30 days of night 2 : Dark Days (2010)
Првиот дел не беше одличен али беше ОК филм, имаше добра атмосфера, и се разликуваше од останативе вампирски филмови, плус се држеа до стрипот (кој е супер, барем првите броеви, после тоа го усраа...).
У вториов дел решиле да забегаат бајги од стрипот и да направат промени, се разбира, на полошо. Само почетокот и крајот ги задржале и тоа се единствените добри моменти у филмов.
- глупи дијалози,
- акција, акција, акција, без некоја содржина и логика, (ме потсeти на ''Resident Evil 4 Afterlife'' кое срање од филм)
- некои добри, интересни, заебани, ''die-hard'' ликови од стрипот се просто претставени, како неважни ликови, за сметка на некои нови, досадни
..требаше да се држат до стрипот како првиот дел, на кој би му дал најверојатно 7, а вториов дел од мене добива :
2.5 / 10