nako
No1
- Член од
- 22 јануари 2006
- Мислења
- 918
- Поени од реакции
- 35
Првиот демократски избран претседател на Бугарија Жељу Желев ја опиша како срамна политиката која Грција ја води кон соседна Република Македонија.
- Западниот сосед треба да остане со името Република Македонија, како што се викаше во југословенската федерација, во текот на половина век. Зошто тогаш, во времето на Тито Грција не го поставуваше прашањето за името? Затоа што се плашеше. Тоа е срамно, сега да си играат со оваа земја на ваков неубав начин, изјави поранешниот бугарски претседател, во интервјуто објавено на Интернет страницата на новинската агенција БГНЕС.
Бугарија е првата земја која ја призна Македонија, за што, како што наведува новинската агенција, Желев има голем придонес.
- Самите околности го диктираа начинот на кој требаше да се донесе оваа одлука-брзо или бавно, вели Желев. Тоа беше во времето кога војната во поранешна Југославија почна да беснее и мораше побрзо да се решат некои прашања. Ние прво одлучивме да се свртиме кон сите балкански држави-соседи на Југославија и особено кон Македонија да се откажат од какво било учество во оваа војна. Второто нешто што го побаравме беше сите соседи на Македонија да ја признаат како самостојна и независна држава, т.е. да го признаат нејзиниот државен суверенитет и територијален интегритет. Во принцип, тие се согласија, но нештата не се одвиваа токму така, раскажува Желев.
Во исто време, за прашањето требаше да се разговара и во Европската унија. Европската комисија нареди да биде формирана една комисија под водство на големиот француски правник и конституционалист Роберт Бадантер, која ги разработи критериумите според кои требаше да бидат признати поранешните југословенски републики како независни држави, рече Желев и додава: Оваа комисија добро си ја заврши работата и во извештајот, кој го претстави, се посочуваше дека само две држави ги исполнуваат условите да бидат признати за самостојни, независни, бидејќи на нивната територија нема војна, нема граѓански немири, нема настани кои ги туркаат кон усложнување на ситуацијата - Словенија и Македонија.
Без оглед на препораките на комисијата „Бадантер“ Македонија отпадна како кандидат за самостојна држава, бидејќи Грците, користејќи го задолжителниот консензус во такви случаи, рекоа дека не се согласуваат со нејзиното признавање. Тоа беше неправедно кон Македонија. Тогаш ние одлучивме Бугарија да биде првата земја, која ќе ја признае Македонија заедно со другите три поранешни југословенски републики-Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска. Ние бевме подготвени за тоа решение, како во парламентот, во комисијата за надворешна политика, така и во претседателската институција и во владата. Кога за овој предлог требаше да се гласа во Народното собрание јас се обратив кон целиот народ дека институцијата Претседател бара и сака да биде призната Република Македонија како самостојна и независна држава, се сеќава Желев.
Петнаесет денови подоцна, на економскиот форум во Давос Желев му пристапил и на премиерот на Турција, Сулејман Демирел. Желев се сеќава: - Демирел внимателно ги ислуша моите аргументи, се загледа во аголот на собата, во која се водеше разговорот и рече: За најмногу една недела турската влада ќе ја признае Република Македонија. И навистина по осум или 10 дена, на точниот датум не се сеќавам, стаса вестта: „денеска Владата на Република Турција официјално ја призна Република Македонија како самостојна и независна држава“.
Слични разговори Желев водел и со претседателот на Русија Борис Елцин во истата 1992 година. - Во еден момент, при една од заедничките прошетки во резиденцијата „Бојана“ му реков на рускиот претседател дека се уште не го гледам декретот со кој се признава Македонија, раскажува поранешниот бугарски претседател. - Елцин се сепна и му викна на министерот за надворешни работи Андреј Козирев и му нареди да го напише указот. Се сеќавам дека во тој момент Козирев започна да „крши прсти“ објаснувајќи дека Грците многу ќе им се налутат за овој чин. Елцин отсече: „мене Грците не ме интересираат, бугарската позиција е правилна, затоа напиши го декретот. Козирев речиси беспомошно додаде дека тоа е невозможно од технички причини, бидејќи печатот останал во авионот на аеродромот. Елцин од своја страна соопшти дека на прес-конференцијата ќе зборува прв како гостин и ќе започне со веста дека денеска Руската Федерација ја признава Македонија за самостојна држава. Тој исто така рече дека 10 минути по полетувањето на авионот преку радиото за врски ќе му соопштат на претседателот Желев, на неговиот тим, на Владата и на бугарските медиуми дека Руската Федерација ја признава независна Македонија. И навистина точно 10 минути по полетувањето на авионот дојде пораката дека декретот е потпишан на 3-ти август 1992 година, се потсетува Желев.
Утре, 15 јануари, д-р Жељу Желев, претседател на Бугарија во периодот 1990-1997, ќе биде награден од македонскиот претседател Ѓорге Иванов со орденот "8 септември" - највисокото државно одликување на Република Македонија.
- Со овој акт изразувам голема и искрена благодарност до Вас, на Вашата лична посветеност на развојот на односите на пријателство и добрососедство помеѓу нашите две земји, како и за улогата што ја изигравте во периодот на признавањето на Република Македонија од страна на Република Бугарија, се вели во писмото на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, испратена лично до д-р Желев.
извор
Ова докажува дека сите Бугари не се исти као оне што висат по форумите платени од Какарачанов и компанија