- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
Бугарија ја чека нова казна од ЕУ
Европската Унија ја предупреди Бугарија, својата најсиромашна членка, дека би можела да загуби една милијарди евра помош, но и да биде дополнително финансиски казнета ако новата влада не ја запре измамата со фондовите на Унијата и корупцијата. Бугарската влада, според министерот за земјоделство Мирослав Најденов, има рок од два месеца за соочување со проблемите поради кои претходната влада го загуби правото на 3,2 милијарди евра европска помош за рурален и земјоделски развој.
Владата на Бојко Борисов, која беше избрана токму заради ветувањето дека ќе ја засили борбата против корупцијата, исто така има еден месец да се обиде да избегне казна од ЕУ поради нелегална замена на земјиште, изјави токму Борисов.
За ваквата состојба тој ја обвини претходната социјалистичка влада, која беше критикувана за неспособност и неуспех во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Аналитичарите, меѓутоа, наведуваат дека и новата влада во првите шест месеци не направила многу за да воспостави механизам за спречување измами со фондовите на ЕУ.
- Секој Бугарин мора од свој џеб да плаќа за измамите за кои е одговорна претходната влада - изјави Борисов.
Европската комисија и' напиша писмо на бугарската влада во кое се наведува дека Софија се соочува со казна од 126 милиони евра ако не успее да докаже дека 15 случаи на замена на земјиште во државна сопственост со приватни сопственици не претставува државна помош. Обвинителството за овие случаи го обвини поранешниот министер за земјоделство, но судењата се' уште не започнале.
Организациите за борба против корупцијата тврдат дека замената на државно земјиште за расцепкано приватно земјиште со лош квалитет претставува најтежок пример за политичка корупција во Бугарија во последните четири години.
Од друга страна, и покрај ветувањето на владата дека ќе го забрза пристапот до 13 милијарди евра европска помош предвидена до 2013 година, Бугарија и натаму се наоѓа на последното место во 27-члената Унија по искористување на европските фондови.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=62E5AD72549FBA44A74B1DF74B6AC344