Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

I

Intex

Гостин
Не викам дека е лош филмот, (пошто ептен ретко оценувам со 10, овој има од мене само 9).
Батерфлај ефект???

Епа ај, Матрикс е чудо од филм, оној првиот, ама од мене заслужил 6-ка, додека Еквилибриум има 9. :)
Првиот Матрикс си го оценил со 6-ка? Ти тоа сериозно? А Еквилибриумот во иста реченица со 9? Човече, Еквилибриум е копија на Матриксот, истата идеја за пропаганда, пуцање, клериците ко агенти, и се това. Се разочарав, стварно.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не викам дека е лош филмот, (пошто ептен ретко оценувам со 10, овој има од мене само 9).
Батерфлај ефект???

Епа ај, Матрикс е чудо од филм, оној првиот, ама од мене заслужил 6-ка, додека Еквилибриум има 9. :)
Хм, во Да батерфлај ефект имавме случај на човек кој што кога си го читаше дневникот успеваше да се врати во минатото, да промени некоја ствар и со тоа да си го промени идниот курс на животот, поради и тоа филмот беше така наречен иако тоа нема благе везе со ефектот на пеперутката.Според оваа теорија (ефектот на пеперутката) една пеперутка од Австралија која полетува и замавнува со своите крилја создава вртлог кој доколку продолжи да се развива во правилни услови може да се претвори во торнадо кое ќе пустоши во Америка. Така Нимо кога се одлучи да го купи поевтиниот пар на фармерки еден работник во Бразил беше отпуштен од фабриката за фармерки. Тој работник наместо да биде на работа остана дома и си свари јајце. Пареата од јајцето која отиде кон небото се кондензираше и резултираше во силни дождови на другата страна од светот, причината поради која Нимо ја изгуби Ана, кога му се избриша бројот од хартивчето кога заврна дожд (типичен пример на ефектот на пеперутката). Во Мистер Ноубади имаме човек кој хипотетички речено може да си ја види или замисли иднината во моментот кога треба да избере помеѓу мајка му или татко му. Тој пробувајќи да ја види иднината во својата свест креира повеќе животи кои што тој би можел да ги живее (теорија на стринговите) во зависност од тоа што ќе избере ( според теоријата на стринговите секој од овие животи (позиции) е можен, доколку успееш да ги предвидиш тие позиции, што во квантна механика е можно, ќе можеш да ја предвидиш и иднината). Кога Нимо сваќа дека што и да избере ќе заврши лошо тој решава да не избере (тука единствено ја наоѓам сличноста со Да батерфлај ефект кога Ештон Качер сваќа дека на било кој начин не може да биде со девојката решава дека треба да олабави и да не го мења минатото), туку напротив се трга од пругата и оди на една ливада каде што ќе дувне лист од дрво, тој лист ќе одлета за по многу години да падне покрај клупата на која лежеше Нимо, точно во кругот на земјата кој што тој го нацрта со креда, во истиот момент во тој круг ќе влезе цурата (пак пример на ефект на пеперутката) и сваќа дека ќе останат заедно засекогаш. Ако на ова мислиш тогаш да има одредена сличност ама дека заради ова е неоригинален Мр. Ноубади тешко, затоа што е покомплексна приказната која што продолжува со тоа што овој Нимо кој што се спои со девојката сега го активираше или го направи реален светот на стариот Нимо кој беше имагинарен или беше неизвесно дека ќе се случи некогаш. Доколку тој останеше имагинарен, односно Нимо не се споеше со девојката, стариот Нимо ќе умреше и тој свет ќе се распаднеше, вака кога стана реален почна да се враќа времето назад за стариот Нимо. Зошто? Затоа што универзумот не може да умре или да го снема туку може само да почне да се собира наназад, кога ќе почне да се собира наназад ќе почне и да се враќа времето наназад како во случајот на стариот Нимо. Она што режисерот сакал да го направи е всушност да ги претстави принципите и законите на универзумот преку повеќето животи на еден возрасен човек кој се вика Нимо и кој живее во свеста на детето Нимо кое може да си ја предвиди иднината, би рекол дека филмов има многу повеќе врска со квантна механика за разлика од Да батерфлај ефект кој е психолошка мистерија.

И веќе ако гледаме така на работите тогаш The butterfly effect е апла плагијат на Back to the Future
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Денес во 23:40 на А1 ќе го даваат Se7en, страва филм. Скоро го гледав, ќе го гледам пак.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.598
И веќе ако гледаме така на работите тогаш The butterfly effect е апла плагијат на Back to the Future
Ако веќе го споредувате Батерфлај ефект со некој филм, тоа е The Jacket со Адриан Броди и Кира Најтли. Со тоа што мислам дека Батерфлај е постар ама The Jacket е подобар. Mr.Nobody воопшто не е тајм травел филм, тој само го прикажува животот (животите) на Немо Ноубади од детството до староста, со тоа што редот не е хронолошки туку расфрлан.
 
I

Intex

Гостин
Хм, во Да батерфлај ефект имавме случај на човек кој што кога си го читаше дневникот успеваше да се врати во минатото, да промени некоја ствар и со тоа да си го промени идниот курс на животот, поради и тоа филмот беше така наречен иако тоа нема благе везе со ефектот на пеперутката.
Се враќа без временска машина, т.е. се враќа неговата свест од повозрасен во телото како дете, па се избегнуваат временските парадокси. Идејата вришти, нешто што досега не се сретнало во филм со патување низ времето.
Ју тинк соу? Нема блага веза со филмот? Читај подолу.
Според оваа теорија (ефектот на пеперутката) една пеперутка од Австралија која полетува и замавнува со своите крилја создава вртлог кој доколку продолжи да се развива во правилни услови може да се претвори во торнадо кое ќе пустоши во Америка.
Ефектот на пеперутка ја обработува причинско-последичната зависност, т.е. ако промениш еден детаљ/одлука од твојот живот, ја променуваш целосно твојата и иднината на светот. Поради тоа постојат бесконечен број универзуми, со бесконечен број одлуки во нив.
Така Нимо кога се одлучи да го купи поевтиниот пар на фармерки еден работник во Бразил беше отпуштен од фабриката за фармерки. Тој работник наместо да биде на работа остана дома и си свари јајце. Пареата од јајцето која отиде кон небото се кондензираше и резултираше во силни дождови на другата страна од светот, причината поради која Нимо ја изгуби Ана, кога му се избриша бројот од хартивчето кога заврна дожд (типичен пример на ефектот на пеперутката).
Значи причината за Нимо да ја изгуби Ана е тој ситен детаљ во кој работникот од Бразил ќе вари јајца, и ќе дојде до дожд. (причинско последичен ефект a.k.a. батерфлај ефект)

Во Мистер Ноубади имаме човек кој хипотетички речено може да си ја види или замисли иднината во моментот кога треба да избере помеѓу мајка му или татко му. Тој пробувајќи да ја види иднината во својата свест креира повеќе животи кои што тој би можел да ги живее (теорија на стринговите) во зависност од тоа што ќе избере ( според теоријата на стринговите секој од овие животи (позиции) е можен, доколку успееш да ги предвидиш тие позиции, што во квантна механика е можно, ќе можеш да ја предвидиш и иднината).
Секоја одлука од нашите животи која ја носиме го креира нашиот живот, а во некој паралелен универзум одбираме нешто друго кое го карактериризира животот на тој некој друг `јас` и поради тоа постојат бесконечно многу верзии на мене во бесконечно многу универзуми. Тешко е да одлучиме, бидејќи само еднаш одлучуваме и не можеме да промениме.:smir:
Кога во еден момент би го `сликале` универзумот и го ставиме во супер-компјутер кој ќе обработува податоци и можности ќе можеме да ја предвидиме иднината за секој одреден момент во сите тие паралелни универзуми. Кога би го `сликале` универзумот и го ставиме во супер-компјутер со единствена разлика да ги знаеме за само еден момент насоките на сите објекти во универзумот, ќе можеме да ја одредиме иднината на нашиот универзум до 100% точност. (се надевам не е конфузно објаснето)
Кога Нимо сваќа дека што и да избере ќе заврши лошо тој решава да не избере (тука единствено ја наоѓам сличноста со Да батерфлај ефект кога Ештон Качер сваќа дека на било кој начин не може да биде со девојката решава дека треба да олабави и да не го мења минатото), туку напротив се трга од пругата и оди на една ливада каде што ќе дувне лист од дрво, тој лист ќе одлета за по многу години да падне покрај клупата на која лежеше Нимо, точно во кругот на земјата кој што тој го нацрта со креда, во истиот момент во тој круг ќе влезе цурата (пак пример на ефект на пеперутката) и сваќа дека ќе останат заедно засекогаш.
За ова и нема што да се коментира, се согласувам.:)
Ако на ова мислиш тогаш да има одредена сличност ама дека заради ова е неоригинален Мр. Ноубади тешко, затоа што е покомплексна приказната која што продолжува со тоа што овој Нимо кој што се спои со девојката сега го активираше или го направи реален светот на стариот Нимо кој беше имагинарен или беше неизвесно дека ќе се случи некогаш.
Никој не кажа дека Ноубади е неоригинален или лош филм, мене ми е далеку подобар од Батерфлај ефектот, поуметнички среден, со подобар саундтрак, со ѕверски Џаред Лето.:)
Не водеа сите животи до тоа да се создаде светот на стариот Нимо, бидејќи во некои верзии тој умираше доста млад. Сепак ... Нимо како дете одбра да не одбира (лошо кажано, знам) и со тоа на крај заврши со среќен крај неговата приказна.
Доколку тој останеше имагинарен, односно Нимо не се споеше со девојката, стариот Нимо ќе умреше и тој свет ќе се распаднеше, вака кога стана реален почна да се враќа времето назад за стариот Нимо. Зошто? Затоа што универзумот не може да умре или да го снема туку може само да почне да се собира наназад, кога ќе почне да се собира наназад ќе почне и да се враќа времето наназад како во случајот на стариот Нимо. Она што режисерот сакал да го направи е всушност да ги претстави принципите и законите на универзумот преку повеќето животи на еден возрасен човек кој се вика Нимо и кој живее во свеста на детето Нимо кое може да си ја предвиди иднината, би рекол дека филмов има многу повеќе врска со квантна механика за разлика од Да батерфлај ефект кој е психолошка мистерија.
Е за тоа не се согласувам. Универзумот не може да се врати временски наназад, туку физички, поради тоа што не може да се одржува повеќе процесот на ширење. Кога ќе се намали и ќе дојде до една точка, ќе се случи повторен Биг Бенг и пак ќе почне одново ширењето, се до точка кога пак ќе се враќа ... до бесконечност. Ете филмска грешка во Ноубади ... ако ги бараме веќе.:)
И веќе ако гледаме така на работите тогаш The butterfly effect е апла плагијат на Back to the Future
Не! Погоре пишав зошто.:)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ако веќе го споредувате Батерфлај ефект со некој филм, тоа е The Jacket со Адриан Броди и Кира Најтли. Со тоа што мислам дека Батерфлај е постар ама The Jacket е подобар. Mr.Nobody воопшто не е тајм травел филм, тој само го прикажува животот (животите) на Немо Ноубади од детството до староста, со тоа што редот не е хронолошки туку расфрлан.
Се слагам со ова, The Jacket или Premonition со Сандра Булок би биле посоодветен пример
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Металхамер има ептен строг филмски вкус:pipi:
Би сакала само вака еден пример, кој филм за тебе е за 10-ка?

--- надополнето ---

Се слагам со ова, The Jacket или Premonition со Сандра Булок би биле посоодветен пример
Е што убаво ме потсети Premonition е прекрасен филм, кој не го гледал одма торент да си симне..:)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Се враќа без временска машина, т.е. се враќа неговата свест од повозрасен во телото како дете, па се избегнуваат временските парадокси. Идејата вришти, нешто што досега не се сретнало во филм со патување низ времето.
Ју тинк соу? Нема блага веза со филмот? Читај подолу.

Ефектот на пеперутка ја обработува причинско-последичната зависност, т.е. ако промениш еден детаљ/одлука од твојот живот, ја променуваш целосно твојата и иднината на светот. Поради тоа постојат бесконечен број универзуми, со бесконечен број одлуки во нив.

Значи причината за Нимо да ја изгуби Ана е тој ситен детаљ во кој работникот од Бразил ќе вари јајца, и ќе дојде до дожд. (причинско последичен ефект a.k.a. батерфлај ефект)


Секоја одлука од нашите животи која ја носиме го креира нашиот живот, а во некој паралелен универзум одбираме нешто друго кое го карактериризира животот на тој некој друг `јас` и поради тоа постојат бесконечно многу верзии на мене во бесконечно многу универзуми. Тешко е да одлучиме, бидејќи само еднаш одлучуваме и не можеме да промениме.:smir:
Кога во еден момент би го `сликале` универзумот и го ставиме во супер-компјутер кој ќе обработува податоци и можности ќе можеме да ја предвидиме иднината за секој одреден момент во сите тие паралелни универзуми. Кога би го `сликале` универзумот и го ставиме во супер-компјутер со единствена разлика да ги знаеме за само еден момент насоките на сите објекти во универзумот, ќе можеме да ја одредиме иднината на нашиот универзум до 100% точност. (се надевам не е конфузно објаснето)

За ова и нема што да се коментира, се согласувам.:)

Никој не кажа дека Ноубади е неоригинален или лош филм, мене ми е далеку подобар од Батерфлај ефектот, поуметнички среден, со подобар саундтрак, со ѕверски Џаред Лето.:)
Не водеа сите животи до тоа да се создаде светот на стариот Нимо, бидејќи во некои верзии тој умираше доста млад. Сепак ... Нимо како дете одбра да не одбира (лошо кажано, знам) и со тоа на крај заврши со среќен крај неговата приказна.

Е за тоа не се согласувам. Универзумот не може да се врати временски наназад, туку физички, поради тоа што не може да се одржува повеќе процесот на ширење. Кога ќе се намали и ќе дојде до една точка, ќе се случи повторен Биг Бенг и пак ќе почне одново ширењето, се до точка кога пак ќе се враќа ... до бесконечност. Ете филмска грешка во Ноубади ... ако ги бараме веќе.:)

Не! Погоре пишав зошто.:)
Еве ти дефиниција за батерфлај ефект

The butterfly effect is a metaphor that encapsulates the concept of sensitive dependence on initial conditions in chaos theory; namely that small differences in the initial condition of a dynamical system may produce large variations in the long term behavior of the system

Да претпоставиме дека имаме еден физички систем кој се состои од повеќе единици кои што се меѓузависни помеѓу себе, доколку на една од единиците и ја промениме положбата таа би влијаела на положбите на другите единици во целиот систем. Доколку од претходно би можеле да ги определиме позициите во кои единиците од системот би ја смениле својата положба ние би можеле да го знаеме исходот на малата промена која што планираме да ја направиме во системот односно можеме да ја предвидиме иднината. А за времето тоа го кажав како мерка која што ние на земјата ја користиме, на крај краева што е всушност времето? Во класичната физика се признава постоење на време и се смета дека е врзано за просторот (должина, ширина и висина) така да ако просторот под дејство на јаката гравитација почне да се враќа наназад тогаш и времето би се враќало наназад, додека во квантната физика тоа не фигурира односно не се признава постоење на време, таму тоа е дефинирано како трошење на материјата или константно расштркување на молекулите, доколку ти успееш да ги вратиш моликулите во сите нивни претходни позиции тогаш ти можеш да постигнеш враќање назад во времето, доколку успееш да ги предвидиш нивните идни позиции ќе можеш да ја предвидиш и иднината

Еве ти еден документарец на оваа тема, ја ќе го постирам само првиот дел


Кога сме кај филмовите еве ќе алудирам на различностите

Во Да батерфлај ефект имавме човек кој преку својата свест фактички се враќаше и патуваше во минатото, поради што можеше да влијае на текот на настаните. Додека кај Мр. Ноубади имаме дете кое од нигде никаде (ангелите не го допреле :) ) може да си ја предвиди иднината , не да патува во иднината ниту пак да влијае на настани. Исто така Мр. Ноубади е уметнички обид да се прикаже теоријата на стринговите а Батерфлај ефект ко филм има сосема друга поента.
 
I

Intex

Гостин
Ај некој да ни ги префрли мислењата во наука, па таму да продолжиме, нема смисла вака. Фала.:)
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Ај некој да ни ги префрли мислењата во наука, па таму да продолжиме, нема смисла вака. Фала.:)
Продолжете ја каде сакате,ама никако не застанвајте :smir: баш работиве ме заинтересираја...филмови,книги,предлози ако можи со ваква тематика? фала однапред
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Иначе ако случајно некој не знае... невработениот бразилец е режисерот :) Каков ѕвер!
 
I

Intex

Гостин
Преку денот на ТВ случајно загледав трејлер на Валтер го брани Сараево, и сцената ме трогна ептен, саат време бев скоро без глас.
Вечерта случајно пак на ТВ ја видов последната минутка од филмот, и добив впечаток дека на минутка е базиран V for Vendetta.

Вреди да се изгледа филмот? А филмаџии?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.598

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Into the Wild

Прегледај го приврзокот 37783

Типов е образован,од финансиски стабилно семејство.Има извесни проблеми со родителите,што се рефлектира и на социјалниот живот.Почиња да гледа подруго на работите-убеден дека не му требаат ни луѓе ни пари,ни општествено истакнување,и прави чекор-остава се позади него и тргнува да живее In To The Wild -сам.Успат запознава разни ликови..
Низ филмов се осеќаат стегите на општеството,наметливоста,процедуралноста.
Добар пример кога сакаше да се спушти по реката,па отиде да бара дозвола и требаше да ја чека 12 години :uvo:,ако не,да си плати :)
Очекував повеке,ама вреди да се изгледа.
Забелешка-има превише непотребни дијалози според мене.
Очекуваше повеќе???? филмов е ремек дело!! 1000/10!! ако имал некоја лоша страна, тешко дека би бил на 140 - то место на топ 250 листата на најдобри филмови на сите времиња!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom