Нели е само предлог?!
Ај нека е честито, и среќен пат на сите што ќе патувате утре :pos2:
Преземено од ТелмаТВ
Собранието на Република Македонија денеска го изгласа Предлогот по итна постапка да се донесе закон со кој ќе се намалат акцизите за увоз на возила. Заменик министерот за финансии Недим Рамизи објасни дека Владата решила да предложи измените да бидат изгласасни по скратена постапка бидејќи во моментов има проблеми и застој во царинењето на старите автомобили што се увезуваат од земјите на ЕУ.
Со овие измени предложени од Владата се намалува акцизата за старите возила и за 90 проценти од новите, а се воведува и нов модел за пресметка на таа давачка што се базира на вредноста на возилата, наместо досегашната зафатнина на моторот.
Според понудениот модел за пресметка, возилата со фактурна вредност до 3.000 евра се целосно ослободени од плаќање акциза. За сите возила до 6.000 евра фактурна вредност акцизата е до 90 евра. Намалувањето на акцизите се движи од 50 до 600 евра, во зависност од вредноста на возилата, додека зголемување има за акцизите на околу 10 проценти од возилата, кои спаѓаат во најлуксузната категорија....
Значи треба да се подготви предлог закон за изменување, па да се достави до Влада и потоа до собрание...Да не тргниме многу рано на шопинг
..By the way, гледајќи ги коментарите претходно во однос на купување на кола, посебно од Бугарија, не видов една работа која мене ме интересира (човек кој ќе заменува југо45,'89 година-со тешко срце
) и колку им верувате на Бугарите и колку се реалните цените на колите..јас искрено со скептичност гледам кон нивните понуди, иако ми изгледаат привлечно,за мојот скромен буџет;.Добредојдов на форумов