- Член од
- 24 ноември 2009
- Мислења
- 4.959
- Поени од реакции
- 4.882
Сваќаш ли дека тие доктори се некоординирани и дека најлесно им е на родителите да им речат обезбедете крв ?? еве ти што велат од трансфузологијаАко се прави штета, а тоа го рекол тој и тој доктор, тогаш нека си го собере колективот доктори и кој ќе им каже на родителите дека има потреба од крв, нека го отпушти од работа.
За циклусот на дарување имаш поента, ама дај боже толкав одзив да имаше и еден ваков повик да повлечеше 10.000 дарители кои се најредовни... Луѓето бараат од зорт, не од желба да се прават хумани. Имаш број од татко, мајка на девојчето. Ајде, јави им се и кажи им дека не треба да бараат крв - бидејќи имало. Освен ако не си вработен во трансфузиологија и можеш да гарантираш дека ќерка им ќе има крв, тогаш - молк, пријателе. Реално.
НЕКООРДИНИРАНост
Кружат апели за крводарување, а крв има доволно
Има доволно резерви крв и непотребни се апелите до крводарителите кои деновиве се појавија во медиумите, тврдат во Републичкиот завод за трансфузиологија.
Семејствата кои биле принудени да обезбедат драгоцена течност за своите најблиски се револтирани кога дознале дека имало доволно единици од крвта која тие итно морале да ја најдат.
- Лекарите ни рекоа што е можно побрзо да обезбедиме неколку шишиња крв, во спротивно пациентот нема да може да се оперира. Веднаш упативме апел на една телевизија оти не знаевме дека имало крв во Заводот - револтирани се блиски роднини на еден пациент.
Во Заводот велат дека станува збор за недоразбирање.
- Хирурзите им велат на пациентите да обезбедат крв, а тие одат прво да дадат апел во некој медиум, а потоа доаѓаат во Заводот. Семејствата мора да се обратат прво кај нас за да проверат дали има крв од крвната група што се бара, а потоа да даваат апели во медиумите. Ако бараме крв и тогаш кога ја има доволно, може да се случи дарителите да не ни веруваат кога таа навистина ќе ни треба. А апел треба да дава овластена институција- објаснува директорот д-р Кочо Димитровски, кој реагирал до Управата на Клиничкиот центар.
За потребите на пациентите на скопските клиники просечно требаат по 100 единици крв дневно. На секој апел за вонредни крводарителски акции се јавувале најмалку по 5-6 граѓани.