Не сум дебел (далеку од тоа), ама во последниве 5 години се опуштив со дремење пред ПЦ (додека студирав), пиев пиво, јадев благо, и се останато. Е сега, работава е што имам пуштено стомак и гз, а останатата физиономија ми е нормална.
Пред 1 недела престанав да јадам благо, бел леб, и све што содржи брзи јаглехидрати. Вежбам од порано, се движам, трчам, и сите потребни активности за здрав живот.
Е сега, колку што знам јас, мозокот на човекот е создаден да складира масни резерви кај пределот од стомакот, и затоа најбрзо таму се дебелиме. Процесот е обратен кога се трудиме да ослабиме. Све на телото слабее, и последен на листата е стомакот.
Трчање, помалце благо и мрсно е веќе познато.
Ако имате некаква друга идеа, диета за побрзо слабеење на стомак, вежба, или слично, пишете..