Најавени измени во законот за увоз на автомобили

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Може да се увези. 101% сум сигурен.
 
T

Tetro

Гостин
Пониски царини и акцизи за автомобилите

http://tocka.com.mk/index12.php?ID=4829

13.03.2010 | 18:18

Проектот за пониски акцизи и пониска царина за увезените возила во Македонија од денеска официјално стапува во сила, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Ставрески при неговата посета на царинско складиште „Дени Интернешнал“ изрази увереност дека царинските работници се подготвени за ефикасно да ги спроведат потребните постапки.

Директорот на македонската царина Ванчо Каргов изјави дека во наредниот период ќе бидат воведени дополнителни смени и во сабота и недела со цел граѓаните да можат навремено и без проблеми да ја завршат постапката.

Според досегашните информации, на царинско складиште „Дени Интернешнал“ има околу 400 возила, а вкупно на складиштата има преку 1300 возила, бројка која се очекува во наредните недели значително да се зголеми.

Ставрески апелираше до граѓаните кои имаат возила со странски регистарски таблички да го искористат овој период од шест месеци кој истекува во септември за да ги регистрираат возилата на свое име.
Каргов рече дека при пресметување на царината во предвид ќе се зема вредноста на возилото според документите за плаќање, а доколку тие не се прифатливи, дури тогаш висината на царината ќе се утврдува според царинскиот каталог.

Ставрески изјави дека приходите во буџетот од регистрација на досегашните возила и увезувањето на нови возила годинава ќе се движат некаде помеѓу 10 и 20 милиони евра.

Каргов соопшти дека детални информации околу последиците на штрајкот во Грција врз македонските компании царината чека од стопанските комори за потоа да ги достави до вицепремиерот за економски прашања.

Ставревски денеска ќе се состане и со потпретседателот на Светска банка со цел да се договори основната рамка за проектите кои ќе ги поддржи Светската банка во наредните три години.

Вицепремиерот рече дека приоритетни ќе бидат проектите од енергетиката и инфраструктурата, особено проектот за изградба на регионален далновод од Штип до Ниш кој ќе го финансира Светската Банка, додека за коридорите 8 и 10 ќе се најдат други решенија.

http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=653790

Опис на предметот Luge osvestete se deka nagore na zapad( Germanija; Italija; Svedska; Svajcarija; dnd) nema sansi da najdete vozilo koe e 2000 godina i da ima pominato okulu 100 000km pa duri i pomalku kako sto prikazuvaat trgovcite so avtomobili. Sepak moze da vi dadam nekolku korisni soveti koi mozat da vi pomognat pri kupuvanje na polovno vozilo:
*Gledajte avtomobil so fabricka boja (poarno izbledena fabricka boja otkolku nova ispricana boja)-toa znaci deka avtomobilot bil udren na nekoe mesto ili ima korozija na nekoe mesto;
*Obavezno odnesete go na kanal za da go proverite podvozjeto;
*Proverete go motorot dali e zdrav ( so merenje na kompresijata na cilindrite) kaj sekoj avtomehanicar;
*Gledajte motorot da ne e svezo ispran bidejki taka nemozete da vidite dali tece ulje na nekoe mesto;
*Koga menuvacot e vo ler togas motorot treba da raboti mirno-dokolku trese otkazete se od kupuvanje ( toa ukazuva na problem so cilindrite);
*Pri dodavanje na gas ne smee da ispusta premnogu cad, dokolku ispusta premnogu cad togas ima nekoj problem- ( cadot so cudna plava boja ukazuva na istroseni klipni prsteni; cadot so crna boja ukazuva na istroseni ventili poradi dotraenost; a pak dodeka gustiot cad e posledica od dotraenosta na bosch pumpata);
*Ostetenite sedista se znak deka avtomobilot bil nemilosrdno vozen, isto taka obavezno obrnete vnimanie na pedalite za gas, kocnica, i kvaciloto, dokolku se premnogu izlizani gumite na niv otkazete se od kupuvanje znaci deka avtomobilot bil teroriziran;
*Neramnomerno istrosenite gumi pokazuvaat neispravno podvozje ( najcesto poradi sudar)-zatoa obrnete vnimanie dali ima stavano novi gumi toa e idealen nacin da se zamaskira vistinskata sostojba na podvozjeto;
*Sportskite dodadoci se los znak-toa znaci deka avtomobilot cesto pati rabotel pod polna gas;
*Iako na prv pogled dizelot vi izgleda po privlecno resenie veruvajte benzinot e podobro resenie( samo bosch pumpata i turbo polnacot kaj dizelasite se poskapi otkolku celiot generalen remont kaj benzincite);
*Kukata vo nikoj slucaj ne smee da se svati kako prednost-mnogu cesto avtomobilite koi imale kuka se po nezacuvani od onie avtomobili koi se bez vlecna kuka;
*Dokolku voziloto poseduva plinski ured obavezno obrnete vnimanie dali toj tip na plinski ured moze da se atestira vo nasata zemja;
*Probnata voznja e zadolzitelna;
*Proverete dali delot okulu bravata e osteten- i naj maliot znak deka e osteten ukazuva na toa deka voziloto bilo ukradeno;
*Site stakla treba da imaat fabricki doznaki;
*Posebno obrnete vnimanie na manuelnite kilometraznici ( tie se polesni za vrakanje otkolku digitalnite kilometraznici);
*Promenetite volan i menuvac se somnitelni deka avtomobilot e ukraden (ne se zaletuvajte po sportski volan i menuvac);
*Obrnete vnimanie na modelite Hyundai Accent, Daewoo Lanos, Golf 4, Opel Corsa dnd....;
*Sekogas barajte servisna kniska-avtomobil bez servisna kniska vo nikoj slucaj ne kupuvajte;
*Najdobro e dokolku imate sansa da si kupite vozilo od Makedonija-megutoa dokolku ne mozete da go najdete modelot koj vas vi odgovara togas najdobro e vie da otidete na zapad i sami da si go kupite avtomobilot a ne nekoj drug da vi go donese;
*Na kraj koga veke ke se odlucite da go kupite voziloto proverete vo MVR dali vrz voziloto ima izdadeno poternica i vo centralen zalozen registar na Makedonija dali voziloto e zalozeno i dali vrz nego ima nekoj hipoteki;
*Ovoj oglas ne e za da im nastetam na trgovcite so avtomobili, tuku tolku kolku sto mozam so moeto znaenje da mu pomognam na Makedonskiot graganin da stekne solidno i ispravno vozilo koe ke moze da go sluzi uste mnogu godini;
*Pofalbi i kritiki na E-mail;
*Pozz i se najubavo.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
браво за “огласот“(советите) од пазар3....тоа мора секој да го знае...поздрав
 
mr.cornelius1

И ОНДАК ТО..
Член од
1 ноември 2009
Мислења
773
Поени од реакции
14
Ако купам кола од Словенија од 2000е,колку ќе ми испаднат трошоците вкупно?
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Да, по септември сигурно ќе донесат некој ригорозни закони и казни.
шо прајме со возилата шо не влегуваат? Познаник мој има Голф 2-ка на бугарски табли што не исполнува Еуро1 станради. Чаре???

А има и многу такви, да не споменувам колку Опели, BMW, Мерцедес 190, Ауди произведени во периодот 86-90 се тркалаат низ Македонија на странски (да неречам на Бг) табли.
 
T

Tetro

Гостин
А има и многу такви, да не споменувам колку Опели, BMW, Мерцедес 190, Ауди произведени во периодот 86-90 се тркалаат низ Македонија на странски (да неречам на Бг) табли.
тие ќе им ѓи земат, и после некое време на лицитација ќе ѓи видиш.

не знаеше?

па како мислиш дека се полни буџетот? :jaj:
 
mr.cornelius1

И ОНДАК ТО..
Член од
1 ноември 2009
Мислења
773
Поени од реакции
14
Еден мој познаник исто зема кола 2000е и нај крај му испадна колата 3900е,а па да не зборам шо ќе биде ако не се падне колата.Така да мислам дека најдобро е да си купиш од Македонија
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
ПО АКЦИЗАТА, ПАДНА И ЦАРИНАТА ЗА АВТОМОБИЛИ
Плацовите ќе се полнат од следната недела
Светлана Вукчевиќ

Време, број 1918, 13.03.2010

Од почетокот на следната недела ќе почне продажбата на увозни поволни возила по пониски цени поради намалената акциза и царина. Во четвртокот стапија во сила измените на Законот за акциза, а вчера Собранието ги усвои и пониските царини, од два на еден процент за европските автомобили, кои во „Службен весник“ ќе се објават најдоцна в понеделник и ќе стапат во сила веднаш. Увозниците на овие возила велат дека се подготвени и викендов ќе ги прават царинските декларации за увезените возила. По плаќањето на царината и на акцизата, следува хомологација и атест, по што возилата ќе им се понудат на купувачите на плацовите. Продавачите на половни возила од почетокот на следната недела очекуваат голем метеж во Царината, а оттаму, пак, велат дека се подготвени за брзо извршување на формалностите. Половни возила почнаа да се увезуваат уште во февруари и до стапувањето во сила на намалените давачки чекаа во јавните царински складишта. Неделава Царинската управа информира дека во царинските складишта има околу 1.100 вакви возила, а увозниците проценуваат дека нивниот број се зголемил на околу 5.000. - Според моја процена, увозот ќе продолжи некаде до август, до кога ќе има голем интерес од купувачи. Автомобилите што нема да се купат дотогаш, потоа тешко ќе се продаваат зашто граѓаните се финансиски исцрпени и оптоварени со кредити. Поради тоа, цената на возилата што ќе останат толку ќе им падне што ќе биде пониска и од таа по која се купени во Германија - анализираат дел од увозниците на стари возила. Освен од плацовите на домашните автопазари, македонските граѓани ќе купуваат и од странските, во Словенија, Германија, Бугарија, па директорот на Царината, Ванчо Каргов, вели дека, најверојатно, во текот на денешниот ден ќе се дистрибуира соопштение за јавноста со кое на граѓаните кои сами ќе одат да си купат автомобил во странство ќе им се сугерира на што да внимаваат. Меѓу другото, ќе треба да внимаваат на тоа дали возилото ги исполнува условите за увоз, атест и хомологација, добро да ја проверат сообраќајната дозвола, бројот на шасијата, но ќе им се посочи и на тоа дека на граница ќе мора да ги пријават парите што ги носат. Директорот на Царина најавува дека викендов ќе посети некои од поголемите складишта во кои се чуваат веќе увезени возила. Со измените на Законот за акциза оваа давачка не се плаќа за возилата до 3.000 евра, а потоа, според цената, скалесто се зголемува на 20, 50, 90, па до 6.900 евра за возилата со фактурна вредност над 30.000 евра. Царината, пак, со најновите измени се намалува од два на еден процент за европските возила и од десет на пет проценти за другите.
Граѓаните се најзаинтересирани за автомобилите за кои нема да се плаќа акциза, но, според увозниците, многу барани се и тие што ќе се продаваат за пет до шест илјади евра, а тоа се „голф“, „ауди“, „БМВ“ произведени 2000-2001 година.

Ova e interesno
Според моја процена, увозот ќе продолжи некаде до август, до кога ќе има голем интерес од купувачи. Автомобилите што нема да се купат дотогаш, потоа тешко ќе се продаваат зашто граѓаните се финансиски исцрпени и оптоварени со кредити. Поради тоа, цената на возилата што ќе останат толку ќе им падне што ќе биде пониска и од таа по која се купени во Германија

Ova e dobro bas bi sakal da vidam kako ce gi nateraat onie sto imaat BG tablicki da stavat Mk tablici a i vreme bese da se sredi haosov so stranski koli vo
MK
 
Член од
14 март 2010
Мислења
9
Поени од реакции
0

gospoda...so vnimanie gi citam porakive....sakam da kupam avtomovbil od germanija jas licno...so samoto stapnuvanje na mkd granica, sto treba da se pravi, pa do registracija, dali nekoj znae koi ste postapkite i koi se davackite?carina marina akciza...homologacija i tn i tn..i ako znae po kolku pari na dokument :)vi blagodaram mn...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom