Воопшто не се секирам за статиката на целиот објект.
Македонските градежници, а посебно оние дипломираните после 1963, се врвни статичари, така да е невозможно статички да го заебале објектот, и би стоел долу во случај на не дај Боже земјотрес.
Околу водата...незнам како испланирале, ама ќе се покаже на првиот посилен дожд.
Апсолутно се согласувам дека милион пати поубаво решение ќе беше кружен тек.
Можеби ќе загубеа 10-на паркинг места ама минувањето ќе беше многу побрзо. Или сега ако се може нешто со репрограмирање на тоа семафорите, вака е безвеза.
Не е до народот, до мајсторите е. Гранитна плочка не пука од одење по неа, а не верувам некоја будала да шета со токмак и да ги крши. Погледнете само колку плочки се лошо наместени. Неправилна фуга, различна висина, башка и механизацијата шеташе по нив.
Од друга страна, не се и тие најголемите виновници.
Градежниците треба да градат, а не политичарите. 7-8 месеци...и пак не е целосно готово, а се работеше набрзина, се разбира од политички причини. Не мораше да биде сега готово, нека беше за некој месец повеќе, ама поштено изградено.