Невидена хип-хоп треска со Слаткар
Повеќе од шест илјади луѓе им помогнаа на Слаткаристика, Тони Зен, Токсикологија, Џака Накот, ди-џеј Чваре да докажат дека Македонија навистина ја тресе хип-хоп револуција. Масовна хистерија по Слаткар се случи во саботата, на концертот во Метрополис Арената.
ДЈ Чваре ја загреја масата, а нашата Снеже Велков од видео бим ги најави ѕвездите на вечерта. Балоните на "Бум ТВ" летнаа низ Арената, а Слаткар започна да владее со сцената. До сега на истото место сме гледале како публиката пее со изведувачите, сме гледале пејачки хор. Но, на концертот на Слаткаристика за прв пат видовме рапувачки хор. Фановите на Марко не пропуштија ниту еден стих од "Фм", "Шопинг", "Лове", Да полетам... Тони Зен направи вистинска драма кога се појави. Качен на голем Хамер, со обезбедување од четворица батки, Тони ја рапуваше "Во мој стил".
- За нас хип-хоперите ви зборуваат дека сме лажни, дека сме фејкери, но јас знам само едно: Правам галама за уште еден скандал", извика Тони Зен и го изведе својот голем хит. Заедно со Слаткар на сцена, подржани од "Тоскикологија", беа причина публиката уште еднаш да падне во делириум. Следеа "Ми каса ес су каса", и "Спушти се доле", песни кои беа изведени паралелно на три сцена. На секоја сцена, постојано се менуваа статистите, танчарите и сценогарфијата.
Настанот го збогати бендот во живо и хорот на крај. Организaторот, Јован Јованов и неговите "Јованов рекордс" ни рекоа дека 3 месеци не спиеле пред да се случи концертот. Слаткар пак, на крајот призна дека работеле како црнци.
На последната балада, "Да полетам", "Бум ТВ" пушти уште повеќе балони а сликата од ВИП делот беше фасцинантна. "Бекстејџ" со гордост го подржа концертот "Хип хоп-револуција во Скопје". Честитики за сите оние кои го направија спектакл за паметење.