Слаткаристика ,концерт на 13-ти февруари - Метрополис Арена

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Невидена хип-хоп треска со Слаткар

Повеќе од шест илјади луѓе им помогнаа на Слаткаристика, Тони Зен, Токсикологија, Џака Накот, ди-џеј Чваре да докажат дека Македонија навистина ја тресе хип-хоп револуција. Масовна хистерија по Слаткар се случи во саботата, на концертот во Метрополис Арената.

ДЈ Чваре ја загреја масата, а нашата Снеже Велков од видео бим ги најави ѕвездите на вечерта. Балоните на "Бум ТВ" летнаа низ Арената, а Слаткар започна да владее со сцената. До сега на истото место сме гледале како публиката пее со изведувачите, сме гледале пејачки хор. Но, на концертот на Слаткаристика за прв пат видовме рапувачки хор. Фановите на Марко не пропуштија ниту еден стих од "Фм", "Шопинг", "Лове", Да полетам... Тони Зен направи вистинска драма кога се појави. Качен на голем Хамер, со обезбедување од четворица батки, Тони ја рапуваше "Во мој стил".

- За нас хип-хоперите ви зборуваат дека сме лажни, дека сме фејкери, но јас знам само едно: Правам галама за уште еден скандал", извика Тони Зен и го изведе својот голем хит. Заедно со Слаткар на сцена, подржани од "Тоскикологија", беа причина публиката уште еднаш да падне во делириум. Следеа "Ми каса ес су каса", и "Спушти се доле", песни кои беа изведени паралелно на три сцена. На секоја сцена, постојано се менуваа статистите, танчарите и сценогарфијата.
Настанот го збогати бендот во живо и хорот на крај. Организaторот, Јован Јованов и неговите "Јованов рекордс" ни рекоа дека 3 месеци не спиеле пред да се случи концертот. Слаткар пак, на крајот призна дека работеле како црнци.
На последната балада, "Да полетам", "Бум ТВ" пушти уште повеќе балони а сликата од ВИП делот беше фасцинантна. "Бекстејџ" со гордост го подржа концертот "Хип хоп-револуција во Скопје". Честитики за сите оние кои го направија спектакл за паметење.















 
B

BBlisto

Гостин
Не бев...не ни помислив да идам...страшно е на што се пали младинава...страшно е што девојчиња мали се палат на типов, иако сите знаеме какви се неговите текстови...не знам како даваат пари за да идат на концерт на некој тип (не го нарекувам ни музичар) што буквално ги навредува и понижува во своите текстови...али тоа е...:toe:
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Хептем јасно. Не сум ја ова новопечениве шо се палат на Pioneer S1000. :)
Tакво нешто не постои од Pioneer али ја би CDJ2000 :)))

Иначе према тоа шо видов на Сител еве БАРЕМ еднаш кога бил Метрополис пополн:



на Carl Cox :pipi:

И уштеднаш,на Бјело Дугме! За двава настани можам и опклада да правам!!! :smir:
 

Satellite

Digital Dance DJ
Член од
25 декември 2007
Мислења
321
Поени од реакции
115
uste dva nastani :

Greatest hits 2 i 3 : 7000 i 10 000 lugje ;)
 

МадерФакер

Титл по моја желба
Член од
25 ноември 2009
Мислења
678
Поени од реакции
44
Tакво нешто не постои од Pioneer али ја би CDJ2000 :)))
Упс, ја се извињавам. Дури сега приметив шо глупост сум олупал. Ѕ1000 беше нешто сасвим друго (дигитален фото-апарат од самсунг). :)
 

Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Гитаристите се ѕверови. Едниот личи на Slash со стилот, другиот е Гогич :wub:
Инаку вика I love you so much :icon_lol: (му подарија срце).
Гитаристот шо ти личи на Slash...Кристијан Волчев.."Malfunction" :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom