Квалификации за Европско Првенство - Полска и Украина 2012

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Ova e istoriska sansa za makedonskiot fudbal,bar ja taka mislam..i ne znam so tolku ste se uplasile od rusite???u Skopje i te kako mozeme da gi tepame ili nereseno..koga mozevme so anglija i holandija zosto da ne i so rusite?sto se oni tolku mnogu pojaki od ovie dve ekipi???samo so pamet i so PANDEV do Evropsko,nisto drugo ne ni treba!!
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.003
Поени од реакции
5.645
Па од тие првите ти се десет пати појјаки... И јас не се плашам само од Русите, се плашам и од Ирците и од Словаците.
 
gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Ај една анализа да пробам да направам :tv:

Ако сакаме европско сите знаеме дека МОРА да освоиме 12 бода од 4 утакмици со Ерменија и Андора,и тука пак стартуваме како од 0 против другите екипи ,пошто и они исто ќе ги плеснат ...

Никако не смееме да изгубиме бодови дома ,градски треба да го направиме неосвоива тврдина ,а на страна многу јако да се бориме за секој бод
Ете така ќе одиме на ЕП ,јас се надевам дека менталитетот на овие наши напатени сироти македонски фудбалери им е барем малце сменет ,и дека освен Пандев во овие кфалификации ќе блесне на. пр и Тасевски,Гроздановски
Ристиќ да го викнат под итно бидејќи без него тешко нас
незнам шо ќе прави Јонуз и како ќе прави ,јас сакам Македонија да ја гледам на ЕП во Полска
И пак ќе се повторам со еден играч ништо не правиме Пандев сам неможе да игра и да решава натпревари ,тоа се гледа и во Интер сега дека прави лом и сите се палиме ,ама таму игра позади со Камбиасо ,до него Шнајдер ,а напред Милито

Во нашава репрезентација нема играчи од барем приближен калибар како овие ,единствено добро шо може е да изиграат подобро на дефанзивен план,што се однесува до нападот сите па и Пандев во некои моменти тотално оплескуваат се
 
M

Mario Gómez

Гостин

Шумуликоски = Камбиасо
Милито= Наумоски
Шнајдер= Тасевски

Уште Ето фали за да се чуствува како во Интер, немаме некој циган во репрезентација...:toe:
 
I

InF3cTeD

Гостин
Боби[Мкд];3296460 напиша:
Шумуликоски = Камбиасо
Милито= Наумоски
Шнајдер= Тасевски

Уште Ето фали за да се чуствува како во Интер, немаме некој циган во репрезентација...:toe:
ќе натурализираат некој од нашава лига ако ги има....:wink:

Ја мислам дека групата шо ни се падна навидум изгледа лесна и нормално е да се очекува пласман на европско..ама јас лично не сум оптимист,познавајќи ја нашава репрезентација,која чека се од Пандев,знам дека ќе усереме на некоја утакмица,а според мене Македонија би освоила 14 бода
Русија 0/6
Словачка 1/6
Ирска 1/6
Ерменија 6/6
Андора 6/6
Тоа е тоа,останува да чекаме и да видиме како ќе се покажат нашите.
 
gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Боби[Мкд];3296460 напиша:
Шумуликоски = Камбиасо
Милито= Наумоски
Шнајдер= Тасевски

Уште Ето фали за да се чуствува како во Интер, немаме некој циган во репрезентација...:toe:
извини брат ама споредбава ти е смешна и ни малку не се совпаѓа ,ако оценуваме квалитет,менталитет и физичка подготвеност ,се дури немаме уште 1-2 играчи барем малку приближни до квалитетот на Пандев ништо не правиме во ниедни кфалификации,можеме само да се палимие пред да почнат кфалификациите и на крај натажени да си го напуштаме градски кога ќе ги прсне ерменија дома 1-2,бидејќи најверојатно таму повеќе се вложува во фудбалот што сигурно резултира со подобра слика на репрезентацијата

шала на страна ама ние сме полоши и некои афрички фудбалски првенства,а со таков домашен фудбал ЕП е далеку без разлика колку играчи имаме настрана во "јаки" лиги,фубалерот се изградува уште во домашното првенство кога е млад ,а не кога ќе отиде на 20-25 години во некои друго првенство

- Не постои лесна или тешка група. Нашите очекувања беа едни, ждрепката донесе нешто друго, но главен заклучок е дека можеме против сите да играме - беше воведниот коментар на Јонуз по ждрепката.
Македонија посакуваше поинаква група, со атрактивни противници, кои ем финансиски ќе бидат исплатливи, ем ќе ја наполнат арената „Филип Втори“. Наместо тоа, Македонија, која е сместена во групата Б, ја одминаа богатите гиганти од првиот барабан
ЖЕЛБАТА Е ПАРИ ДА СЕ НАПРАВАТ БЕ ,А НЕ ДА СЕ МИСЛИ ПЛАСМАН НА ЕП ,НЕШТО ШТО 2.000.000 НАРОД ГО ОЧЕКУВА ,ПАРИ САКААТ У ЏЕБ ДА СИ ПИКНАТ БЕ ,А НИ ТРОШКА ДА НЕ ИНВЕСТИРААТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ И НАШИТЕ ТАЛЕНТИ

СЕ ДУРИ Е ТАКА НЕКА СЕ Е*АТ У ** И ОНИ И МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ И СВЕ НЕКА ИДЕ У К***Ц
А ЈАС ПАК КАКО БУДАЛА ЌЕ ОДАМ И ЌЕ НАВИВАМ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА БИДЕЈЌИ НЕМОЖАМ ДА ЈА ИЗГУБАМ ЉУБОВТА КОН РЕПРЕЗЕНТАТИОВНИОТ ДРЕС И ЖОЛТО-ЦРВЕНТАТА БОЈА

не треба еден човек да се појави на стадион,па нека сисаат тогаш
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.003
Поени од реакции
5.645
Ај сега диши длабоко... Ни Хрватите немаат којзнае какво првенство, па се редовни учесници на големите натпреварувања... Ни Србите, а за Босанците да не зборувам, па беа на праг на бараж... Ни Ирска нема силно првенство, па Франција со помош на судиите се пласира на СП... Нема врска дека ако домашната лига е јака и репрезентацијата ќе е јака, за имиња и лига Англија е најјака, ама не настапи на последното ЕП, а ќе се усерат и на СП, се надевам ни група нема да минат.
Можеби на некој ќе му биде смешно, ама ние и не играме толку лош фудбал... Во последниве пет-шест години единствено не успеавме да и се спротиставиме на Русија и на Холандија (но само кога гостувавме)... Некогаш немаме спортска среќа, некогаш немаме реализација, некогаш противниците ја спасуваат топката од самата гол линија... многупати судиите и тоа како не оштетуваат, во можеби најважниот натпревар во претходните квалификации ни поништија чист гол против Холандија, кој верувам ќе ни донесеше најмалце бараж...
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.878
Поени од реакции
6.936

Точно е дека Хрватска, Србија и БиХ немаат силни лиги (како нашата се) ама 90% од играчите има играат во странство. Под “странство“ подразбирам Германија, Шпанија, Англија, а не Бугарија, Полска, Кипар, Украина, Чешка. На Хрватите и Босанците пола репрезентација им игра во Германија. Србија ги има Видиќ, Ивановиќ, Јовановиќ, Красиќ, Станковиќ, а ние само со Пандев кур ќе свиткаме. Исто како и во другите спортови по еден Стефанов, еден Лазаров, еден Наумоски (Петар), еден Манасков, една Кастратовиќ и мора да се задоволуваме со просечни резултати.:tapp:

Море море значи стварно немаме среќа во ждрепката. Добивме противници измешани од поранешни квалификациски циклуси. Никако да добиеме нешто ново, помалку познато каде што ќе имаме и можност да изненадиме. Вака сите не знаат добро, како играме, како не победиле во минатото. Не ми е мило од една страна заради играчите пошто имаат комплекс од репрезентациите од Источна Европа и стварно ќе се мачат иако не се екипи од типот на Англија, Холандија, Португалија, Хрватска. Од друга страна ми е мило што ФФМ не добија можност за поленење на касата со милионски суми. Самите рекоа дека не ги сакаат Русија и Словачка (имаат претходно пресметка направено) и баш тие има се паднаа. Ако им текне да пуштат карти поскапи од 300 ден. за со Русија, Словачка и Ирска нема ни 10 000 публика да има (а нели се гради за 38 000). Русија и Словачка не се атрактивни репрезентации ама во еднаква игра ќе ти шибнат 2-3 гола и ај со здравје. Само од третиот шешир се падна добро (Ирска) и тука имаме шанси барем за една победа. Со Ерменија (а и со Андора) ќе биде катастрофа ако не освоиме 12 бода. Без тоа квалификациите се завршени за нас. По моја проценка не би требало да освоиме повеќе од 10-12 бода кои ќе бидат доволни САМО да и избегаме на Ерменија од 5-то место.
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Па ако сакаме да постигнеме некој поголем успех мора да ја тепаме Ерменија во гости... Во далеку полесна група од оваа што ја имаме сега Ерменија беше последна со само еден нерешен и една победа, мора да учиме од своите грешки и да не си дозволиме луксузи да губиме бодови од аутсајдерите.

Ова второво не ти е објективно, туку ти е песимистички... Дома можеме да ги добиеме сите, на гости, Ерменија и Андора сигурно!!!
Улав да не си ти бе...:pos2::vozbud:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.003
Поени од реакции
5.645
Улав да не си ти бе...:pos2::vozbud:
Па можеме... во Скопје паднале поголеми репрезентации, па за Словачка и Ирска било проблем :) Улав би бил ако прогнозирам против Словачка и Ирска само по еден бод од двата меча.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Па можеме... во Скопје паднале поголеми репрезентации, па за Словачка и Ирска било проблем :) Улав би бил ако прогнозирам против Словачка и Ирска само по еден бод од двата меча.
збориш за дома или гости?Ако е за гости тогаш бод би било премија со оглед како играат нашиве на гости последниве години.Ќе видиме и нивната игра како се движи па да искористиме некоја прилика за што повеќе бодови
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.003
Поени од реакции
5.645
збориш за дома или гости?Ако е за гости тогаш бод би било премија со оглед како играат нашиве на гости последниве години.Ќе видиме и нивната игра како се движи па да искористиме некоја прилика за што повеќе бодови
Членот што ме имаше цитирано... објективно очекувал 1 од 6 против Словачка и Ирска... околу тоа беше полемиката.
Инаку се сложувам со тебе, секој бод освоен на гости против Русија, Словачка и Ирска би бил премија, а за дома, мора да се потрудиме да ги добиеме сите мечеви, доколку сакаме да бидеме барем блиску до ЕП.
 
CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Андора 6/6
Ерменија 6/6
Ирска 3/6
Словачка 2/6
Русија 1/6
 
gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
леле што читам е од некои членови овде,смешно

Хрватска и Србија немале јаки лиги
Абе немојте така да зборите ние сме нула бе ,како што кажав африка не ни е рамна

Какви екипишта има по Хрватска и Србија ,да не ги набројувам ги нзаете
па какви школи и какви таленти искачаат од нивните лиги ,,да не ги набројувам сигурно знаете,одма потпишуваат договори со Манчестер,Фиорентина,Челзи па и по другиве држави Германија,Русија,Холандија
А кај одат нашите бе на Кипар,Ј.Кореја,Иран
Ирска нема јака лига ,ама затоа тука блиску е Премиер Лигата,ако не премиер тука е чампионшип,па нека биде и 5та англиска дивизија попрофесионална е од нашава прва лига

Тоа е проблемот кај нас не се инвестира во фудбалот и не се прават врвни играчи од талентите
ПА сите добри млади фудбалери македонци кои што се родени во други држави и за кои се бориме а им дадеме државјанство се подобри од целиот список на фудбалери што селекторот може да ги избере,Зошто???
Затоа што не ја започнале својата кариера во Македонија ...

Сега е супер што добивме визна либерализација,па многу наши млади фудбалери можат да патуваат во странски екипи на проби кој како ќе се снајде ,со врски ,пријатели,теренери ова она ...
Дури не се смени оваа власт на ФФМ нека бегаат сите од Македонија сите јас ги подржувам и сум за тоа да нема фудбал(веќе и нема) во МКД затоа што со ваква власт не заслужуваме
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Членот што ме имаше цитирано... објективно очекувал 1 од 6 против Словачка и Ирска... околу тоа беше полемиката.
Инаку се сложувам со тебе, секој бод освоен на гости против Русија, Словачка и Ирска би бил премија, а за дома, мора да се потрудиме да ги добиеме сите мечеви, доколку сакаме да бидеме барем блиску до ЕП.
Сумљам дека ќе извадиме ние 1,повторувам 1 бод со русија(Знаеме што ни се деси со нив на претходните квалификации) ќе се обесам...
Со Словенија(се пласираа на светско првенство и ја исфрлија Русија) уште од сега кога ќе ги видам нашиве против нив коса ми се крева...И тука не ни бега понижување...Ирска со Трапатони,видовме што може да и направи со една Франција....Роби Кин ќе не попари...Со ерменија и со Андора ајде,може ќе освоиме 12 бода...Освен ако не се усрамиме како пред неколку години...Кога репрезентација 1000000 места под нас не победи...Па дај мајкуму бидете реални,шо се дигате во облаци стварно не ми е јасно...:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom