Знам што сакам!

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога си во врска,зошто сум во врска,кога си слободен зошто си слободен,кога се плеткаш со некого ти здосадува,кога трчаш по некого сонуваш за мигови со него,кога ќе го добиеш те снемува од планетата и стануваш недостапна...
Човечки е да сакаш се',но човечки и е да имаш граници,до каде можеш да одиш,што губиш,а што добиваш.Во последно време (за помладите може не е интересно и е несфатливо) актуелен станува брак од еден месец.И за да биде уште поинтересно парот е во врска над 10 години пред да стапат во брак.После еден месец,сфаќаат дека патиштата им се раздвоиле и време е да се разделат.А пред еден месец што мислевте?Трошоците зошто ги правевте за свадби...
Дали воопшто некогаш ќе знаеме што сакаме и очекуваме од партнерот?Дали тоа ќе го сакаме од него долго време или е минлива ситуација подложна на моментални случувања?Може ли некој да се пофали дека знае што сака?
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Од моја генерација знам неколку чупиња мажени на 17тина години.Дел од нив се изразведија, нормално :tapp:.
 
Член од
2 март 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0

Се пронајдов во текстот, само без делот со бракот,фала богу :vozbud: , тешко е човек да знае што сака , сакаш-немаш , имаш-нецениш :toe: , но уште почудни ми се оние личности и неможам да ги разберам кога ќе прекинат доооолга врска и веднаш потоа наоѓаат нов партнер , идат 2,3-4 месеци и стапуваат во брак, како тоа веднаш да им се насмеала среќата и да ја нашле личноста на нивниот живот и им е доволно само неколку месеци за да ја разберат, чудни работи :tapp: , незнам дали се работи само за страв да не се остане сам/а или лечење комплекси ?
 
Gunner_L

Lord , Lord Bendtner
Член од
7 април 2009
Мислења
922
Поени од реакции
500
Од моја генерација знам неколку чупиња мажени на 17тина години.Дел од нив се изразведија, нормално :tapp:.
вакви ги има секаде.. ова е до некаде жално.. не размислуваат и направат грешка .. со тоа губат се ! .. губат убав дел од животот кој што може да се искористеи на доста попаметен начин.. а и не се само децата криви .. голема вина имаат и родилтелите со тоа што не им укажуваат како треба во животот ..:toe:
 
С

Сатори

Гостин
Дали воопшто некогаш ќе знаеме што сакаме и очекуваме од партнерот?Дали тоа ќе го сакаме од него долго време или е минлива ситуација подложна на моментални случувања?Може ли некој да се пофали дека знае што сака?
Единственото поле на кое што целосно се наоѓам себеси, единственото исполнување кое што му припаѓа на домен каде јас знам што сакам е идната професија, затоа што е лесно, распоред и анализа, и проекција.Но релациите помеѓу луѓето се трик, нестабилни и несигурни креации кои што се градат со години за да се срушат врз оние кои што ги граделе со тешки емоцинални, психички последици, понекогаш и физички зависи од нивото на гнев.Да се знае што се сака е да се биде хуманитарец во пустина полна со арапски трговци, затоа што егоизмот на луѓето потекнува од нивните каприциозни желби да поседуваат, но не она што го сакаат, туку она што мислат дека им треба.

Релативитетот владее, посебно кога сме во врска, што може да направи еден маж за фелацио, што може да направи една жена за дијамантски свршенички прстен ... секое расположение зависи од ситуацијата, а не пак кревок однос во кој што сите сакаат да го добијат она што им изгледа допадливо во моментот, затоа што љубовта не е синоним на врска.
Оние што велат дека знаат што сакаат, лажат или се во тешко одрекување.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.
M

marsovka

Гостин
Пошто е кевл да се кења : Генерализација !
И тоа тешка ... знаеш што сакаш и земаш толку е тешко ли?

Земаш се обидуваш и играш наспроти сите ризици и можни проблеми. Не е проблемот знам што сакам туку дали си муж тоа го земеш што го сакаш и да се избориш за тоа што го сакаш. Проблемот овде не е дали знаат што сакаат туку како со се што носи тоа што го сакаат да го носат на грб и добро и лошо :)

Вообичаен и најголем проблем е од сите избори што ги имаш во овој свет на слобода да го избереш правиот и да се држиш до него :)
А.К.А да дознаеш што сакаш :)

И да голем дел од тие што викаат знам што сакам навистина не знаат али има добар дел што навистина знаат што сакаат :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И јас некогаш припаѓам во групата што не знае што сака. Едноставно некогаш толку многу работи ќе ми се случат и се бунам цела, се кочам, хаос ми е во главата и не знам што сакам. Јас се држам до паролата: Можеби некогаш не знам што сакам, ама секогаш знам што НЕ сакам. Можеби некогаш некои очекувања и критериуми не ми се јасно подредени, ама секогаш знам што не сакам да ми случи и како не сакам партнерот да се однесува спрема мене, што на некој начин прави да знам што не сакам да очекувам.

Во глава секогаш знам што сакам, знам каков партнер сакам... ама ете некогаш знам да бидам збунета. :)
 
S

StereoLove

Гостин
Знам што сакам јас а и тоа го барам:Искрен тип,кој ке ме сака,кој ке ме цени.
Во некои моменти сум се наоигала во позиција кога незнам што сакам кој да одберам но на крај се испага добро :pipi:

Има многу кои се не знаат што сакаат па ова сакам па го несакам,па такво па онакво.На нерви ми одат тие.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
od prilika ne znam so sakam ,,,, cudno ali ljubovta e takva...na kraj od koga ke pominam 30 god vo brak so nekoj e togas ke kazam pa jas nego sum go sakala a se do pred toa niso ne zboram:toe:
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
147
Поени од реакции
21
не ме интересираат, листи, шаблони, норми итн, поготово не за врски....нити за несериозни нити за сериозни врски...само знам дека никогаш немам некои однапред зацртани очекувања...ова сакам ,ова нејќам, вака треба , вака не треба...ни како дете не бев разгален, а камоли сега...се справувам со тоа што го имам во моментот....ако при тоа осетам дека ме сака, тогаш тоа е бонус
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Ова највише ме нервира кај припадничките на понежниот пол кои ги познавам, небитно дали другарки,љубовнички или нешто трето. Се доаѓа до одредена точка у односите каде што се застанува у некој меѓупростор каде што владее статус кво. Мене како карактер тоа ме иритира затоа што стално сакам да знам на што сум т.е. да нема превише трте-мрте. А пошо другата страна најчесто не знае што сака ја морам да ставам крај на тоа ``мачење``. Ипак сум човек од принципи до кои цврсто се придржувам недозволувајќи да бидам изигран на овој или на оној начин.

Од друга страна ја знам што сакам у секој момент. Знам од прилика и од кого што можам да очекувам така да и не се надевам на нешто превише од понудените можности.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дали она што го сакаме е толку идеализирано во нашите глави,што е невозможно да се најде во реалноста?Дали токму поради тој момент доаѓаме до ситуации „што правам јас со човеков“?
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
147
Поени од реакции
21
не...до такви ситуации се доаѓа кога се нема јасен став и решителност
 
M

marsovka

Гостин
Дали она што го сакаме е толку идеализирано во нашите глави,што е невозможно да се најде во реалноста?Дали токму поради тој момент доаѓаме до ситуации „што правам јас со човеков“?
Има неколку варијанти и неколку одговори на ова прашање зависно од дадената ситуација и начинот на функционирање на човекот кој го поставува ова прашање:

Прва варијанта е дека личноста А видела дека личноста Б може да биде нешто повеќе од ова што е и дека може да се смени со нејзина помош . Нажалост голем дел од промените кои се случуваат кај луѓето се иницирани од болка . Личноста А сваќа дека промените не може да ги предизвика со едноставно бланко подршка кон линоста б и дека тоа ја истоштува

Втора варијанта е дека личноста А она што сака и она што и треба е раздалечено неколку светлосни години неколку илјади светлосни години, па во момент на очај и осаменост влегува во врска со личност Б со која имале супер другарски однос.

Трета варијанта е личноста А на прв поглед , втор и трет видела тоа што сакала да види кај личноста Б и и одговарало во тој даден момент како што минува времето така испаѓа дека личноста Б suck .

Четврта варијанта е личноста А живее со паметот позади 7 планини, 7 мориња, 7 долини во земјата Far, far away .
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Дали она што го сакаме е толку идеализирано во нашите глави,што е невозможно да се најде во реалноста?Дали токму поради тој момент доаѓаме до ситуации „што правам јас со човеков“?
Би рекла често поставувано прашање.
Мислам секојдневните случки и комуникации не менуваат постојано.Ако еднаш сум сакала нешто,после некое време сакам друго.Сега сакам само љубов,после сакам друштво.
Ако партнерот е одамна одбран и бендисан:pipi:,а после почнувам да наоѓам мани ,тоа е затоа што јас сум се променила и сме сум додала нешто ново на списокот.
Не е можно еднаш да сум била среќна со него,да ме задоволува со се,а после да прашам-шо барам јас со него.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom