Жељу Желев: Грција води срамна политика кон Македонија

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Првиот демократски избран претседател на Бугарија Жељу Желев ја опиша како срамна политиката која Грција ја води кон соседна Република Македонија.

- Западниот сосед треба да остане со името Република Македонија, како што се викаше во југословенската федерација, во текот на половина век. Зошто тогаш, во времето на Тито Грција не го поставуваше прашањето за името? Затоа што се плашеше. Тоа е срамно, сега да си играат со оваа земја на ваков неубав начин, изјави поранешниот бугарски претседател, во интервјуто објавено на Интернет страницата на новинската агенција БГНЕС.
Бугарија е првата земја која ја призна Македонија, за што, како што наведува новинската агенција, Желев има голем придонес.
- Самите околности го диктираа начинот на кој требаше да се донесе оваа одлука-брзо или бавно, вели Желев. Тоа беше во времето кога војната во поранешна Југославија почна да беснее и мораше побрзо да се решат некои прашања. Ние прво одлучивме да се свртиме кон сите балкански држави-соседи на Југославија и особено кон Македонија да се откажат од какво било учество во оваа војна. Второто нешто што го побаравме беше сите соседи на Македонија да ја признаат како самостојна и независна држава, т.е. да го признаат нејзиниот државен суверенитет и територијален интегритет. Во принцип, тие се согласија, но нештата не се одвиваа токму така, раскажува Желев.
Во исто време, за прашањето требаше да се разговара и во Европската унија. Европската комисија нареди да биде формирана една комисија под водство на големиот француски правник и конституционалист Роберт Бадантер, која ги разработи критериумите според кои требаше да бидат признати поранешните југословенски републики како независни држави, рече Желев и додава: Оваа комисија добро си ја заврши работата и во извештајот, кој го претстави, се посочуваше дека само две држави ги исполнуваат условите да бидат признати за самостојни, независни, бидејќи на нивната територија нема војна, нема граѓански немири, нема настани кои ги туркаат кон усложнување на ситуацијата - Словенија и Македонија.
Без оглед на препораките на комисијата „Бадантер“ Македонија отпадна како кандидат за самостојна држава, бидејќи Грците, користејќи го задолжителниот консензус во такви случаи, рекоа дека не се согласуваат со нејзиното признавање. Тоа беше неправедно кон Македонија. Тогаш ние одлучивме Бугарија да биде првата земја, која ќе ја признае Македонија заедно со другите три поранешни југословенски републики-Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска. Ние бевме подготвени за тоа решение, како во парламентот, во комисијата за надворешна политика, така и во претседателската институција и во владата. Кога за овој предлог требаше да се гласа во Народното собрание јас се обратив кон целиот народ дека институцијата Претседател бара и сака да биде призната Република Македонија како самостојна и независна држава, се сеќава Желев.
Петнаесет денови подоцна, на економскиот форум во Давос Желев му пристапил и на премиерот на Турција, Сулејман Демирел. Желев се сеќава: - Демирел внимателно ги ислуша моите аргументи, се загледа во аголот на собата, во која се водеше разговорот и рече: За најмногу една недела турската влада ќе ја признае Република Македонија. И навистина по осум или 10 дена, на точниот датум не се сеќавам, стаса вестта: „денеска Владата на Република Турција официјално ја призна Република Македонија како самостојна и независна држава“.
Слични разговори Желев водел и со претседателот на Русија Борис Елцин во истата 1992 година. - Во еден момент, при една од заедничките прошетки во резиденцијата „Бојана“ му реков на рускиот претседател дека се уште не го гледам декретот со кој се признава Македонија, раскажува поранешниот бугарски претседател. - Елцин се сепна и му викна на министерот за надворешни работи Андреј Козирев и му нареди да го напише указот. Се сеќавам дека во тој момент Козирев започна да „крши прсти“ објаснувајќи дека Грците многу ќе им се налутат за овој чин. Елцин отсече: „мене Грците не ме интересираат, бугарската позиција е правилна, затоа напиши го декретот. Козирев речиси беспомошно додаде дека тоа е невозможно од технички причини, бидејќи печатот останал во авионот на аеродромот. Елцин од своја страна соопшти дека на прес-конференцијата ќе зборува прв како гостин и ќе започне со веста дека денеска Руската Федерација ја признава Македонија за самостојна држава. Тој исто така рече дека 10 минути по полетувањето на авионот преку радиото за врски ќе му соопштат на претседателот Желев, на неговиот тим, на Владата и на бугарските медиуми дека Руската Федерација ја признава независна Македонија. И навистина точно 10 минути по полетувањето на авионот дојде пораката дека декретот е потпишан на 3-ти август 1992 година, се потсетува Желев.
Утре, 15 јануари, д-р Жељу Желев, претседател на Бугарија во периодот 1990-1997, ќе биде награден од македонскиот претседател Ѓорге Иванов со орденот "8 септември" - највисокото државно одликување на Република Македонија.
- Со овој акт изразувам голема и искрена благодарност до Вас, на Вашата лична посветеност на развојот на односите на пријателство и добрососедство помеѓу нашите две земји, како и за улогата што ја изигравте во периодот на признавањето на Република Македонија од страна на Република Бугарија, се вели во писмото на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, испратена лично до д-р Желев.

извор

Ова докажува дека сите Бугари не се исти као оне што висат по форумите платени од Какарачанов и компанија
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
nako напиша:
Ова докажува дека сите Бугари не се исти као оне што висат по форумите платени од Какарачанов и компанија
Ај малку тргни си ги розевите наочари и протарашкај по нетов да прочиташ изјави на благонадежниов Жељу околу Македонија и Македонците низ годиниве, пред да си донесуваш вакви заклучоци.

Може..?

Без навреда, не знам колку години имаш, ама да веруваш дека држави како Русија или Турција тукутака признаваат други држави со сите нишани само зашто "гољамиот дипломат Желев" така им сугерирал е во најмала рака инфантилно размислување.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

Русиja-да,за Турциja не можам да бидам сигурен.
Забораваш дека БГ и СССР (след което Русиja) беха наjблиските до 1990 година от источниот блок.Уште повеке Борис Елцин беше голем приjaтел со Желев.
 
H

^HITMAN^

Гостин
И сега претпоставувам би требало сите ние да веруваме во добронамерноста на Жељел кој многупати досега кажал, цитирам: "Македонцијте се поробена бугарска нација." Па за име Божјо тој е Бугарин. Кој нормален и здрав би верувал во добрите намери и искреноста на еден Бугарин - политичар, кога се работи за македонското прашање,? Не бидете смешни ве молам.... Да, во право си дека не се сите бугари исти, но 90% од нив се настроени антимакедонски. Баш пред некој ден гледав една анкета во Софија, ги прашуваа граѓаните за правата на Македонците во Бугарија и 9 од 10 одговорија антимакедонски и тоа со страст. Немојте ве молам да ми кажувате дека Бугарите ни се нам пријатели...
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Русиja-да,за Турциja не можам да бидам сигурен.
Забораваш дека БГ и СССР (след което Русиja) беха наjблиските до 1990 година от источниот блок.Уште повеке Борис Елцин беше голем приjaтел со Желев.
Види сега како сам се навредуваш и после се жалиш тука кога ние само ги повторуваме истите работи што сами си ги кажувате еве веќе безмалку 2 века.

Прво и основно е дека сте Руска направија и вечно треба да сте свесни и благодарни за тоа.

А за болдираното посебно си влета сам во стапица, зашто според тебе способноста за "духање ала длабоко грло" на благополучниот Тодор Живков кон секој Советски лидер (додуша Ерих Хонекер со Штази може слободно да ја носи истата титула) ја пренесуваш врз целиот ваш народ Болгаристански, вклучувајќи те и тебе, и после ние сме ви криви.

Абе шо да ти распраам, бугарска работа...
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ако бевме руска направиja,немаше да постоиме како држава преди Русиja :wink:
Првиот руски поглавар на црквата им немаше да е бугарин.Нешто ти фали во логиката.
Това дека СССР и НРБ от 1946 до 1990 беха наjблизките држави во источниот блок-това е факт и никоj не го оспорува.
Уште повеке дека бугарскиот народ е бил винаги благодарен ком рускиот народ за помошта 1878 година.Там е големата разлика,некои заборават-други памтат.
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
207
Поени од реакции
12

Ot de tolko omraza be dreven.Dojde li zbor za Bulgarija obezumjavate.Ne tolko istericno.Ne za djabe i Gruevski duri iska da mu se vraci nagrada na Zelev za zaslugi.Toa sto covekot vo otreden moment pomognal ne te pravi tebe po malko dreven ili anticen zatove nema potreba da bides tolko istericen.
 
nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Ај малку тргни си ги розевите наочари и протарашкај по нетов да прочиташ изјави на благонадежниов Жељу околу Македонија и Македонците низ годиниве, пред да си донесуваш вакви заклучоци.
Секој линк е добродојден
Без навреда, не знам колку години имаш, ама да веруваш дека држави како Русија или Турција тукутака признаваат други држави со сите нишани само зашто "гољамиот дипломат Желев" така им сугерирал е во најмала рака инфантилно размислување.
Жељо Жељев го ставам во групата на претседатели као што е Киро Глигоров ( светео си го обработиле, време е сега монографии да се пишува и да се фали ). А тоа дека Елцин не призна во авоион после посетата во Бугарија тоа можам шаком и главом да ти потврдам, сосема доволно сум возрасен да кристално јасно се сеќавам на тој момент. Е сега дали навистина така се одвивал разговорот со Елцин и Жељев тоа... навистина не знам.
Како ли да е сакам само да потврдам дека ако во едно стадо има некоја црна офца, не значи дека целото стадо офци треба да се бојадисуваат во црно. А многи добро знаме кои се црните офци во Бугарија, Грција и Србија и зашто се толку црни.
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Ако бевме руска направиja,немаше да постоиме како држава преди Русиja :wink:
Првиот руски поглавар на црквата им немаше да е бугарин.Нешто ти фали во логиката.
Това дека СССР и НРБ от 1946 до 1990 беха наjблизките држави во источниот блок-това е факт и никоj не го оспорува.
Уште повеке дека бугарскиот народ е бил винаги благодарен ком рускиот народ за помошта 1878 година.Там е големата разлика,некои заборават-други памтат.
Некои работи не ти се јасни изгледа на тебе, а од ЛОГИКА немаш ми "л" ама што да се прави, не има секакви по светов...

"Расправијава" што сакаш да ја наметнеш не и е тука место, туку во подфорум ИСТОРИЈА, ама ај малку да те просветлам.
Демек вие "памтите" и сте благодарни, нели кон тие што ве створија..?
Да не се лажеш малку..? За неколку години им свртевте грб, па Радославов изјавуваше дека ќе јавате на 2 коња, а ви затребаат Русите ќе викате Славјани сме!, а пред Германците и Австријците - Хуни сме!

Е, арно ама имало и тогаш некој запишувал рабоќе...

Знаеш ли кој е и што значи за вашата Б'лгарска историја "деецот" со име Петко Рачев Славејков..?!?

Еве ти неколку негови многу поучни стихотворенија по повод руско-австриско-германското примо-предавање на употреба на твојот мил Болгаристан од едни во други раце, па може ќе ти се разјаснат некои рабоќе:

Батемберг мислам дека би требало да знаеш кој е, нели..?

Сега се разбравме ли..?

Ot de tolko omraza be dreven.Dojde li zbor za Bulgarija obezumjavate.Ne tolko istericno.Ne za djabe i Gruevski duri iska da mu se vraci nagrada na Zelev za zaslugi.Toa sto covekot vo otreden moment pomognal ne te pravi tebe po malko dreven ili anticen zatove nema potreba da bides tolko istericen.
Ти си исто толку Турчин колку што е оној другион на ИСТОРИЈА "Добруџанец женет за Македонка"
:nenene:

А, ако си стварно тогаш имам разбирање...
Што да се прави, "крвта вода не става", мораш да си се грижиш за твоите племенски братовчеди коишто еднаш се Славјани, другпат Хуни, третпат Тракијци, само и само да не признаат дека всушност со тебе се први братучеди...
:kesa:

Ама нејсе, пак ќе речам: бугарска работа...
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
207
Поени од реакции
12
Mnogo si bil elementaren.Az ako se razrovja iz vasata jugoslovenska poezia moga da postiram so godini neli taka. A za ostanaloto- ako ne se hunzi ste se razberem:) PS mi e pisnalo od copy paste istorici koito postirat nekakva poema i si mislat deka se otkrili Amerika :)
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Некои работи не ти се јасни изгледа на тебе, а од ЛОГИКА немаш ми "л" ама што да се прави, не има секакви по светов...

"Расправијава" што сакаш да ја наметнеш не и е тука место, туку во подфорум ИСТОРИЈА, ама ај малку да те просветлам.
Демек вие "памтите" и сте благодарни, нели кон тие што ве створија..?
Да не се лажеш малку..? За неколку години им свртевте грб, па Радославов изјавуваше дека ќе јавате на 2 коња, а ви затребаат Русите ќе викате Славјани сме!, а пред Германците и Австријците - Хуни сме!

Е, арно ама имало и тогаш некој запишувал рабоќе...

Знаеш ли кој е и што значи за вашата Б'лгарска историја "деецот" со име Петко Рачев Славејков..?!?

Еве ти неколку негови многу поучни стихотворенија по повод руско-австриско-германското примо-предавање на употреба на твојот мил Болгаристан од едни во други раце, па може ќе ти се разјаснат некои рабоќе:

Батемберг мислам дека би требало да знаеш кој е, нели..?

Сега се разбравме ли..?

Ти си исто толку Турчин колку што е оној другион на ИСТОРИЈА "Добруџанец женет за Македонка"
:nenene:

А, ако си стварно тогаш имам разбирање...
Што да се прави, "крвта вода не става", мораш да си се грижиш за твоите племенски братовчеди коишто еднаш се Славјани, другпат Хуни, третпат Тракијци, само и само да не признаат дека всушност со тебе се први братучеди...
:kesa:

Ама нејсе, пак ќе речам: бугарска работа...
На тебе много работи не са ти jaсни,ама аjде.Само един факт-около 1000 са военните споменици во БГ,во спомен на загинатите руски,украински,романски,финландски воjници во 1878.Бугарскиот народ винаги е бил много тесно поврзан со рускиja.
Много има да учиш оште за односите БГ-Русиja.
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
nako напиша:
Секој линк е добродојден
Ме мрази сега малку да барам, ама ако стварно сакаш ќе ти најдам.

nako напиша:
Жељо Жељев го ставам во групата на претседатели као што е Киро Глигоров ( светео си го обработиле, време е сега монографии да се пишува и да се фали ). А тоа дека Елцин не призна во авоион после посетата во Бугарија тоа можам шаком и главом да ти потврдам, сосема доволно сум возрасен да кристално јасно се сеќавам на тој момент. Е сега дали навистина така се одвивал разговорот со Елцин и Жељев тоа... навистина не знам.
Хмм... Муабетов ти е како да си им светел.
Полека малку со "слепата верба"...

nako напиша:
Како ли да е сакам само да потврдам дека ако во едно стадо има некоја црна офца, не значи дека целото стадо офци треба да се бојадисуваат во црно. А многи добро знаме кои се црните офци во Бугарија, Грција и Србија и зашто се толку црни.
Види вака, секој народ па и бугарскиот има личности што навистина заслужуваат почит, ама кај овие источниве од огромното мнозинство на ксенофобични, шовинистичко-фашистички настроени шизофреничари не може на површина да испливаат луѓето што стварно им вредат.
Арно ама Жељу не е еден од тие, а посебно не во однос на нас Македонците.
Мислам дека сум јасен.

Mnogo si bil elementaren.Az ako se razrovja iz vasata jugoslovenska poezia moga da postiram so godini neli taka. A za ostanaloto- ako ne se hunzi ste se razberem:) PS mi e pisnalo od copy paste istorici koito postirat nekakva poema i si mislat deka se otkrili Amerika :)
Хахаааа, ти пржит, а..?!?

Ако, ако... Per aspera ad astra, ќе ве научиме на памет ај ти.
Малку ќе ве боли, ама на крај ќе бидете многу среќни и задовол(е)ни.
:wink:

Ова песниче има да си го научите напамет, и ќе си го рецитирате како за добро утро катаден:

А, тоа што се обидуваш да ми фрлаш прав во очи со дефокусирања од типот "древни", "хунзи", ова-она нема да ти успее кај мене.
Од друга страна и за тоа си знаеш ти, и древни, и вакви, и такви секогаш МАКЕДОНЦИ.
Само кај вас во Болгаристан што праиме, кои сте, од кај сте, што сте никако да си признаете.
:jaj:
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Добивам впечаток дека во Бугарија постојат 3 струи. Една анти македонска која е со иста мисла ко другата, друга која глуми љубов кон Македонија бидејќи неможат да ја прежалат Вардарска и трета група кој ич к.р не ги боли.
 
nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Хмм... Муабетов ти е како да си им светел.
Полека малку со "слепата верба"...
Не сум им светел, али тогш татко ми беше во Русија и слушајки се на телефон ( а он гледа вести ) во истиот момент на руските вести кажуваат дека Русија ја признала Македонија а Елцин се враќа во Русија од Бугарија.

Види вака, секој народ па и бугарскиот има личности што навистина заслужуваат почит, ама кај овие источниве од огромното мнозинство на ксенофобични, шовинистичко-фашистички настроени шизофреничари не може на површина да испливаат луѓето што стварно им вредат.
Арно ама Жељу не е еден од тие, а посебно не во однос на нас Македонците.
Мислам дека сум јасен.
Да е жив и здрав Makedonier
Од овој документарец може да се заклучи дека сепак огромно мнозинство и не биле ксенофобични, шовинистичко-фашистички настроени шизофреничари туку напротив...
А јас како Македонец нема да им дозволам да се лизнуваме од поедини провокатори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom