Најавени измени во законот за увоз на автомобили

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
муабетот беше за регулар нели... а не за со врски.... немаат сите врски... уствари скоро сите немаат врски... може да се збори во проценти и тоа едноцифрени колку се со врски за одма да завршат...
Епа муабетот е следниов. Идеш на царина и цариникот што е на смена станат е на лева нога па не му се работи како што треба. Ќе те дупи цел ден за разни документи, па ова вака па ова онака, а ни самиот незнае што прави, ниту па што треба да прави, па се јавува на 100 места, па со шпедитерот ќе те препраќаат на еден куп места по неколку пати за истата работа, само печатот е по на лево или малку е искосен, или улицата ти ја напишале на латиница а требало во договорот да стои и кирилица... Па после на терминал ќе те дупат, па нема дел од истите документи да ти ги признаваат, ќе треба нови да вадиш, да ги заверуваш на ново, по 20 пати ќе те превраќаат. Ќе отидеш сабалје во 8 со ТУФ-от, па ќе ти речат не важи овој, иди извади нов, ќе го платиш новиот и ќе се вратиш за некој саат кај истиот тој цариник и погоди што? Неможам сега, помини утре ова време. Па пак на ново си плаќаш секој ден лежарина и такви глупости... И вака дур не ти почне да ти се сере од нашава Македонија што сака да иде во Европа, али со такви службеници, никаде нема, само тапкаме во место. Да не го изоставам митото... ако сакаш побрзо да завршиш, ќе си платиш мито и ќе те среди за 1 ден.

Ова се дешаваше првите 4-5 дена додека пробавме се регуларно да си вршиме зашто со документите бевме 100% чисти и легални.

Наредно е хомологација на машински факултет за која се чека 5 дена регуларно (или за неколку саати со врски ќе средиш како нас) и останува и интерпол кој ни рекоа сега демек немало гужва и за околу 5 дена се завршувало. Среќа најдовме и за таму човек, па би требало за 1 ден да се среди тоа.

Во секој случај не е како порано да се чека 3-5 недели за интерпол да провери дали колата е украдена или не.
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
A dali ste informirani deka vo PSS vrsat homolagacija atest i trista trakatanci tamu sigurno podobro ke pominete odkolku na masinski
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
и не ти требаат врски... на нив им е доволно што ти ке дојдеш кај нив и ке ти завршат експресно, па ке препорачаш на друг и тој ке заврши експресно па он на трет и тн...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
А на технички во Ченто може да се направи хомологација?
 
T

Tetro

Гостин
Ме интересира кој документ потврдува дека увезеното возило со платена царина и остало не е украдено , и може да се префрли на наши таблици?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Ме интересира кој документ потврдува дека увезеното возило со платена царина и остало не е украдено , и може да се префрли на наши таблици?
никој... зашто одкако ке дадеш податоци за возилото се чека одговор од полиција т.е. проверка преку интерпол дали возилото е украдено....
 
T

Tetro

Гостин
никој... зашто одкако ке дадеш податоци за возилото се чека одговор од полиција т.е. проверка преку интерпол дали возилото е украдено....
Значи, не издаваат никаков документ. Така и си мислев. Фала за брзиот одговор.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Дечки ме интересира колку ке ме кошта (груба пресметка), Passat 98 год. 1.6 бензин ако го купам во Германија 2000 евра?
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Ме интересира кој документ потврдува дека увезеното возило со платена царина и остало не е украдено , и може да се префрли на наши таблици?
Ти ќе си ја платиш царината и сите тие давачки, па Интерпол е последната фаза од целото префрлање на наши таблички. Ако ти е крадена, к*р ја заболе државата. Она битно си наплатила.

Дечки ме интересира колку ке ме кошта (груба пресметка), Passat 98 год. 1.6 бензин ако го купам во Германија 2000 евра?
слободна проценка, со патни трошоци, околу +700-800.
Каква проценка е ова? Само за пат му кажуваш дека ќе му требаат 700 евра? Дај те молам, само пат и винетки ќе го фати 5-600 евра, не па трошоците во Германија за неговиот престој. Околу 300 евра и нешто ситно имаш таму трошоци за ЦОЛ таблички, осигурање, префрлање на сопственост, нова сообраќајна....
А за кај нас троошоците се плус на се ова, се зависи колку ќе ти ја проценат... Тука незнам да ти одговорам, али сигурно ќе бидат над 1000 евра.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
во принцип тука се што е околу 1500-2500 евра купена кола од германија трошоците вкупно ти се околу 1400-1600 евра....

само да отидеш до германија, за смештај и престој таму, цол таблици, папирологија во германија, храна, гориво за назад, вињетки и слично спреми околу 800-900 евра... а овде колку ке те прекрстат на влез и средување, тоа ти е отом потом...
 
T

Tetro

Гостин
Возилата со бугарски таблички сопрени на граничните премини

Возилата со бугарски таблички сопрени на граничните премини

Се спуштија рампите на граничниот премин Делчево за возилата со бугарски регистарски таблички. Македонската царина не ги пропушта да влезат во државава возилата кои имаат странски регистарски таблички, а чии сопственици имаат двојно државјанство. Дознаваме дека до 16 часот на овој граничен премин околу 20-ина возила се задржани на влез во Македонија и се вратени назад во Бугарија.

Додека екипата на Канал 5 беше на граничниот премин Делчево и чекаше од граничната полиција да ја спроведат дозволата за да можеме да ги снимаме сопствениците кои реагираа на спуштањето на рампите за нивните возила, неколку возила кои чекаа и во меѓу граничниот појас од страна на македонската полиција беа вратени назад во Бугарија.

Одговорните од делчевската Царинска испостава не го образложија овој потег, освен дека постапуваат согласно законските норми кои стапуваат на сила од денес и согласно Истанбулската конвенција, а ќе се задржуваат и на влез и на излез сите возила кои не ги исполниле условите за привремен увоз. До овој момент не успеавме да добиеме официјална информација од Царинската управа на Македонија

Сопствениците на возилата затекнати, реагираат на ваквата постапка на надлежните, обвинуваат дека не се почитува законската одредба која предвидуваше возилата да можат да престојуваат 6 месеци во државава и дека не ги пропуштаат ниту транзит.

-Велат дека со двојно државјанство не може да возеш кола на бугарски таблици и велат дека колата е царинска роба, а регистрирана роба не е царинска роба. Немам потреба да ја регистрирам на македонски таблици, имам бугарско државјанство, вели Кире Каров од Штип.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=65480
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.116
Поени од реакции
11.636

:vozbud: :tv:

Крајно време беше. Голема подршка за акцијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom