Australlian Open 2010

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Ѓоковиќ затруен со шпагети - 29.01.2010



Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ елиминиран е од првиот Грен слем турнир Австралија опен, бидејќи му се слошило во текот на четвртфиналниот натпревар против Французинот Жо Вилфред Цонга. Ноле во четвртиот сет, при резултат 2:1, добил силни болки поради што мораше да излезе од теренот и да повраќа. Кога се врати, беше целосно друг човек, па на крајот претрпе пораз ( 2:3) по сетови 6:7, 7:6, 6:1, 3:6, 1:6. Србинот по поразот откри дека пред натпреварот јадел шпагети и оти тоа е можен проблем за стомачните болки, а призна дека пред почетокот на натпреварот имал и пролив. Меѓутоа, што и да е причината за неговата елиминација ќе биде забележано дека втора година во низа не успеа да се справи со високите температури во Мелбурн. Минатата година испадна откако поради топлотен удар му го предаде натпреварот на Американецот Енди Родик.
-Многу сум несреќен бидејќи не можев да го дадам максимумот заради проблеми со стомакот. Не би сакал да барам оправдување, но за време на натпреварот морав да повратам, а пред тоа имав дијареа. Ужасно чувство! Навистина многу лош начин да го завршиш турнирот на кој одлично играв и очекував многу. Немав шанси да издржам, бидејќи ќе морав да исповратам на теренот. Од тој момент почнав да се чувствувам многу полошо и набрзо немав сила за ништо. Ми беше многу тешко да се движам и буквално чекав само на грешка на противникот. Тоа беше единствено што можев да направам, изјави шампионот на Австралија опен од 2008 година Ѓоковиќ.
Интересен е податокот дека истата случка му се случи на почеток на април минатата година на турнирот во Индијан Велс. Ист противник, иста фаза на натпреварување. На почетокот од вториот сет Ноле почувствува болки во стомакот, по што мораше да го предаде натпреварот.



Инаку честитки за Серена, иако не сакав таа да победи...сепак заслужено победи. Инаку утре очекувам интересно финале во кое Федерер ќе победи.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин














Браќата Боб и Мајк славеа победа против србинот и канаѓанецот.






Во женска конкуренција се сестрите.









Вчерашниот тренинг на Мареј.














Утре ќе биде јако. Само концентрацијата на Мареј да не попушти.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.468
Поени од реакции
42.778
Утре очекувам 5 сета да се игра и многу добар тенис..

btw. Честитки за Серена..
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Честитки за Серена.
Иначе утре очекувам победа на Федерер.:smir:
 

Nekoj IksDe

Челзијаш
Член од
17 септември 2009
Мислења
495
Поени од реакции
9
честита нека и е на Серена 12тата Гренд Слем титула
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
543
И 5:2 за Мареј во третиот сет, ма да не верувам дека може да стори нешто повеќе во овој меч.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Златна прилика.

Прва гренд слем титула откако је отац.:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.278
Честито Федерер, уф како ме изнервира со дроп шотот при крајот, кога можеше да бира страна кај да ја закуца топката... Но добро е, ЧЕСТИТКИ, МАЈСТОРЕ!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
543
Можеше барем третиот сет да го земе Мареј, па да биде поинтересно можда :tap:
Вака честито нека му е на Федерер, заслужено!
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Честитик за Федерер, заслужена победа. Едноставно Мареј не знаеше како се вика во овој меч. :wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom