Знам што сакам!

С

Сатори

Гостин
И да голем дел од тие што викаат знам што сакам навистина не знаат али има добар дел што навистина знаат што сакаат :)
Кога станува збор за љубов, врска, емоции, други луѓе кои што реагираат како катализатор на тебе или ти на нив ... нема.
 
B

Borg_Drone

Гостин
И јас некогаш припаѓам во групата што не знае што сака. Едноставно некогаш толку многу ќе ми се случат работи и се бунам цела, се кочам, хаос ми е во главата и не знам што сакам. Јас се држам до паролата: Можеби некогаш не знам што сакам, ама секогаш знам што НЕ сакам. Можеби некогаш некои очекувања и критериуми не ми се јасно подредени, ама секогаш знам што не сакам да ми случи и како не сакам партнерот да се однесува спрема мене, што на некој начин прави да знам што не сакам да очекувам.

Во глава секогаш знам што сакам, знам каков партнер сакам... ама ете некогаш знам да бидам збунета. :)

Епа затоа треба да најдеш рамнотежа, баланс, и граници да имаш нормално.Зошто не можеш ти да бараш да биде партнерот ист како тебе, може да биде сличен по карактер, но не и ист и ако има работи кои он не може да ги исполни или оствари тогаш треба да се помириш со тоа.
Не може да бараш работи од партнерот, кои он не може да ги оствари поради тоа што генетски е таков тип на човек, или пак да бараш да оди против мајка природа и.т.н.
Треба да се помириш и да го прифатиш каков што е.Кога веќе си одлучила да бидеш со него.Зошто на крај, ќе го изгубиш и она што го добиваш од него.
Мегаломанството знае да биде многу опасна работа. :)
Како и егоизмот нормално..Затоа задоволи се и со тоа што го имаш, а другото ако имаш среќа ќе си дојде со тек на време.Само трпение, ништо друго.

Од друга страна ја знам што сакам у секој момент. Знам од прилика и од кого што можам да очекувам така да и не се надевам на нешто превише од понудените можности.
Така и треба, зошто на крај ќе го изгубиш и она што го имаш.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
не можеш ти да бараш да биде партнерот ист како тебе, може да биде сличен по карактер
Мојот партнер и јас сме толку различни,како + и - сме:tapp:
Ама имаме слични карактери и исто размислуваме за општи работи.
И воопшто не е интересно да партнерот биде ист како тебе.Ова од искуство:wink:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Епа затоа треба да најдеш рамнотежа, баланс, и граници да имаш нормално.Зошто не можеш ти да бараш да биде партнерот ист како тебе, може да биде сличен по карактер, но не и ист и ако има работи кои он не може да ги исполни или оствари тогаш треба да се помириш со тоа.
Не може да бараш работи од партнерот, кои он не може да ги оствари поради тоа што генетски е таков тип на човек, или пак да бараш да оди против мајка природа и.т.н.
Треба да се помириш и да го прифатиш каков што е.Кога веќе си одлучила да бидеш со него.Зошто на крај, ќе го изгубиш и она што го добиваш од него.
Мегаломанството знае да биде многу опасна работа. :)
Како и егоизмот нормално..Затоа задоволи се и со тоа што го имаш, а другото ако имаш среќа ќе си дојде со тек на време.Само трпение, ништо друго..
Не, не барам јас ист ко мене, ниту пак совршенство, барам три работи, да е добар, да ме почитува и да ме прифати таква каква што сум. Моментот на не знам што сакам знае да ми се случи кога ќе ми се приближи некој, кога веќе е момент да се направи нешто, јас едноставно колку и да ми се свиѓа како да се кочам и повлекувам и како да се плашам да направам нешто и сум целата збунета, па не знам дали треба да направам или не треба. Ми се десило во пар ситуации ова. :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Знам што сакам, го правам тоа што го сакам и ич не ми е мака за она што го правам.
Кратко и јасно!
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не, не барам јас ист ко мене, ниту пак совршенство, барам три работи, да е добар, да ме почитува и да ме прифати таква каква што сум. Моментот на не знам што сакам знае да ми се случи кога ќе ми се приближи некој, кога веќе е момент да се направи нешто, јас едноставно колку и да ми се свиѓа како да се кочам и повлекувам и како да се плашам да направам нешто и сум целата збунета, па не знам дали треба да направам или не треба. Ми се десило во пар ситуации ова. :)
Можеби тоа ти е одбрамбен механизам, знаеш луѓето секогаш имаат две лица. :)
Затоа најубаво е (ако си фрлила на некој око) од почеток детална анализа, па после ако вреди впушти се во авантура, ако не вреди тогаш гледај го типот само како пријател и ништо повеќе.
Така ти е најубаво.....
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
[FONT=&quot]
Кога си во врска,зошто сум во врска,кога си слободен зошто си слободен,кога се плеткаш со некого ти здосадува,кога трчаш по некого сонуваш за мигови со него,кога ќе го добиеш те снемува од планетата и стануваш недостапна...
Човечки е да сакаш се',но човечки и е да имаш граници,до каде можеш да одиш,што губиш,а што добиваш.Во последно време (за помладите може не е интересно и е несфатливо) актуелен станува брак од еден месец.И за да биде уште поинтересно парот е во врска над 10 години пред да стапат во брак.После еден месец,сфаќаат дека патиштата им се раздвоиле и време е да се разделат.А пред еден месец што мислевте?Трошоците зошто ги правевте за свадби...
Дали воопшто некогаш ќе знаеме што сакаме и очекуваме од партнерот?Дали тоа ќе го сакаме од него долго време или е минлива ситуација подложна на моментални случувања?Може ли некој да се пофали дека знае што сака?
Темава ја прочитав прв пат одручеква, ама површно, и се залетав ко прле пред магарица....И така залетан те цитирав, само што ставив вовед на почетокот.....
Еве го....Вака, ме мрзи да пишувам литературно, 4 и 20 е така да че си зборувам прилепски.Извинете:)
Прво, една работа сакам да кажам. не знам дали е шема или ин е ако си филозоф. Ве читам, некој теореми разработувате ко за Биг бен да станува збор, а уствари темава што ја постави Леандра е многу проста ако гледаме објективно и реално на работите.
Значи продолжувам после цитатов да одговорам на темава....
АРНО АМА,(че си продолжам на прилепски :) ) од ко го прочитав пак постов твој, сватив дека не е просто како што мислев.
Е сега, извини што критикувам, ама постов ти е бучкуруш(на нашки каша попара). Истовремено зборуваш за повеќе работи. Значи ќе почнам од почеток и ќе се потрудам да ти дадам одговори на сите прашања што се прашуваш.
Кога си во врска,зошто сум во врска,кога си слободен зошто си слободен,кога се плеткаш со некого ти здосадува,кога трчаш по некого сонуваш за мигови со него,кога ќе го добиеш те снемува од планетата и стануваш недостапна...
Човечки е да сакаш се',но човечки и е да имаш граници,до каде можеш да одиш,што губиш,а што добиваш.

Ај да не генерализирам оти знам дека за тоа ќе ми се фатите, затоа ќе речам вака. ПРЕТЕЖНО во днк-та на луѓето е да го сакаат она што го немаат, и да бидат алчни. Ова е најкратко што можам да кажам, ако сакаш ќе ја продлабочиме дискусијава. Според насловот, претпоставуам дека е ова суштината на темата што ја постави.[/FONT]
[FONT=&quot]Во последно време (за помладите може не е интересно и е несфатливо) актуелен станува брак од еден месец.И за да биде уште поинтересно парот е во врска над 10 години пред да стапат во брак.После еден месец,сфаќаат дека патиштата им се раздвоиле и време е да се разделат.А пред еден месец што мислевте?Трошоците зошто ги правевте за свадби...
[/FONT]
[FONT=&quot]Ова е веќе сосема друга тема. Отвори друга тема, пример со наслов: Како да знам дека сум спремен/а за брак?!? или слично...смисли нешто па да почниме и таму дискусија :) А ова со трошоциве...не знам за тебе, али за мене не значат ништо ако ми стојат на патот на среќата,едноставно ќе ги прежалам...абе нема ни да ги жалам....
[/FONT]
[FONT=&quot]Дали воопшто некогаш ќе знаеме што сакаме и очекуваме од партнерот?Дали тоа ќе го сакаме од него долго време или е минлива ситуација подложна на моментални случувања?
[/FONT]
[FONT=&quot]Ние секогаш знаеме што сакаме и што очекуваме од партнерот,ама среќни сме до моментот додека не го добијаме она што го сакаме и очекуваме. За ова кривија амбицијата, алчноста, или некој друг термин најди...на тебе оставам. П.С трета тема: Дали навистина сакаме да го добиеме она што го сакаме и очекуваме од партнерот? И како вовед стави го плавиов дел :)

Немој во никој случај да се навредиш, јас само ги кажувам моите гледишта.:smir:[/FONT]
[FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Зошто колку и да се убедуваме сами себе дека не е така.. Знаеме што сакаме но само во МОМЕНТОТ.. Секоја нова ситуација, и нова дешаваљка, болка, среќа е ново искуство.. А од секое ново искуство човекот учи и се променува.. Колку и да е на прв поглед неприметлива таа промена - постои, се дешава.. Во еден месец е доволна најмала ситница, поглед, момент за да сватиш дека не си со правиот човек.. И што е најинтересно.. Никогаш никој неможе да го објасни тоа што го почувствувал така наеднаш на начин на кој било кој друг, па и партнерот што мислел дека е совршен за него ќе може да го разбере и прифати како такво.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Кога станува збор за љубов, врска, емоции, други луѓе кои што реагираат како катализатор на тебе или ти на нив ... нема.
Се разбира дека има.

---------
Што би рекол Струмикс, знам што сакам, знам што правам. Правам она што сакам, прави и партнерот она што сака, а сепак е нешто што не му пречи на ниеден и е во согласност со принципите на секој одделно.
Човек треба сам со себе искрено да си направи муабет за да сфати што сака. Конфузноста, хаотичноста на мислите нормално дека ќе те шашардиса и нема да знаеш што сакаш. Кога ќе си го стабилизираш духот, кога ќе си созрееш и ќе се запознаеш себе си, тогаш си подготвен за она што го сакаш, без идеализирање.
Не е едноставно, точно. Можеби и несфатливо. Но, возможно е.
Јас не можам да замислам да не знам што сакам, едноставно, не можам да функционирам нормално ако не ми се сите работи подредени. И, од денешна гледна точка, додека сум била позелена во паметот не можам да сфатам како сум можела да дозволам некои работи да ми се случуваат, што се` сум толерирала. Но, сето тоа ме научило што ми е потребно, каков третман ми е потребен од луѓето околу мене и каде сакам да бидам. И се стремам секогаш кон тоа и полека, но сигурно стигнувам. Без разлика дали се работи за работа, дали за љубов, дали за пријателства и другарства (дури и познанства).

Не толерирам нешто ако не е во согласност со моите желби, а точно знам што сакам. И убаво си живеам, мирна сум затоа што сум задоволна, а правам што сакам, без да им пречам на другите да го прават истото. Никој од блиските не се пожалил од мене.
Сега ги сфаќам постарите кога ќе ми речеле: „Да ти ги имам годините, да ти го немам паметот“
Их, среќна сум што на 50 години нема да го кажам ова.
 
L

Liberation

Гостин
Кога си во врска,зошто сум во врска,кога си слободен зошто си слободен,кога се плеткаш со некого ти здосадува,кога трчаш по некого сонуваш за мигови со него,кога ќе го добиеш те снемува од планетата и стануваш недостапна...
....?
Може ли некој да се пофали дека знае што сака?
потребата да се има некој, во добро и зло, радост и тага, кој ќе ни даде мотив и причина да бидеме подобри како личност, да научиме да ја зграбуваме иднината и да бидеме некој и нешто... некој на кој ќе може да му ги кажеме најскришните тајни и фантазии, да разговараме, да очекуваме доверба, пријателство, утеха... не се работи за потребата од задоволување на сексуалниот нагон. станува збор за исконска потреба да се чуствуваме сигурно во нечија прегратка, да припаѓаеме некому и тој/таа да ни припаѓа, да се идентификуваме некако...

основната грешка која секој човек ја прави е: те имам, ти си ми сигурна, ама чекај да видам, да ѕирнам таму зад аголот, да не има можеби некој/а подобар/подобра од тебе. пошто ја заслужувам најдобро. и изневеруваме, мислејќи дека тој/таа “подобриотт/подобрата“ ќе биде замена за душичката која ни се предала, па станала неинтересна со тоа и не не предизвикува повеќе како порано. и кога таа личност ќе ја снема од животот, тогаш сфаќаме што сме сториле и што сме изгубиле. ама доцна е веќе, ахааа...

мене не ми е јасно, како може двајца, кои се заедно со години, да не разговарале за основни работи, како сексуалните фантазии, тајните желби, омилените пози, плановите за иднината, сфаќањата за светот... има парови кои се заедно 5-6 години, а не знаат ни која боја му е омилена на партнерот, или што најмногу сака да јаде. има некои кои не ни знаат дека партнерот им обожава тројка, а се доволно во врска за да склучат брак. и после пукале бракови за месец-два. епа ќе пукаат. кога клаваш потпис на брачниот договор, матичарот прашува дали добро се познаваат партнерите. ако некој/а не ги знае преференциите на идниот брачен другар, како мже да рече “да“?

да се вратам на темата. што јас сакам:
-партнер кој не сака тројки и други слични групни “општења“
-партнер кој не се срами од тоа што е, туку мене ќе ме гледа како причина некогаш и да се изложи на ризик за да успее во повисока цел
-партнер кој ќе биде искрен и ако страста спласне, ќе ми каже и ќе се обидеме заеднички да го решиме тоа, а не да бара замене за мене додека истовремено ми тврди дека сеуште ме сака. човк кој не се обидува да ја спаси врската, а најлесно му е да раскине и да си најде друг со кој сексот ќе му биде “поинтересен“ едноставно нема што да бара од мене
-и да... партнер кој нема намера да подлегне под притисоците на средината и очекувањата на блиските и да се ожени на 30-35, наоѓајќи глупави изговори за раскинување.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.667
Поени од реакции
11.817
jas sakam samo zdravje....i malku pari...dobro ne malku moze i mnogu :wink: sum imal mnogu problemi so zdravjeto i nau4iv da go cenam...taka da ako fatam zlatna ripka 1.Zdravje 2.Pari 3. Zeni??!!!
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Кога си во врска,зошто сум во врска,кога си слободен зошто си слободен,кога се плеткаш со некого ти здосадува,кога трчаш по некого сонуваш за мигови со него,кога ќе го добиеш те снемува од планетата и стануваш недостапна...
Човечки е да сакаш се',но човечки и е да имаш граници,до каде можеш да одиш,што губиш,а што добиваш.Во последно време (за помладите може не е интересно и е несфатливо) актуелен станува брак од еден месец.И за да биде уште поинтересно парот е во врска над 10 години пред да стапат во брак.После еден месец,сфаќаат дека патиштата им се раздвоиле и време е да се разделат.А пред еден месец што мислевте?Трошоците зошто ги правевте за свадби...
Дали воопшто некогаш ќе знаеме што сакаме и очекуваме од партнерот?Дали тоа ќе го сакаме од него долго време или е минлива ситуација подложна на моментални случувања?Може ли некој да се пофали дека знае што сака?
Јас неможам да се пофалам дека знам што скам ... бившиот мој ... беше се што посакував и интелектуално и физички и материјално ... одевме 2 години и ништо не испадна ... тотален хаос ... ќе преболам ... и си велам веќе никогаш нема да барам и да очекувам ... едноставно сакам ЉУБОВТА ДА СЕ СЛУЧИ ... КАДЕ И ДА Е И КАКО И ДА Е И КАКОВ И ДА Е
 
Член од
5 февруари 2010
Мислења
290
Поени од реакции
58
Секој човек сам треба да знае што сака самиот тој од сопствениот живот и паралелно на тоа да тргне во потрага по тоа нешто, откако делумно ќе го пронајде да се бори да го добие, а откако ќе го добие да се бори за да го задржи. Една љубов би била вечна се додека парнерите знаат што сакаат самите од себеси и од нивната заедничка врска, на тој начин во секој и еден момент од нивниот заеднички живот би знаеле што сакаат, а што добиваат - и автоматски на тоа би биле среќни заедно и не би си здосадиле еден на друг. За да се постигне сето тоа и двајцата треба да бидат силни карактери, кои би ги познавале вредностите на животот и љубовта, и таа љубов која постои меѓу нив не би згаснала никогаш, туку напротив со секој ден се повеќе и повеќе би се развивала без разлика дали во врска се два месеци или 5 години. Според мене мислам дека не би било нормално и здраво за една љубовна врска да продолжи во рок над 5 - 6 години, па дури после тоа да стапат во брак бидејќи се работи за навистина еден долг период и нормално кога има отсуство на деца со тек на времето монотонијата и секојдневните проблеми се се поголеми. И се јавуваат проблеми на почетокот на бракот кои тие дотогаш веќе би требало да ги имаат проживеано и издржано. Затоа според мене сметам дека кога една љубовна врска би продолжила во рок од 3 - 4 години и доколку партнерите се сигурни за тоа дали сакаат животот да го продолжат заедно или не, мислам дека би требало да стапат во брак. Колку повеќе едно нешто продолжува без промени и иновации, шансите за неуспех се поголеми !
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Во мојот случај јас знам точно што сакам. Не менувам мислења преку ноќ. Ова се однесува околу се. Во случај на љубовта, доколку осетам дека девојката не ја сакам доволно, нема што да се женам со неа.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Јас МИСЛАМ дека знам што сакам. Мислам затоа што во моментов сум со девојка која нема многу од работите кои мислев дека ги сакам а сепак едноставно ми се допаа и ради неа си ги прекршив сите принципи, али јбг љубов е и на тоа поле секад си ја следам интуицијата, на крај ако барам логика у љубов уше од старт гадно сум се заебал, тоа е тоа.
Она што мислам дека го сакам е посветеност, искреност, верба, правење компроомиси , разбирање.....но на крај, не функционираат работите така...едноставно некогаш некоја девојка има се а не е тоа тоа, некоја девојка не си ни сонувал дека ќе ти се допадне а ипак it clicks!!!
Никој не може дефинитивно да знае што сака, финтата е да кога ќе најдеш нешто што го сакаш да го препознаеш, да се трудиш да го задржиш и да го ценишп тоа што го имаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom