Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Match Point, е доста подобар од Cassandras Dream, не се ни споредуваат би рекол.
Споредбата би била врз основа на етичките дилеми кои се поставени пред главните ликови. И во двата филма тие се наоѓаат во незгодна ситуација и единствен излез гледаат во убиство на пречката. А во однос на тоа кој е подобар, секој може да си има свое мислење. :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Специфичен хумор, различен. Многу храбар филм затоа што обично филмовите го кажуваат она што публиката сака да го слушне, а Ricky Gervais онака артистички ги прикажа работите како што ги гледа без да му чуе за тоа дека филмот ќе биде критикуван. Ама и без да навлегуваме во длабочината на филмот, сцените како: „Пепси! - кога ќе ви снема Кока Кола“ беа хилариус :)
Мене филмов многу ми се допадна, но, повеќе ме замисли филозофски, отколку што ме насмеа. Многу добро осмислено сценариот има...

--- надополнето ---

Invention of lying е филм со феноменален хумор, само како Gervais знае да создаде.

Само, ќе треба да се опуштите малку и да пробате да ги видите работите од поинаков аспект. Како долгогодишен фан на The Office, ви кажувам дека навистина вреди да се помачите... :)
Мене филмов ептен ме бендиса, само што повеќе ме замисли со целата концепција и приказна, отколку што се насмеав..:)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Мене филмов многу ми се допадна, но, повеќе ме замисли филозофски, отколку што ме насмеа. Многу добро осмислено сценариот има...
Тоа и е "цаката" во делата на Gervais, хумор на едно повисоко ниво поврзан со добро склопени размислувања.

Него, IoSono, си ја изгледал серијата Extras?
Симнете ја, баталете ги првите две-три епизоди кои се помалку интересни...лудилото доаѓа од средина на првата и низ цела втора сезона. Epic е, поготово за оние кои се разбираат во филмската уметност. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.379
Поени од реакции
58.150
Немам гледано, претерано малку време за серии ама ако дојдам до прилика ќе ја ѕирнам.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Немам гледано, претерано малку време за серии ама ако дојдам до прилика ќе ја ѕирнам.
Погледај го ова и одлучи...


Disclaimer - се глуми сам себе, офкорс. :D

Втор водич - посебна пажња од 3:50 па натаму...:))
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.361
Поени од реакции
4.883
Не треба јако сценарио, воопшто не треба тука сценарио.
Гледаш како Нина си корне месо од ноктот, фино лепо си го проверуваш ноктот дали и тебе ти е откорнат. Го чешка рамото, и тебе те чешка. Гасне светлото, рипаш од место. Она бега, се вртиш да не има некој позади тебе. За тоа треба сценарио? I don't think so.
Има сценарио Одисејата? - Нема. Има јака приказна? - Има, т.е. ја има најјаката приказна досега на филм прикажана. Со sonne зборевме за Одисејата, и вака го опиша: учебник. Кратко и јасно. Што сме биле, што сме, за што ќе трагаме. Толку.

@Zeegerman

Нештото кое ќе го мислиш со денови е: кои беа реалните делови од приказната, а кои дело на болниот ум на Нина? Дали воопшто Лили беше вистинска?
замисли мене како ми беше пошто имам навика да си корнам живци околу прстите:nesvest:
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.407
Поени од реакции
6.026
Black Swan (2010) by Darren Aronofsky
Драма, Трилер.





Понекогаш се осеќам толку среќен, како на пример сабајлево кога го догледав филмов.
И веднаш се пуштив да напишам рецензија, која на жалост имаше несреќен завршеток и сега пак одново ја пишувам. :)


Black Swan на Darren Aronofsky доаѓа по само 12 години од неговиот првенец "Pi (1998)" и 10 години од извонредниот "Requiem for a Dream (2000)". Darren уште еднаш покажува дека може да се рамни со големите и квалитетни автори на сензационални дела кои по правило прикажуваат мајндфак ситуации.


Во психолошкиот трилер Black Swan, Натали Портман и Дарен Аронофски нудат извонредно добра и вознемирувачка приказна со сцени кои се доста квалитетно изведени во секој поглед.


Јас апсолутно многу го засакав филмов, пред се поради балетот, за кој Натали вложила многу додека научи да го игра толку добро. На почетокот на филмот ми се јави мала непријатност кон сцените кои покажуваат некои импресии на лицата од некои од споредните улоги, но полека се открива дел од приказната, и напнатоста станува се поголема.
Тешко дека би ја направил оваа рецензија без да го пофалам режисерот Дарен Аронофски, па и да спомнам дека е добра одлуката за соработка со Clint Mansell, авторот на музиката за сите филмови на Аронофски. Создадено е дело, најдоброто за 2010-та. :cuc::cuc::cuc:


Во претходните филмови на Аронофски се доста квалитетни, но за разликата на вкусови не се дискутира. За таа цел можам да кажам дека секако ќе се најде публика кај која и Black Swan нема да има некои импресии, посебно ако филмот се следи со едно око. Неговите филмови не се она што може да се каже дека мора да се очекува добар крај, или во текот на гледањето да се чувствувате пријатно, но кај сите тие филмови морате на моменти да се запрашате зошто е така. Реакцијата на гледачот е сосема очекувана во некои намерно оставени сцени во филмот, со додатни елементи или вметнување на нови статисти, со кратки вметнати сцени во кои можеме да забележиме дека се прави кратко навраќање кон друѓите дела на авторот, како сцената со трамваите тука и во Pi. Кој ги има гледано двата филма ќе знае што сакам да кажам. Такви сцени се намерно оставени и секогаш се добро изведени.

Филмовите на Аронофски не се секогаш добро примени од публиката (особено The Fountain (2006), кој беше критички и комерцијално изоставен), но ваквите филмови нормално дека ќе бидат почитувани од фановите.


Очекувам Black Swan да се закити со оскар во неколку категории. Аронофски е заслужен за номинација, Портман исто, како и целата екипа, посебно да ги споменам Мила Кунис, Винсент Кесел и Барбара Херши. Клинт Мансел, одговорниот за мизиката во филмот.


Ова е филм кој вреди да се гледа, гледајте го кога сте добро одморени, очекувајте дека нема да гледате забавна драма, но сепак прекрасно дело.


10/10.
Into the WIld (2007)


Еден слободно да го наречам авантуристички филм, во кој главниот глумец прави пресвртница во својот живот и
наместо како најдобар ученик на Emory University да најде совршена работа, отфрла се во животот и сака да отпатува да Аљаска каде ќе живее сам во дивината, но неговиот живот завршува во едно напуштено комбе после каснување на отровно растеније и по 2 години патување неговиот живот завршува..

Оцена - 9/10 :smir:

--- надополнето ---


да,да и јас сакав ова да го потенцирам, сличностите со другите филмови, а најповеќе со Пи
(мозокот на глумецот во Пи со кожата на глумицата во Блек Свон) и металхамер како што наведе.. Неверојатен филм, неверојатна глума..ПЕРФЕКТНО...толку од мене.

П.С. филмов е оргазми во буквална смислам на зборот...Немам оценка зошто нејќам филмов да го навредам зошто заслужува многу повеќе од една 1 и една 0.:smir:
Уште во првите сцени кога се вози во подземната имаше голема сличност-,знаете за што зборувам :)(ако сте ги гледале 2та филма)

За The invention of lying,,незнам што да додадам,вкусови во прашање.
 
T

Tetro

Гостин
Уште во првите сцени кога се вози во подземната имаше голема сличност-,знаете за што зборувам :)(ако сте ги гледале 2та филма)
Знаеме, ама не кажувам повеќе. :) Тоа беше онака податок, наместо спољер.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Го гледав пред некоја вечер на А1.


Во филмов е Адам Сандлер познат рагбист,но тој ќе продаде поени и ќе биде исфрлен од рагби тимот.
Тој после тоа ќе биде во затвор и ќе треба да состави тим за да играат против стражарите. Интересно филмче,вреди да се види.
Моја оценка 7.5
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
^ Целиот филм е епик колку сум се смеел...Какви дијалози само има...ВРВ!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom