однесува до содржината: Paul Conroy е возач на камион (не е војник) во Ирак. Неговиот конвој е нападнат, повеќето (или сите) се убиени, а тој е киднапиран и сместен во ковчег заедно со една запалка и еден мобилен телефон, кој е негова последна надеж дека може некако да се спаси од ситуацијата во која се нашол. Во ковчегот, Paul ќе се увери колку малку вреди човечкиот живот во време на војна, и колку се малку луѓето кои сакаат да помогнат.
Има една сцена во која малку претераа, останатото беше на место. Честитки за режисерот, сценаристот и за Ryan Reynolds. Од мене има 9/10, како што вика Крејзи Појол, филм од 1.30 минути кој помина за 15 минути.
Се слагам целосно, милион пати обработувана тема, а разликата е во тоа што Аронофски многу суптилно умее да му вметне на филмот уметничка компонента која што го прави доживувањето сосема поинакво. Јас се кладам него да му дадат да направи римејк на некој шити филм ќе успее да достигне пак ефект на несекојдневност и луѓето ќе го сметаат за уметнички, длабок и несекојдневно доживување. Тоа е одлика на голем режисер.Black Swan
Вчера го гледав филмов и не можев да го рецензирам веднаш, ми требаше малку да го размозгам. Проблемот е што сфатив дека нема што многу да се мозга. Од некој од форумџиите прочитав дека филмвиве на Аронофски не третираат којзнае што, но дека човекот има свој посебен приказ. Тука се согласувам потпоплно, според она што го видов. Филмов во реализацијата е прекрасно осмислен, се мислело на детали, на пример боите, тесни простори кои предизвикуваат клаустрофобија итн.
Искрено не се сеќавам да сум гледала филм којшто волку ме напнал, во хорор очекуваш да има крвови некои непријатни сцени итн, но ова што го видов сериозно ме згрози на моменти. Но ми се допаѓа тоа, штом не можам да го предвидам текот на филмот за мене тоа е одлично.
Секоја чест за Натали Портман, секој може да ослаби 15 кила, но не може да се трансформира во балерина. Она успеа. Не знам колку е потребно за да се изведе таа трансформација, но сигурна сум дека бара вложување. Можно е улогава да се покаже како улога на нејзиниот живот, ќе видиме.
Во суштина филмов е уметничко дело, од музика, до движење до гестови, се е прекрасно изведено. НО, јас не сум фан на филмови кои не се докрај јасни, триковите кои ги користат режисерите од типот "сега ќе те збунам па и кога ќе заврши филмот ќе се прашуваш што се случи" ми идат на нерви. Имам и причина за тоа. Јас лично преферирам филмови во кои режисерот си игра со тебе цел филм, никако не успеваш да погодиш што се случува, но на крај ти ја објаснува приказната и разврската и остануваш запрепастен од решението. Secret Window е токму таков филм и намерно го ставам како пример зашто можам да повлечам паралела меѓу филмовиве.
Филм без разврска не го сметам за врвно достигнување. Многу лесно се изведува таков филм, сепак, да беше само тоа содржано во филмов немаше да ми се допадне. Но, има многу зошто да ми се допадне. Јас не сум од оние кои ќе го глорифицираат, но, во поновата кинематографија ова е навистина посебно дело кое филмофилите мораат да го погледнат.
Има една сцена во која Портман го изведува црниот лебед на сцената при крајот. Мислам дека таа изведба е една од најсовршените што сум ги гледала на филм.
Патем филмов ќе си го имаше истото значење и вредност и без експлицитните секси сцени. Сосема се непотребни и без врска.
Е сеа не зафркавајМене па ми беше за изненадување, Кејт Винслент ми е просечна глумица, никогаш нема да ја ставам во ранк со подобрите актерки.