Се бара крвна група Б (-) НЕГАТИВ или Б (+) ПОЗИТИВ за спасување на животот на Маја!

Статус
Затворена за нови мислења.
Ако се прави штета, а тоа го рекол тој и тој доктор, тогаш нека си го собере колективот доктори и кој ќе им каже на родителите дека има потреба од крв, нека го отпушти од работа.

За циклусот на дарување имаш поента, ама дај боже толкав одзив да имаше и еден ваков повик да повлечеше 10.000 дарители кои се најредовни... Луѓето бараат од зорт, не од желба да се прават хумани. Имаш број од татко, мајка на девојчето. Ајде, јави им се и кажи им дека не треба да бараат крв - бидејќи имало. Освен ако не си вработен во трансфузиологија и можеш да гарантираш дека ќерка им ќе има крв, тогаш - молк, пријателе. Реално.
Сваќаш ли дека тие доктори се некоординирани и дека најлесно им е на родителите да им речат обезбедете крв ?? еве ти што велат од трансфузологија

НЕКООРДИНИРАНост
Кружат апели за крводарување, а крв има доволно

Има доволно резерви крв и непотребни се апелите до крводарителите кои деновиве се појавија во медиумите, тврдат во Републичкиот завод за трансфузиологија.

Семејствата кои биле принудени да обезбедат драгоцена течност за своите најблиски се револтирани кога дознале дека имало доволно единици од крвта која тие итно морале да ја најдат.

- Лекарите ни рекоа што е можно побрзо да обезбедиме неколку шишиња крв, во спротивно пациентот нема да може да се оперира. Веднаш упативме апел на една телевизија оти не знаевме дека имало крв во Заводот - револтирани се блиски роднини на еден пациент.

Во Заводот велат дека станува збор за недоразбирање.

- Хирурзите им велат на пациентите да обезбедат крв, а тие одат прво да дадат апел во некој медиум, а потоа доаѓаат во Заводот. Семејствата мора да се обратат прво кај нас за да проверат дали има крв од крвната група што се бара, а потоа да даваат апели во медиумите. Ако бараме крв и тогаш кога ја има доволно, може да се случи дарителите да не ни веруваат кога таа навистина ќе ни треба. А апел треба да дава овластена институција- објаснува директорот д-р Кочо Димитровски, кој реагирал до Управата на Клиничкиот центар.

За потребите на пациентите на скопските клиники просечно требаат по 100 единици крв дневно. На секој апел за вонредни крводарителски акции се јавувале најмалку по 5-6 граѓани.
 
Кога цитираш медиум, по правила, стави линк до изворот, ради веродостојност, не дека јас не ти верувам, ама тоа е правило (покрај веродостојност, и поради копирајт).

Нејсе, друго ти зборам, да повторам: не се сомневам во тоа што го кажуваш, ама ИЗБЕЗУМЕНИТЕ РОДИТЕЛИ кои можеби се справуваат со дете болно од леукемија - НЕМААТ друг избор. Затоа и пишав: ако докторите се неорганизирани, нека се организираат.

Луѓево по два бубрега би дале детето да им е океј, а ние ќе полемизираме овде за организираноста во здравството... те молам.

Повели, отвори тема на оваа тематика, ќе разговараме... можеби и ќе иницираме некаква промена на нешто. Ама оваа тема е за друго. И би ценел да се држиш до неа.

Фала. :smir:
 
Сваќаш ли дека тие доктори се некоординирани и дека најлесно им е на родителите да им речат обезбедете крв ?? еве ти што велат од трансфузологија

НЕКООРДИНИРАНост
Кружат апели за крводарување, а крв има доволно

Има доволно резерви крв и непотребни се апелите до крводарителите кои деновиве се појавија во медиумите, тврдат во Републичкиот завод за трансфузиологија.

Семејствата кои биле принудени да обезбедат драгоцена течност за своите најблиски се револтирани кога дознале дека имало доволно единици од крвта која тие итно морале да ја најдат.

- Лекарите ни рекоа што е можно побрзо да обезбедиме неколку шишиња крв, во спротивно пациентот нема да може да се оперира. Веднаш упативме апел на една телевизија оти не знаевме дека имало крв во Заводот - револтирани се блиски роднини на еден пациент.

Во Заводот велат дека станува збор за недоразбирање.

- Хирурзите им велат на пациентите да обезбедат крв, а тие одат прво да дадат апел во некој медиум, а потоа доаѓаат во Заводот. Семејствата мора да се обратат прво кај нас за да проверат дали има крв од крвната група што се бара, а потоа да даваат апели во медиумите. Ако бараме крв и тогаш кога ја има доволно, може да се случи дарителите да не ни веруваат кога таа навистина ќе ни треба. А апел треба да дава овластена институција- објаснува директорот д-р Кочо Димитровски, кој реагирал до Управата на Клиничкиот центар.

За потребите на пациентите на скопските клиники просечно требаат по 100 единици крв дневно. На секој апел за вонредни крводарителски акции се јавувале најмалку по 5-6 граѓани.

Овде не се работи за операција, претпоставувам се работи за пациент од хематологија, што нема врска со стандардната процедура за крв за операција што се спроведува. http://www.forum.kajgana.com/showpost.php?p=3257376&postcount=15 и тука ти имам одговорено, види, прочитај, и stay out of it кога не знаеш. :smir:
 
Разбирам препукување и дрвење на други теми, ама и на овој подфорум каде на некого му е и повеќе од потребна нашата помош?:tapp:
Убаво рекле дека молчењето понекогаш е злато(во случајов некористење на тастатурата и неотварање на темава/подфорумов во која некој очигледно си има мака).А кога некој бара спас за свое 20 годишно чедо, нема поголем срам од тоа наместо да се помогне на тие луѓе, некој да објаснува дека крв имало и повеќе од доволно.
Ајде не претерувајте више јебига,разбирам дека сакате да помогнете сите и дека најлесно вие вака стаи соопштение на фб или некој форум, и полнисиго егото дека си спасил живот.
Срам ми е што ти го читам постов и што знам дека и ти дишеш од истиот воздух од кој дишам јас и сите со малку човечност.Засрами се :глуБ:
 
Овде не се работи за операција, претпоставувам се работи за пациент од хематологија, што нема врска со стандардната процедура за крв за операција што се спроведува. http://www.forum.kajgana.com/showpost.php?p=3257376&postcount=15 и тука ти имам одговорено, види, прочитај, и stay out of it кога не знаеш. :smir:

Точно така Алтернатив. Не се работи за операција или незнам што и една две единици крв да се доволни. Пациентката има потреба од повеќе крв.

Секој кога ќе прочита ваков апел се раководи по својот разум, свест и совест.
Јас прочитав и после работа (околу 17,30 ч) отидов и дадов крв.
Знам дека е многу ретка оваа крвна група и едноставно неможев а да не отидам.

Ми се видоа доста некоректни пишувањата на Добро Познат. Темава не е за дискутирање околу лошата состојба во нашето здравство.
 
Вака сега..Имам Б- и имам огромна желба да помогнам во случајов. Едно нешто што ме кочи е тоа што сакам да ве прашам вас, позапознаените. Дали додека се прават испитувања(нели мора некои испитувања да се направат ваљда) се одредува дали имам земено некои недозволени супстанци(ме сфаќате сигурно), и во случајов дали тие сметаат на тоа? Ај ве молам што побрзо одговорете ми.
 
Да, не треба да имаш користено недозволени супстанци ако сакаш да донираш крв :smir:
 
Не зезај...:(:(:(:(...Сигурно? Зашто како што ме служи памтењето уште во средно имаа донирано типови со многу сериозни случаи во споредба со мене...
 
Сто посто, пред да донираш крв пополнуваш формулар со прашања и има прашање дали си консумирал наркотични средства или алкохол во последно време. Не смееш да донираш крв во тој случај, ако има некој што навистина мисли дека грешам нека ме поправи веднаш, но сигурна сум дека беше вака :(
 
Така е, последно нешто што му треба на некој кој е под толку силна терапија се остатоци од наркотици во крвта. Ти секако можеш да излажеш на формуларот (не сум 100% сигурна дека тестираат за наркотици при донирање) но не е воопшто разумно да го направиш тоа.
 
Таман работа...затоа и прашав. Не сакам на некого да нанесам зло место добро. А за колку време би можел да донирам, ако последен пат сум консумирал пред точно еден месец? Односно колку е тоа "последно" време.
 
Зависи што си земал, изгуглај и види колку време треба за конкретната супстанца да се исфрли од организмот.
 
Моментално изгуглав. Се работи за марихуана во многу мала количина. На некои страници пишува дека трае во телото од 3 до 30 дена, на некои пишува дека може да се донира се додека не си под дејство за време на донирањето.

http://www.savannahredcross.org/blood_eligibility.asp

http://www.answerbag.com/q_view/297977

Сепак да не бидам офф топик, многу ми е жал...премногу..мислам дека не би смеел да ризикувам за туѓ живот..
 
Не разбирам.... Б- или Б+? Која крвна група е девојчево? Оти ако е Б+, а прими Б-, не е на арно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom