Најавени измени во законот за увоз на автомобили

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
дали ако увезам кола во недела 7 март и ја пријавам за царинење исто во недела ке платам акциза поновиот правилник или по стариот?
 
Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
дали ако увезам кола во недела 7 март и ја пријавам за царинење исто во недела ке платам акциза поновиот правилник или по стариот?
По новиот. Измените на правилникот донесени по брза постапка важат од 1 Март 2010.

извор
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Евтините автомобили од 15 март

Потребните законски измени дотогаш ќе треба да бидат изгласани од Собранието
Нина Нинеска-Фиданоска

Веќе од средината на овој месец граѓаните ќе можат да купуваат поевтини половни или нови возила, односно со пониски акцизи и царини. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, очекува дека до 10 март или најдоцна до 15 март сите потребни законски измени со кои се намалуваат акцизните и царинските стапки ќе бидат изгласани од Собранието, така што оттогаш ќе можат да се увезуваат и автомобилите по пониски цени.

Практично, првиот финансиер очекува дека во наредните денови народните избраници ќе успеат да ги донесат и измените на Законот за акцизите, како и измените на Царинскиот закон, со што тие ќе се продаваат во земјава по новите, поповолни цени.

Увозниците на нови возила со нетрпение очекуваат парламентарците да ги изгласаат потребните законски измени, бидејќи во овој вакуум период нивните автосалони се речиси празни и никој не купува нови возила, во исчекување на пониските цени. Да поминат побрзо законските измени едвај чекаат и увозниците на половни возила, чии натоварени полни шлепери кои сега се наоѓаат во Германија и во Италија, треба да влезат во земјава.

На новинарско прашање дали ќе се забави олеснувањето на увозот на автомобили ако паралелно не се намалат и акцизите и царините, Ставрески рече дека не би требало да се случи тоа, зашто намалувањето на царините и акцизите ќе одело истовремено. „За да дојде до истовремено паѓање на царините и на акцизите, отидовме со двата закона на иста собраниска седница. Станува збор за разлика од само еден или два дена во кои тие точки ќе бидат на дневен ред. Очекувам во речиси исто време да издејствуваме намалување и на акцизите и на царините. Тоа би требало да се заврши до средината на овој месец, односно меѓу 10 и 15 март двата закона да поминат на собраниска седница“, рече Ставрески.

Инаку, Собранието вчера ги изгласа предлог-измените и дополнувањето на Законот за акцизите да бидат донесени по скратена постапка. Заменик-министерот за финансии, Недим Рамизи, објасни дека Владата решила да предложи измените да бидат изгласани по скратена постапка, бидејќи моментно имало проблеми и застој во царинењето на старите автомобили што се увезуваат од земјите на ЕУ.

Со овие измени се намалува акцизата за старите возила, како и за 90 проценти од новите, а се воведува и нов модел за пресметка на таа давачка што се базира на вредноста на возилата наместо како досега, преку зафатнината на моторот. Поточно, возилата со фактурна вредност до 3.000 евра се целосно ослободени од акциза. За сите возила до 6.000 евра акцизата е до 90 евра. Намалувањето на акцизите се движи од 50 до 600 евра, во зависност од вредноста на возилата, додека зголемување има за акцизите на околу 10 проценти од возилата, кои спаѓаат во најлуксузната категорија.

извор
 
Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Точно во право си bojanbt. Дополнително видов дека двата закони ќе биле изгласани помеѓу 10-15 март и ќе стапат во сила.

Значи увези си кола ама почекај до 15-ти Март, никој не те тера одма да ја цариниш :wink:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Koлку шо можам да сфатам значи:

Купуваш кола во Бугарија на пример 7000 ЕВРА

На граница ти враќаат 20% ДДВ??? од цената шо си ја платил? ТАКА?

И после кај нас плаќаш ДДВ 18 %. Така да ДДв то ти е вклучено во цената од колата испаѓа.

Грешка сум?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Koлку шо можам да сфатам значи:

Купуваш кола во Бугарија на пример 7000 ЕВРА

На граница ти враќаат 20% ДДВ??? од цената шо си ја платил? ТАКА?

И после кај нас плаќаш ДДВ 18 %. Така да ДДв то ти е вклучено во цената од колата испаѓа.

Грешка сум?
Па мислам не ако ја купуваш од плац/фирма, додека пак ако ја купуваш од приватно лице нема ДДВ односно не им се даваат тие пари на државата.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Па мислам не ако ја купуваш од плац/фирма, додека пак ако ја купуваш од приватно лице нема ДДВ односно не им се даваат тие пари на државата.
Само треба да ја купиш од плац. Па океј е. Најголема давачка е ДДв то
 
H

^HITMAN^

Гостин
Може ли во МК да се увезат олд тајмери???? Нели законот вели постари од 16 години неможе? Зар е можно да се до толку ретардирани?????
 
VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535
Може ли во МК да се увезат олд тајмери???? Нели законот вели постари од 16 години неможе? Зар е можно да се до толку ретардирани?????
Законот сеуште го нема официјално а и нема спомнато 16 години колку што јас слушнав, мислам дека е дозволено да се увезуваат автомобили со Euro 1, а Euro 1 е воведен 1992 година :toe:
 
H

^HITMAN^

Гостин
Законот сеуште го нема официјално а и нема спомнато 16 години колку што јас слушнав, мислам дека е дозволено да се увезуваат автомобили со Euro 1, а Euro 1 е воведен 1992 година :toe:
И да е така како што викаш ти, значи неможе олд тајмери... Ц ц ц, бугарска работа, бугари да го мислеле законот подобро ќе го смислеле.:tapp:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
И да е така како што викаш ти, значи неможе олд тајмери... Ц ц ц, бугарска работа, бугари да го мислеле законот подобро ќе го смислеле.:tapp:
Да бевме ко бугарите супер ќе бевме. Тие увезуваат коли уште ехее, ние се молиме за некои измени СЕУТШЕ
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
И да е така како што викаш ти, значи неможе олд тајмери... Ц ц ц, бугарска работа, бугари да го мислеле законот подобро ќе го смислеле.:tapp:
Во бугарија мислам дека нема лимит од кога треба да биде колата таму можеш и мустанг да домкнеш :vozbud:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Абе таму нема потреба да провери ни дали тоа колата е пријавена, како крадена, во Интерпол;))...Кој има искуство да сподели како оди со нив (бугарија), пошто како што кажува еден цитат во еден филм „Бугари су чудо, уместо Тошиба, написалу су Тобиша“, многу нереални (а примамливи) ми изгледаат цените/колите..
 
Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Царината за нови и стари автомобили ќе бидат исти и ќе изнесуваат пет отсто
08.03.2010 - 14:03 | Бизнис

Царинските давачки за нови и стари автомобили се изедначуваат и ќе изнесуваат пет отсто.

Ова го предвидува амандманот на измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа што денеска беше прифатен од собраниската Комисија за финансирање и буџет, а поднесен од група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

- Со ова би се извршило целосно изедначување на царинските стапки во глава 87 во царинскиот тарифник кај патничките автомобили со што и новите и употребувани автомобили ќе бидат со иста царинска давачка од пет проценти. Со иста царинска давачка би се царинеле сите автомобили без разлика на видот на каросеријата и техничките перформанси на возилото, рече Нада Станчевска од ВМРО-ДПМНЕ, која е еден од предлагачите на амандманот.

Членовите на Комисијата го усвоија и амандманот со кој се предлага Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за царинска тарифа да стапи во сила веднаш по објавувањето во Службен весник.

Со ова, влегувањето во сила на овој закон се усогласува со стапувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи.

извор

wtf Нели беше 1% а не 5% ?
 
Член од
24 февруари 2010
Мислења
9

еве извадок од архива на дневен весник дневник:

Се намалија царините за увоз на автомобили, текстил, месо, млеко, лекови и стотици други производи со потекло од Европската Унија и земјите-членки на Светската трговска организација. За голем дел од стоката од овие земји царините се намалуваат дури и двојно. Таков е случајот кај моторните возила, каде што царината паѓа од два на еден отсто за нови и од четири на два отсто за половни автомобили. Од 2011 година царинската стапка за нови автомобили ќе биде нула.

извор

Може амандманот се однесува на возила што не потекнуваат од Европска Унија, ЦЕФТА и ЕФТА земјите, Турција и Украина.
Веројатно не се луди во царина да прекршуваат меѓународен што туку потпишан договор (пред 2 месеца).

Ако некој има подобро толкување или релевантна информација за царината од 5% за што се однесува нека напише нешто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom