Фејсбук ми ја уништи врската ...

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Она ако сака да го вара, нема сигурно да фати авион до Прага за да го вара, туку ќе го извара со првиот шутрак што ќе го најде на улица, така?

Така да, причината не им е другарката од Чешка. Причината е подлабока, али типот нејќе да и каже у фаца тоа што има да и го каже. Или пак, е болен психопат што сака да ја контролира.
Токму тоа и сакам да го кажам. Не само типов, туку сите како него. Од неможност да го кажеш тоа што го сакаш, причините ги бараш во други работи.
Маски и само маски.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
И фејсбуков дојде да е мерило за љубов и изливи на љубомора.
Па,да сум чула за врски кои завршиле од љубомора само затоа што девојката му коментирала на некој си незнам ти кој,слика или пак континуирано оставање слики,песни на wall etc.
Многу луѓе(читај: ЖЕНСКИ 17-) си го имаат земено фејсбукот при срце.
На фејсбук објавуваат како се смувале,како се скарале со најдобрата другарка,како се испијаниле,како се ебеле..можда има некој шо кажуваат дали тој ден носат танга или не,ништо чудно.

Мене лично,фејсбуков ми е занимација и зезање.
И да сум во врска не мора цел фејсбук да ме дознае дека сум(а,ми се дешават некогаш од занимација да си објавам).
На кој му смета,галје ми е,на кој не.. арно ко така.

Лоша навика ми е то шо многу сум директна и да ми присмета нешо или пак некој да ми напрајт таков излив на љубомора,не планирам да му се правдам,а да не сум направила ништо.

Damn преку фејсбук емоции да се искажуваат.
Премногу заеба виртуелниов свет,уш малку ќе заборајме да се дружиме outdoor.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Токму тоа и сакам да го кажам. Не само типов, туку сите како него. Од неможност да го кажеш тоа што го сакаш, причините ги бараш во други работи.
Маски и само маски.
Ете.
Значи, не е ФејсБук причината, туку има други причини, а ФејсБук е само изговорот, кој индиректно, ама влијае врз врската како причинител за раскинувањето.
 
?

..........

Гостин
Ako двајцата во врска не си одговараат има голема доза на љубомора може да се скарат на 23468273548273 начини, за таквите заостанати и недозреани не е само ФБ кој ке им расипе врска, љубоморните ке се скарат и на прошетка низ парк, за тоа кој во кој/а погледнал.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Прашај го.

Прашај го.

Зашто непријатно?

Јеа.
Не сум во врска, ко шо пишав претходно, ама ипак ќе ти одговорам зашто е непријатно...
Зашо кога ќе го видам коментарот/песната ватева, ќе смислам 87246 теории зашто е можно тоа да го ставил.
После ќе смислам исто толку контратеории.
Па ќе направам филмови шо не е во ред со врската/мене/него.
Ќе го анализирам последното Х време поминато со него и ќе барам грешки.
Може ќе се консултирам со некоја другарка или некој другар.
И кога ќе го прашам, ќе имам хаос во глава и ќе мислам на најлошото, он ќе си помисли дека сум ненормална и дека сум посесивна, љубоморна и слични глупости.
И шо и да ми каже, нема да му поверувам целосно, ќе почне нешто да кврцка...
Ќе се искараме за некоја мисла или песна и со тоа ќе му ја ускратам слободата, а и вољата за слободно и нормално изразување и комуницирање.
Со тоа, он следниот пат ќе се устручава шо да пише за да не се повтори ова пак..
Нишо не сум постигнала=краен резултат.

Во врска треба да си максимално опуштен и свој, и треба да имаш осет да не лепиш сегде шо ќе ти дое од почит спрема партнерот.
Ако почитуваш и сакаш некого, тоа ќе биде нормална работа.

Затоа не прашувам, туку читам, се нервирам и чекам да помине време за да го снема тоа, па заборавам скроз.:toe:
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Не се работи за тоа дали фејсбук ги уништува врските, туку за доверба.

А даи фејзбук влијае на врските да влијае и тоа многу. И на тие кои тврдат дека е глупо е затоа што веројатно немаат акаунт или не го користат.

Еве јас на пример 90% од комуникацијата со луѓето веќе ми оди преку фб. Не можеш да ги најдеш на мсн, за телефон штедиш на кредит, ама сите киснат на фб. Тоа е една заедница глобална. Можеш да видиш кој што прави, како прави практично во секој момент.

И да се работи за љубомора, но знаеш како кога ќе видиш дека некој тип постојано и флертува и и пишува глупости ќе се прашаш што сака типов и кој е и зошто и пишува така. Слики случувања такувања, триста чуда самиот фб и сличните сајтови го сменија самиот начин на комуницирање. Денес толку време се комуницира преку нив што е чудо. Се праќаат пораки, poks, поклончиња, има чет и сл. И сето тоа е јавно. И никој не може да каже дека не гледа што се случува на профилот на партнерот или дека не му е гајле, не знам колку кул да е сепак љубомората е дел од сите нас кај некој повеќе кај други помалку ама тоа е.
 
M

marsovka

Гостин
. И да, мене искрено ми е чудно. Чудно како може виртуелниот свет толку да навлезе во вистинскиот..
Не би требало да ти биде чудно

Виртуелниот свет ти дава шанса да изразиш се што мислиш се што сакаш да кажеш без притоа да ги гледаш реакциите на другите. Уствари те боли што мислат другите едноставно фрлаш бомба па шта биде нека биде и онака си заштитен од другата страна на мониторот :)

Носи нови познаства но може и да те сјебе

Од друга страна пак не гледаш реакцијата на тој што пишал што сакал да каже дали е саркастичен, дали се однесува на тебе или на комшијата и затоа и е заебан виртуелниот свет. Заебан е бидејќи на прв поглед те мава шок од тоа што све не има по светов од ставови и мислења па се до реметење на дечиња . Мислења кои нема да ги чуеш од пријателите само за да не расипат пријателство со тебе или пак немаат нерви да ти објаснуваат.

Заебан е бидејќи ги нема оние тесни врски и поврзаност со дискутантите ниту со тие што комуницираш, никој не те штити од неговиот наплив на блујаници, ниту се воздржува.
Заебан е бидејќи кога немаме храброст во лице да кажеме на некои „пеер еби се готово е меѓу нас“ па затоа тоа го правиме преку мсн, постови, фејсбук. Бидејќи не знаеме како да кажеме што мислиме и осеќаме додека ја гледаме намргочената или пак тажна фаца поради која ни се плетка јазикот и викаме ај друг ден .
Ете за тоа е заебан.

Виртуелниот свет го вади тоа што сме го закопале длабоко во себе ради мир у куќа.
Искрено подобро да ме мрзат 100 души поради тоа што сум и еден да ме сака токму поради мене а не поради тоа што сум фина, добра и правам лице . Виртуелниот свет е тоа што не тера или маски да ставиме или да дозволиме алтер егото да се развие и прошета малце да фати воздух или да избиеме на површина тоа што сме ние баш ние.
А човековата тенденција да се држи кон старите правила и опсесивната-компулсивна потреба за безбедност ја компликуваат работата да се соочиме со фактот дека пола живот ни бил ефтина шарада, а пола театар.

Виртуелниот свет се заебан поради нашата неспособност барем за момент да бидеме искрени со себе и со другите . Затоа и се појавуваат овие глупости на фејбук бидејќи не знаеме да седнеме и во лице на другиот да му кажеме : пеер еби се, те сакам или пак се осеќам несигурно во врска со нашата врска, или пак ми пречи што грицкаш семки на кауч.

Се надевам дека ти појаснив нешто од нешто
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

Во ред е сето тоа, го сфаќам и точно е до некаде, ама што правиме кога ќе се соочиме со реалниот свет? Да, можеш да глумиш во виртуелниот свет, ама во реалниот не можеш, маската кога тогаш ќе падне. Па и во виртуелниот паѓа eventually.
Сакам да седнам на кафе ко човек со тој што сум во врска и да правам отворен муабет, да се смеам, а не да кликам ко луда на маусот, да видам кој му пишал коментар, кој му рекол вака или така.
Да, тешките муабети се глупави. Не ги сакам јас лично, посебно негативните. Но, тие се дел од животот и мораат да бидат тука, така што кога веќе доаѓа нешто тешко (некој кврц период во врската), подобро е што побрзо да расчистам и да седнам на муабет, отколку да се рчкам преку фејсбук за некои глупости што си немаат врска со животот и за џабе да губам и негово и мое скапоцено време, кое можам да го искористам на милион други попаметни работи. Башка куче што лае не каса, тие така што се прават на фб, уствари се најмилите суштества на светов и не би се осмелиле да направат нешто во реалниот живот.
И баш заради тоа што виртуелниот свет е забава, затоа и не ми е јасно како може толку да се меша со реалниот.
Зарем не е разочарувачки, некој во кој си верувала, да испадне дека нема храброст ни во очи да те погледне да ти каже нешто? Јебига раскинувањето е тешко, никој не кажал дека е забавно, ама да го користиш фејсбукот и мснот за таа намена е... благо речено... неправедно и претставува нефер однос. Лично јас, сакам машко во права смисла на збор, да си седне, да си каже: Заеби не можам повеќе со тебе и да си отиде, отколку лигав тип, кој ќе праи филмови дека е фраер и не знам што, а кога ќе дојде нешто сериозно, оп ко ној у дупка да ја пика главата.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Затоа играјте фарма и баталете другото...

Е де. Ако немаше ФБ на друго ке бевте љубоморни. Дали во друштво, дали во школо, дали кога е излезен со друштво ама секаде може да се прават работи кои ке ви сметаат. Али зашто на ФБ се се гледа па затоа е малце позаебано. Али ако веќе некој почнал да шара по други - немало да го спречи и не постоењето на Фејсбук.
 
S

stereo m'c

Гостин
Порани имавме живот сега имаме фејсбук....не само со ги уништува врските туку и ја разнишува довербата мегу паровите.....така да доколку на некого неможеш да му кажеш во лице доволно е да го ставиш на статус некој друг ке му пренесе тоа што сакаш да му кажеш..... :uvo:
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.785
Поени од реакции
11.348
Како тргна работава, уште малце и секс преку интернет да не почнеме да водиме :icon_lol:
Internet is the new god, fuck it!
 
?

..........

Гостин
Затоа играјте фарма и баталете другото...

Е де. Ако немаше ФБ на друго ке бевте љубоморни. Дали во друштво, дали во школо, дали кога е излезен со друштво ама секаде може да се прават работи кои ке ви сметаат. Али зашто на ФБ се се гледа па затоа е малце позаебано. Али ако веќе некој почнал да шара по други - немало да го спречи и не постоењето на Фејсбук.
За жал некој тоа не го разбираат.:toe:
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Не е можно Фејсбук или некоја слична алатка да уништи врска. Можно е само да ги истакне повеќе разликите што партнерите ги имаат еден со друг, па да се забрза процесот или на раскинување или на средување на проблемите.
Можно е Крусер...Има морони на кои цела врска им се заснова на дремење на фејсбук и оставање лајкови и коментарчиња за јачање его.Обично тоа им се дешава на нискоинтелигентни персони кои во животот немаат видено реалност виртуелизацијата ги уби.
15 годишни деца кои се здобиле со интернет на нивната 13 година и од тогаш почнале со сајбер врски и слични срања,тоа на нив им влијае всушност им претставува цел живот.Затоа што на годините кога треба да стекнуваат другарки/другари или да запознаваат симпатии тие дремат на интернет и со симпатијата што ја запознале преку фејсбук си четуваат наместо да излезат и да прошетаат.
Значи не-секогаш но често се случува овој проблем кај младите.
Чист пример е другарка ми.Дечко и го нема на фејсбук да се уклучи и одма доаѓа мислата каде може да е.Потоа се испитува каде оставил коментар или дали на него некој му напишал на ѕидот нешто.Дали некоја му оставила лајк или коментар и веднаш се испитува која е таа од каде е со кој дружи и од каде таа со нејзиното момче.Зошто не сакал да стави љубовен статус во врска со таа и таа туку само напишал е во врска и е комплицирано.Тука доаѓа мислата дека се срами и не сака секој да дознае дека има девојка...Милиони причини за сомневање и раскинување можат да се најдат на фејсбук,кои притоа слабите на карактер личности ги сфаќаат здраво за готово.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
znam takvi slucai ,definitivno fb i slicni net zezancii mozat strasno da narusat doverba pomegju partnerite :tapp:
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Па според мене сите оние кој што се запознале преку фејбук, а живееле во иста населба или град, тие очекувам и така да се скараат преку фејбук, не мора да е универзално правило ама во принцип тоа така се случува, новите генерации оние кои сега имаат 10,11 години, кај нив уништување на врски заради фејсбук ќе биде секојдневие
 
Kajgana Shop

На врв Bottom