Се враќа без временска машина, т.е. се враќа неговата свест од повозрасен во телото како дете, па се избегнуваат временските парадокси. Идејата вришти, нешто што досега не се сретнало во филм со патување низ времето.
Ју тинк соу? Нема блага веза со филмот? Читај подолу.
Ефектот на пеперутка ја обработува причинско-последичната зависност, т.е. ако промениш еден детаљ/одлука од твојот живот, ја променуваш целосно твојата и иднината на светот. Поради тоа постојат бесконечен број универзуми, со бесконечен број одлуки во нив.
Значи причината за Нимо да ја изгуби Ана е тој ситен детаљ во кој работникот од Бразил ќе вари јајца, и ќе дојде до дожд. (причинско последичен ефект a.k.a. батерфлај ефект)
Секоја одлука од нашите животи која ја носиме го креира нашиот живот, а во некој паралелен универзум одбираме нешто друго кое го карактериризира животот на тој некој друг `јас` и поради тоа постојат бесконечно многу верзии на мене во бесконечно многу универзуми. Тешко е да одлучиме, бидејќи само еднаш одлучуваме и не можеме да промениме.:smir:
Кога во еден момент би го `сликале` универзумот и го ставиме во супер-компјутер кој ќе обработува податоци и можности ќе можеме да ја предвидиме иднината за секој одреден момент во сите тие паралелни универзуми. Кога би го `сликале` универзумот и го ставиме во супер-компјутер со единствена разлика да ги знаеме за само еден момент насоките на сите објекти во универзумот, ќе можеме да ја одредиме иднината на нашиот универзум до 100% точност. (се надевам не е конфузно објаснето)
За ова и нема што да се коментира, се согласувам.
Никој не кажа дека Ноубади е неоригинален или лош филм, мене ми е далеку подобар од Батерфлај ефектот, поуметнички среден, со подобар саундтрак, со ѕверски Џаред Лето.
Не водеа сите животи до тоа да се создаде светот на стариот Нимо, бидејќи во некои верзии тој умираше доста млад. Сепак ... Нимо како дете одбра да не одбира (лошо кажано, знам) и со тоа на крај заврши со среќен крај неговата приказна.
Е за тоа не се согласувам. Универзумот не може да се врати временски наназад, туку физички, поради тоа што не може да се одржува повеќе процесот на ширење. Кога ќе се намали и ќе дојде до една точка, ќе се случи повторен Биг Бенг и пак ќе почне одново ширењето, се до точка кога пак ќе се враќа ... до бесконечност. Ете филмска грешка во Ноубади ... ако ги бараме веќе.
Не! Погоре пишав зошто.