Најавени измени во законот за увоз на автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
еве извадок од архива на дневен весник дневник:

Се намалија царините за увоз на автомобили, текстил, месо, млеко, лекови и стотици други производи со потекло од Европската Унија и земјите-членки на Светската трговска организација. За голем дел од стоката од овие земји царините се намалуваат дури и двојно. Таков е случајот кај моторните возила, каде што царината паѓа од два на еден отсто за нови и од четири на два отсто за половни автомобили. Од 2011 година царинската стапка за нови автомобили ќе биде нула.

извор

Може амандманот се однесува на возила што не потекнуваат од Европска Унија, ЦЕФТА и ЕФТА земјите, Турција и Украина.
Веројатно не се луди во царина да прекршуваат меѓународен што туку потпишан договор (пред 2 месеца).

Ако некој има подобро толкување или релевантна информација за царината од 5% за што се однесува нека напише нешто.
тоа со 1% царина е старо веќе 3 недели,можеби се попишманија и си покачија на 5%(како што пишуваат медиумите денес):toe:
 
за возила купени од земја на еу царината беше 2% сега се намали на 1%, а за возила купени од земји кои не се членки на еу царината до сега изнесуваше 10% а сега по новиот правилник е 5%
 
Од договорот на ЕУ со МК, секоја година се намалуваат царините, не само на автомоболите.
Но затоа ви треба документ ЕУР1 за да го докажете потеклото дека е од ЕУ.
Затоа не би требало ова изедначување на царината од 5% да важи за коли од ЕУ.
 
тој ЕУРО 1 документ од каде се вади?
на мене ми кажаа дека се вади од царината на земјата од каде си ја купил колата. дали е ова точно?
 
nekoj da mi kaze koj e limitot,mislam od kolku treba da bide star avtomobilot za da se vnese vo makedonija?
 
ama mislam,kolku e sigurno,bidejki slusam deka ke se izmeni ova zakonot pa da bidat stari do 13 godini,pred nedela kupivmo Opel Tigra 1.4 16v 1997 godina,pa sega kako ide ova za da se vnese,ako moze nekoj da pisuva:smir:
 
Може да се внесува се што исполнува еуро 1 стандард. Ако тиграта е еуро 1 може. :wink:
 
Собранието ги изгласа измените на Законот за акцизи

10.03.2010 - 20:03
Собранието на Република Македонија денеска на попладневното продолжение на 95-тата седница ги донесе измените Законот за акцизи, предложени од Владата.

avtomobiliopsto2_9625.jpg


Претходно пратениците заклучија дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, поднесен од група пратеници од СДСМ, не е прифатлив и не може да помине во второ читање.

Владиниот Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за акцизи донесен по скратена постапка, предвидува начинот на пресметка на акцизите да се врши врз основа на вредноста на возилото, наместо како досега според зафатнината на моторот. Автомобилите до 3.000 евра ќе бидат ослободени од акциза, а над тој износ стапката на акциза се пресметува во зависност од вредноста на автомобилот. Од 3.000 до 4.000 евра стапката е 0,5 отсто, од 4.000 до 5.000 евра 1 отсто, .... од 14.000 до 16.000 шест отсто...

Министерот за финансии Зоран Ставрески во појаснувањето на предложените измени потенцира дека се постигнуваат повеќе цели меѓу кои фискална неутралност, ефектот во однос на животната средина, решавање на проблемот со возилата со странски таблици, се вршат измени за хомологацијата, со што ќе се избегне повеќекратното одење на царинските терминали, но пред се се заменува постојниот модел на пресметка на акцизите со нов, како процент од вредноста на возилото.

- Се постигнува и се нуди општо намалување на акцизите, и за старите и за новите возила, во најголем број на случаи, пред се за поекономичните возила, кои и се најкупувани. Предлогот предвидува степенесто зголемување на акцизата. Над 3000 евра процентуално се зголемува акцизата. Со моделот за пресметка се нуди поволно решение за буџетот на граѓаните на Република Македонија, со помали трошоци да дојдат до ново или до употребувано возило, рече меѓу другото Ставрески.

Пратеникот од СДСМ Марјанчо Николов смета дека фискалните импликации ќе бидат помали од очекуваното, но, потенцира, треба да се сочека и да се види како ќе тече целата постапка. Тој изрази надеж дека најголем број граѓани ќе можат да го остварат правото за увоз на половни возила.

По усвојувањето на измените на Законот за акцизи, собраниската седница продолжи со расправа за Законот за основање факултет за дизајн и технологија на мебел и ентериер во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

#
 
Да, али денес татко ми беше да види и уште не им е изготвен новиот ценовник така да од понеделник би требало да биде се спремно. :smir:
 
Дали изгласаја до која година ке можи да се внеси странска кола во државава ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom