Најавени измени во законот за увоз на автомобили

T

Tetro

Гостин
Не земам јас за мене , сакам да однесам нешто доле да си го извадам патот , а и со кола можам повеќе ствари да понесам.:wink:
значи, да ти била работата, за носење највеќе простор имаш со опел омега од споменатите, ама најдобро договори се со некој пријател твој каква кола сака за да му донесеш, или пак, пушти си оглас, носам кола по избор, бла-бла-бла, итн, и можда ќе ти се јави некој со понуда, јбг,вреди да се проба, нели?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Дизел, немој да земаш бензинец, со намера да му ставаш плин, шо викаат постарите, ќе ја заебеш машината (држи вода), + и имаат проблеми зимно време многу со палењето. :helou:

еве што земал другар ми hyndai coupe, 3000 евра, го чекам да си дојде за 10-тина дена

1. Докажи ми со еден (ама само еден) факт зошто плинот е лош за моторот?

2. Другар ти те лажи. Купеата одат од 1000-1500 евра и тоа зачувани.
Провери мобиле, авто.нет итн :)
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
1. Докажи ми со еден (ама само еден) факт зошто плинот е лош за моторот?

2. Другар ти те лажи. Купеата одат од 1000-1500 евра и тоа зачувани.
Провери мобиле, авто.нет итн :)
Па би можело да се јави проблем со пумпата за гориво, а бидејќи на плинот му недостасуваат адитиви, може да дојде и до оштетување на издувните вентили бидејќи ќе бидат пооптоварени. Меѓутоа и за тоа може да се најде лек, пример со замена на постојните седла на вентилот со потврди.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
1. Докажи ми со еден (ама само еден) факт зошто плинот е лош за моторот?
Ги гори вентилите, ја гори пумпата, нема мајстор во МК за да намести плински уред, големи проблеми со свекјици и кабли... Треба уште?:helou:
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
1) Тоа што го кажувате не е проблем од физичките особини на гасот. Тоа е несоодветната инсталација на системот.

2) Свеќиците и каблите немаат апсолутно (ама АПСОЛУТНО) никаква врска во намалувањето на нивниот квалитет ако се користи бензин/плин.

Плинот е МНОГУ почисто гориво за согорување. Моторите што се на плин возат 10-15% повеќе километри отколку на бензин. Самата поголема детонација и нечистотијата на бензинот си го прават своето.

Или илустративно.

Ремонт на автомобил (од новите): 500 000 км на бензин
Ремонт на автомобил (од новите): 550 000 до 600 000 на плин.

3) Спомнавте пумпа? А за која пумпа станува збор? Бензинска? :smir:

Сум користел долго време автомобил на плин. Никаков проблем немав.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ги гори вентилите, ја гори пумпата, нема мајстор во МК за да намести плински уред, големи проблеми со свекјици и кабли... Треба уште?:helou:
А да стокецот што го користиме место магаре осум години плин има на него мака нема....
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.162
Поени од реакции
11.926
ВОДИЧ ЗА УВОЗ НА СТАРО ВОЗИЛО

Подгответе плус 500 евра за документи

Зголемувањето на старосната граница за увоз на половни возила и драстичното намалување на акцизите и царината не значи дека си што ќе се купи од странство веднаш може и да се вози во Македонија

Зголемувањето на старосната граница за увоз на половни возила и драстичното намалување на акцизите и царината не значи дека сe што ќе се купи од странство веднаш може и да се вози во Македонија. Секое увезено возило пред да добие регистарски таблички прво треба да помине низ неколку контроли, а лицето што го увезува за него да обезбеди куп документи од земјата од којашто го купил и од Македонија. Освен тоа, секој што планира да увезе половно возило мора да знае дека царината, акцизата и ДДВ-то од 18 отсто не се единствените давачки и дека на дополнителни документи и услуги треба да се платат уште околу 500 евра, до добивањето на македонски регистарски таблички.
"Вест", во консултации со Царинската управа на Македонија, нотари и шпедитори кои имаат долгогодишно искуство, во чекори ви ја открива целата постапка за увоз на половно возило од странство, низ што сe треба да се помине и кои се дополнителните трошоци.

Подготви: И.Смиљанска






1. Купете возило со оригинална сообраќајна книшка

Откако ќе го направите изборот на автомобил за кој треба да внимавате да има најмалку ЕУРО 1 и ЕУРО 2, на некој од странските автоплацови треба да потпишете купопродажен договор со лицето што го продава. Со овој договор треба да добиете и сметка за сумата што сте ја платиле, и оригиналната сообраќајна книшка за возилото. Со обезбедувањето на овие документи завршува вашата работа со автоплацот.

2. Уште во странство ставете ЦОЛ таблички

Пред да тргнете кон Македонија не заборавајте да извадите документ за технички карактеристики на возилото. За овој документ најдобро е да се консултирате со лицето од кое сте го набавиле возилото. На пример, за цела Германија овој документ се обезбедува само во Минхен, или може да се обезбеди преку овластени дилери и чини околу 80 евра. Откако ќе го обезбедите овој документ, потребно е да земете и привремени т.н. ЦОЛ регистарски таблички со кои ќе го возите возилото до дома. Овие таблички чинат околу стотина евра, а се добиваат по откажувањето на старите. Ако возилото планирате да го транспортирате натоварено на товарно возило, тогаш не ви се потребни ЦОЛ таблички, туку само да ги откажете старите.

3. На македонската граница пријавете дека имате возило за царинење

Откако ќе ги обезбедите ЦОЛ табличките и сите претходно наведени документи, подготвени сте да се враќате назад. За патот предвидете пари за гориво и за патарини. Кога ќе стигнете на македонската граница, прво што треба да направите е да пријавите дека имате возило за царинење. По пријавата задолжително треба да добиете транзитен документ т.н. Т1 документ со кој ќе го возите возилото до една од петте царински испостави. Вакви испостави има во Скопје, Куманово, Штип, Гевгелија и Битола, а во која ќе се направи царинењето зависи од жителството на лицето кое го донело возилото.

5. Со царината се плаќа и акциза и ДДВ и еколошка такса

За царинската испостава ви се потребни Т1 документот, оригиналната сообраќајна книшка, документот за техничките карактеристики на возилото, купопродажниот договор или фактура. Врз основа на овие документи прво се прави царинење. Царината во моментот изнесува 1 и 10 отсто. Само 1 отсто е ако за возилото е обезбеден документ за европско потекло, а 10 отсто без овој документ. Но, со измените на Законот, кои се во собраниска процедура, наскоро оваа давачка треба да се преполови и да биде 5 отсто.
Откако ќе се плати царина за возилото се издава царинска декларација. Потоа се прави проценка на вредноста на возилото врз основа на која се плаќа акцизата која по ново ќе се движи од 0 до 18 отсто. На вкупната вредност на возилото со претходните платени давачки се пресметува и ДДВ од 18 отсто што треба да се намири, исто така, во царинската испостава. На истото место увозникот на старото возило задолжително плаќа и такса за животната средина. Според Законот, оваа такса се пресметува врз основа на кубикажата на возилото и за патничките возила се движи од 2.500 до 5.000 денари, додека за транспортните изнесува 10.000 или 12.500 денари.

5. Хомологација

Според новите правилници, кои се веќе во сила, хомологацијата се прави откако ќе заврши царинењето на возилото. Со царинската декларација и со сите претходно собрани документи, се оди во овластена станица за технички преглед каде што детално се прегледува возилото. Оваа процедура чини околу 6.000 денари и ако возилото ги помине тестовите за него се издава сертификат за хомологација.

6. Задолжителен превод на сите документи

Пред да се оди на регистрација за добивање македонски таблички, задолжително мора да се направи превод кај овластен преведувач на сите оригинални документи и задолжително тие да се заверат од нотар, што подразбира и дополнителни трошоци за оваа услуга. Преводите најчесто чинат од 350 до 450 денари по страница, а заверката кај нотар 150 денари по документ. Се преведува сообраќајната возачка дозвола, купопродажниот договор и документот за техничките карактеристики на возилото.

7. Регистрација

Откако ќе заврши хомологацијата и преводот, може да се оди на регистрација на возилото која во зависност од кубикажата на возилото во Македонија се движи од 10.000 до 12.000 денари. Во оваа постапка за увезеното возило се издаваат и нови македонски регистарски таблички кои чинат 1.400 денари и нова сообраќајна книшка.

Дозволен увоз на возила со старост до 18 години

Следните шест месеци во Македонија може да се увезуваат возила со ЕУРО 1, а во следните шест години возила со ЕУРО 2 стандарди, откако минатата недела стапија во сила новите правилници. Тоа значи дека ќе може да се внесат возила кои се произведени и пред 18 години, но кои ги исполнуваат стандардите пропишани во правилниците. Променет е и начинот на увоз на старите возила, според кој прво ќе треба да се направи хомологација на возилото, а потоа да се царини. Во случај увозникот да не добие позитивна оцена за хомологација, парите платени за царинска постапка ќе му бидат вратени на увозникот.
Освен патнички возила, со Правилникот за единечно одобрување на возило се опфатени и возилата од категориите: М (за превоз на патници), Н (за превоз на стоки) и О (приколки).
Со усвојувањето на овие подзаконски акти се овозможува спроведување во практика на одлуката на Владата на Република Македонија за олеснување на условите и постапките за увоз на користени автомобили и легализација на автомобилите со странски регистарски таблички во земјата.

Вест
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Како може да се види каталогот по кој се води државата за давачките при увоз на автомобил.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
80 за Тив Минхен
100 евра ако сакате со возење (Цол таблици, ако не на камион и правец Македонија)
40-50 евра за еколошка такса
Хомологација 100 евра
25 евра превод
200 евра регистрација и таблици

200+100+40+80+25+(100)=445 на приколка+100 евра за цол = 545 евра (отприлика)

Патни трошоци од 150-300 евра

845 евра со сите давачки на МК таблици. Најмногу до 1000 евра.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
80 за Тив Минхен
100 евра ако сакате со возење (Цол таблици, ако не на камион и правец Македонија)
40-50 евра за еколошка такса
Хомологација 100 евра
25 евра превод
200 евра регистрација и таблици

200+100+40+80+25+(100)=445 на приколка+100 евра за цол = 545 евра (отприлика)

Патни трошоци од 150-300 евра

845 евра со сите давачки на МК таблици. Најмногу до 1000 евра.
Да, и + ДДВ и + царина и +лежарина и + минимум 100 евра за ваму/таму ќе ти дојдат минимум 2000 евра на МК таблици :tapp:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
За 5000 евра се наоѓа кола гром. Уште ова она 2000 за 7000 ќе имаш лимузина :smee:
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Лежарината рекоа дека ќе ја укинат.

Плус тоа цените на сите коли ќе паднат за 50%.

Пример Опел Вектра Б, од 1998 година кај нас е 5000 евра.

А со новото, со увоз, давачки и регистрација...

Проверете на мобиле.де
За добра Vectra...

1200 евра
+2%
+18%
---------
1444 евра

На тие 1444 евра ќе ги додадеме максималните 1000 евра

2444 евра за Опел Вектра што е повеќе од дупло.

2500 еве нека фати за Опел Вектра!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom