Правење на Curriculum vitae (CV)

  • Креатор на темата Креатор на темата baltazar
  • Време на започнување Време на започнување
ама малце глупо е на 15 години да незнаеш што е CV. ипак од општа култура е тоа.
 
Предмет: Искрено CV
До: XXXX ДОО

Потполно неподготвен за работа под притисок и прекувремена работа освен ако не сум дебело платен.

Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и да ми остане за гардероба, книги, патување, излегување и спорт.

Функционирам според принципот “Колку пари – толку музика.“

Исто така, не ме интересира што сте во пробеми и очекувам сите обврски кои ви се предвидени со закон да ги извршите на време, како и тоа да ги почитувате сите празници и годишниот одмор.

Факт е дека ќе ве напуштам штом ми се пружи подобра шанса.

Комуникативен сум со пристојни и љубезни личности, за заебанти имам краток фитил.

Пцујам на неколку светски јазици.

Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто и завршив факултет во оваа земја, каква што е.

Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и мислам дека животот има смисла и без скапување на работа.

Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со тестирање и тим билдинг глупости. Ако веќе се притресувате на такви западњачки фори, тогаш понудете и западњачка плата и услови за работа. Тоа што сте посетиле два, три семинари – не ве прави образована личност.

Што не знам – ќе научам. Не сум дебил.

И да, постојат работи кои во животот сум ги правел од чист ентузијазам, но жалам што морам да ве информирам дека тоа не важи и за работата која Вие ја нудите.

Со почит,
XXXX XXXXX
 
........................

Исто и CV е западњачка фора...... стално сум давал предност на изразот.... Професионална биографија:toe:
 
Јас на интервју давам предност,очи во очи:)Се друго е глупости во боја.
Ама на дечково кој го смислил ова му пуштам рака:)
 
Со почит,
XXXX XXXXX
Трипл Икс, Сивито на Вин Дизел :)
Стварно, CV, пред да се ориентираме европски се нарекуваше поинаку -кратка или професионална, зависно од фирма и периодот.
 
ама малце глупо е на 15 години да незнаеш што е CV. ипак од општа култура е тоа.
Студенти на дваесетина години не знаат што е CV, а камоли некое девојче кое има само 15 години...

Јас на интервју давам предност,очи во очи:)Се друго е глупости во боја.
Ама на дечково кој го смислил ова му пуштам рака:)
Ме интересира дали во Македонија интервјуата повеќе се водат на македонски, или на англиски? :raz: Знае некој :raz:
 
Зависи. Најчесто е на македонски. Со тоа што често се поставува прашање на англиски, а прашањето е во глобала лично за нас, карактеристики ова она. Барем од лично искуство ова.
А на англиски комплетно интервју има поретко. Ако е странска фирмата може тоа да се случи или пак работата ти бара комуникација пред се на англиски. Е тогаш англиско интервју.

Ама додека не седнеш на интервју немаш поима како истото ќе се одвива и на кој јазик. :)
 
Убаво ти кажала Росоњерка, ама никогаш неможеш да знаеш на кој јазик ќе се одвива интервјуто, на пример во државна агенција за рурален развој имаше интервјуа кои беа потполно на англиски јазик. Затоа бидете спремни и за двете опции - но ништо страшно, само едноставни и кратки прашања се поставуваат.
 
Ме интересира дали во Македонија интервјуата повеќе се водат на македонски, или на англиски? :raz: Знае некој :raz:

Зависи каде одиш.Ако си во странска институција (ИФЦ,ЕБРД) или невладин сектор интервјуто е задолжително на англиски.Ако си во фирма со странски капитал,росонерка објасни,само општо за себе да се претставиш на англиски.
Ако си во домашна компанија...нема ни А од англиски:))
Пиши ако одиш некаде,можеби сум била,ќе споделам впечаток:)
 
Не ме прочита на претходна изгледа :)
 
http://jas.mk е веб сервис кој ви овозможува брзо и лесно креирање на Ваше CV, кое потоа можете да го симнете во вид на PDF или Word документ, а исто така ке го имате достапно онлајн и во било кое време ке може да го промените и да го праќате на други во вид на линк (www.jas.mk/korisnicko-ime)
 
Во еден оглас, ми бараат пријава за работа + CV...CV се снајдов, но каква е таа пријава за работа НА АНГЛИСКИ јазик?
Благодарам однапред!
 
Пријава за работа исто како и на македонски само напишана на англиски и на латиница.
А кого сакаш да го пријавиш,што работи тој што сега ти ке го пријавуваш а ?
 
Во еден оглас, ми бараат пријава за работа + CV...CV се снајдов, но каква е таа пријава за работа НА АНГЛИСКИ јазик?
Благодарам однапред!
А да не се работи за писмо, а не за пријава? Ако се работи за писмо во пп пиши ми меил, ќе ти пратам пример.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom