Не би требало да ти биде чудно
Виртуелниот свет ти дава шанса да изразиш се што мислиш се што сакаш да кажеш без притоа да ги гледаш реакциите на другите. Уствари те боли што мислат другите едноставно фрлаш бомба па шта биде нека биде и онака си заштитен од другата страна на мониторот
Носи нови познаства но може и да те сјебе
Од друга страна пак не гледаш реакцијата на тој што пишал што сакал да каже дали е саркастичен, дали се однесува на тебе или на комшијата и затоа и е заебан виртуелниот свет. Заебан е бидејќи на прв поглед те мава шок од тоа што све не има по светов од ставови и мислења па се до реметење на дечиња . Мислења кои нема да ги чуеш од пријателите само за да не расипат пријателство со тебе или пак немаат нерви да ти објаснуваат.
Заебан е бидејќи ги нема оние тесни врски и поврзаност со дискутантите ниту со тие што комуницираш, никој не те штити од неговиот наплив на блујаници, ниту се воздржува.
Заебан е бидејќи кога немаме храброст во лице да кажеме на некои „пеер еби се готово е меѓу нас“ па затоа тоа го правиме преку мсн, постови, фејсбук. Бидејќи не знаеме како да кажеме што мислиме и осеќаме додека ја гледаме намргочената или пак тажна фаца поради која ни се плетка јазикот и викаме ај друг ден .
Ете за тоа е заебан.
Виртуелниот свет го вади тоа што сме го закопале длабоко во себе ради мир у куќа.
Искрено подобро да ме мрзат 100 души поради тоа што
сум и еден да ме сака токму поради
мене а не поради тоа што сум фина, добра и правам лице . Виртуелниот свет е тоа што не тера или маски да ставиме или да дозволиме алтер егото да се развие и прошета малце да фати воздух или да избиеме на површина тоа што сме ние баш ние.
А човековата тенденција да се држи кон старите правила и опсесивната-компулсивна потреба за безбедност ја компликуваат работата да се соочиме со фактот дека пола живот ни бил ефтина шарада, а пола театар.
Виртуелниот свет се заебан поради нашата неспособност барем за момент да бидеме искрени со себе и со другите . Затоа и се појавуваат овие глупости на фејбук бидејќи не знаеме да седнеме и во лице на другиот да му кажеме : пеер еби се, те сакам или пак се осеќам несигурно во врска со нашата врска, или пак ми пречи што грицкаш семки на кауч.
Се надевам дека ти појаснив нешто од нешто