Социјалниот феномен “Тоше“

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Убаво кажа Вес поназад. Не можеш да одредуваш кој човек каков е од причина што не го познаваш доволно.
Ниту знаеш дали јас од мој новчаник вадам да дадам пари на бездомник, ниту пак јас знам за тебе.
Ебана дискографија или не, од нашите најдобра е.
И не споредувајте Мајкл Џексон со Тоше. А не ни кажувајте дека Џексон вредел повеќе. Џексон е роден во Америка, а Тоше во Македонија.
И пак ќе кажам не е феномен. Едноставно нормална реакција на луѓе кои биле (или се) малку поприврзани према некои работи.
Поназад убаво кажаа. Плукни го нашето, за сметка на туѓото. Па сега кое е патетично, не знам.
*izvrshuva samoubistvo*

Зарем јас толку неразбирливо пишувам, што секогаш останувам неразбрана?

болдираното: најди ми причинско-последична врска меѓу првата и втората (или втората и првата реченица).

точка разно: нормална реакција не е именување на ѕвезди и појавуење по јајца и пити. Од ова господ да ми се симне (или качи) нема да ме разубеди.

точка разно бр. 2: “Едно е да се има почит, а друго е да се воздигнува обичен пејач, какви што во светот има милијарда, до ниво на секое необожавање на Тоше да се карактеризира како анти-Тоше синдром и мавање со тули на секој оној кој нема да го нарече истиот “нашиот ангел.“ - her Highness queen noodle of repeatsburg.

Дефиниција за патетично е да пробуваш да се докажеш со фанатици. Јас сум тоа, ама шо да праам.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
*izvrshuva samoubistvo*

Зарем јас толку неразбирливо пишувам, што секогаш останувам неразбрана?

болдираното: најди ми причинско-последична врска меѓу првата и втората (или втората и првата реченица).

точка разно: нормална реакција не е именување на ѕвезди и појавуење по јајца и пити. Од ова господ да ми се симне (или качи) нема да ме разубеди.

точка разно бр. 2: “Едно е да се има почит, а друго е да се воздигнува обичен пејач, какви што во светот има милијарда, до ниво на секое необожавање на Тоше да се карактеризира како анти-Тоше синдром и мавање со тули на секој оној кој нема да го нарече истиот “нашиот ангел.“ - her Highness queen noodle of repeatsburg.

Дефиниција за патетично е да пробуваш да се докажеш со фанатици. Јас сум тоа, ама шо да праам.
Браво noodle употреби кул анимација со помош на ѕвездици.

Болдот пробај препрочитај го, ќе го сфатиш. Али еве, за секој случај. Америка нуди повеќе можности за успех од Македонија во однос на музика. Па сеа види ти зошто Џекс вредел повеќе од Тоше. И не знам како можеш да ги рамниш двајцата. Ако ти си била на концерт на Џекс, јас не сум бил. Ако скандалите на Џекс ти се позначајни од она што Тоше го напраил (а не е малку), мене не ми се. Ако си растела со песните на Џекс, јас не сум растел.
Она што ми го има претставено Тоше, ми го нема Џексон.
Коа ќе видиш, не те напаѓам тебе за твојот став. Така си сфатила ти.
Она што го правам е истото што и ти. Бранам нешто кое е мој личен став, исто како што го браниш твојот.

Таа точка разно што ти е ставена на дневниот ред кој го објаснуваш не ја наметнувај на сите. Логично е, значи ептен логично да се појават такви непромислености. Има луѓе кои го прават тоа колку да се популаризираат себе или својата линија на производство на јајца. Ама има луѓе кои едноставно ја сакаат музиката (која е ВРВ на македонската музика) и го почитуваат неговото дело.
Втората точка разно:
Јас ниту еднаш не го нареков “наш ангел“. Ама никогаш не плукнав кон оние кои решиле да го обожаваат.
Епа сега, кога има некој од едната страна кој сакањето, почитувањето (и глорифицирањето - кое не е она кое јас го застапувам во темава) и бранењето на Тоше ќе го окарактеризира како феномен (па од тука патетичност, пристрасност итн итн) зошто да нема некој кој ќе го брани спротивното.
И воопшто не е потребна дефиницијата за патетика. Се гледа самата од муабетиве низ темава.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Браво гладиус, јас не сум доволно паметна за да сфатам нешто со метод на препрочитување, немам толкав IQ, ама стварно ти фала што вака безобразно ме исцитира, поштовање за тоа. :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ау се врати темава. Штета какви одлични постови ги снема. :(

Баш на роденденов. Има многу да се збори но ајде деновиве си знам мене како ми беше вчера вечер кога кажав нешто и бев нападнат (може и оправдано зашто не можам да контролирам туѓи емоции) па ај ке оставам за друг ден.

Само да оставам неколку ФБ групи.(извини Кајги ФБ ми беше некоја врста замена за тебе) Прочитајте ги само насловите па после искоментирајте дали е повкусно тоа да се прави отколку да се каже дека Тоше беше само обичен пејач и ништо повеќе од обичен човек...


Да собереме 100.000 луѓе кои го ОБОЖАВААТ ТОШЕ ПРОЕСКИ
Да се собереме 10 000 Македонци и да му го честитаме Роденденот на Тоше
Ајде да собереме 100.000 членови до 24-ти Јануари ..во чест на Тоше Проески
Да се собереме 50 000 што го обожаваат Тоше Проески
...Ајде да се собериме 1.000.000 луѓе дека го Сакаме Тоше Проески ♥ ♥ ♥
♥♥♥Ајде да се собереме 100.000луге кои го почитуваат нашиоот Ангел Тоше ♥♥♥
Да се собереме 100.000 луѓе кои го сакаат Тоше Проески ♥
Да собереме 100.000 што сакаат споменик за Тоше Проески на плоштад !!!
Ајде да собереме 100.000 членови до 28-ми Јануари ..во чест на Тоше Проески



Поента? Освен за исполнување на ниски страсти на некои луѓе за да се биде фраер со голема бројка во група искористувајќи несреќа - не гледам ништо вредно во кое се обожава Тошевото дело и живот. За жал многумина има вакви...
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Отсекогаш бил почитуван, тоа е неспорно, но не од толку многу луѓе како денес. Не ми бил меѓу омилените затоа што не го имам слушано, но дека имаше вокални способности, имаше повеќе од било кој што излегол во Македонија со микрофон во рака.

Ми текнува кога почина. Бев негде прва година средно и, одеднаш се крена толкава еуфорија што луѓе што воопшто немаа слушнато негови песни липаа, ронеа крокодилски солзи, неможеа да се смират, добиваа напади итн. Жално, не викам дека не е жално, особено откако по обдукцијата се добија резултатите како настанала смртта, но претеризам е што една недела после тоа, истите тие што не го ни знаат бараа ослободување од настава поради голема потресеност. Македонска работа, секој гледа да профитира од нечива смрт.

Па следуваше фазата цела нација жали. Групно плачење како на шпанска серија. Пак ќе напоменам, тажно е тоа што почина пред се млад човек, а 90 годишни желки што незнаеш дали се живи или вегетираат нема да пуштат душа уште 20 години, малтретирајќи ги останатите околу нив. Но, до толку да се глуми лудило, не е во ред.

Наместо да се потрудат како почит према него да и помогнат на неговата фамилија побрзо да преболи, мораше уште толку да се експонира во јавност, да има судски спорови, да се спомнува и да му се валка името. Прогласувањето за светец беше најглупавото нешто што некој можел да го смисли. Да, Тоше беше хуманитарец и помагаше на секого, беше скромен и ги ценеше моралните вредности во општеството, па дури и минимално, влијаејќи врз свеста на младината, но не е светец. Тоа што беше верник не мора да значи дека претворал вода во вино и правел чуда за да биде светец. Тука се отвори и нова тема за дискусија во јавноста - кои се критериумите за еден смртник да биде прогласен за светец, што буквално го понижи него во јавноста, уште толку дотурајќи му на огнот.

Зарем не можеа сите оние што го почитуваат еднаш годишно, еве на неговиот роденден, да ги слушнат неговите песни дома, ако се верници да отидат во црква и да се потсетат на него, а не да прават циркузи како вчера? Колку и да е хуманитарен концертот, јас сум сигурна дека некој има профитирано од тоа. Ако им беше да соберат пари, можеа да организираат некаква фондација, да има доброволни прилози, донации итн. а не она што се организираше вчера.

Премногу е ова што го правите. Крстувањето кучиња и мачки не е мерка за тоа колку вие го сакавте и го почитувавте Тоше.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Во човековата природа е да сакаат, потоа да уништат, а потоа пак да го засакаат она што најмногу го ценат.

Мене ми е јасна целата фрка околу Тоше. Луѓето имаат тенденција да не го гледаат и да не го ценат она што го имаат, учат да го ценат откако ќе го загубат. Со тек на време се бришат од меморијата лошите работи (во ситуацијава, поради тоа што Тоше не е веќе жив), па почнуваат да се преувеличуваат добрите работи.
Да беше Тоше жив, немаше да ни текне да крстиме ѕвезда по него....(можеби зашо он ќе ни врзеше по една и ќе ни кажеше дека парите може да се искористат во подобри цели, ама небитно)
Го сакам многу, особено го засакав кога на некој од концертите му го даде микрофонот на детенцето со посебни потреби и го остави да пее, а очите му светеа од милост и среќа. Само поради тоа и од тогаш.
Ретко може да се сретне таков однос и поради тоа многу го почитувам.

Ама светец дека е, не би рекла. Колку луѓе правеле поголеми работи од него па не биле прогласени за светци..
Сето тоа ми е бесмислено и непријатно.

А тоа што се нервирам и реагирам кога некој ќе почне да кажува лоши работи, апслутно.
Пред се, не може да се одбрани, да докаже дека не е така, да се спротистави на било кој начин така што нема смисла да се брбори на празно.
А и од почит кон починатите, не сакам да се збори лошо.
Особено ме иритира кога се исмева името или делото.
Јас рабирам дека ви е смачено да слушате за Тоше, ама може да се воздржите од желбата да се биде кул за миг, чисто од почит.

Што е до Анти-Тоше феноменот, па фановите претеруваат и го гледаат на јајце, така што кога со нешто ќе се претера, станува одбивно.
Јасно ми е и тоа, ама ипак иритираарт ванабикул хејтерите.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
После целата помпа и фешти... ебено претерано е ...аман.

Да не ги ставел Дарк групите од фејс кои се испоотворија за "ѕвездата која има само роденден" ќе ме намачеше јас да ги барам... го спомнувам фејсбук како ...некое мерило на јавното мислење со оглед на тоа колку корисници има, епа луѓе претеравте, ја преминавте и онаа пристојна граница, имало И ЌЕ ИМА луѓе поголеми и похумани од Тоше но тешко дека се наоѓаат "фанови" на оние кои биле кои името нивно нема да го вадат од уста и да си играат со тоа име како што нив им одговара.

И за крај мртов е, прекинете со патетичните честитања на роденденот, прекинете да предизвикувате болка кај неговите... get a life.

Слава му.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Со групиве претераја в крај.
Исто ко со "Титаник" филмон шо го даваја пред некој ден.
После филмот сите глеам се приклучиле на групи "Титаник ваков" "Титаник онаков",прикачуваат слики од "Титаник" итн.
Исто и вчера од ко даде Горан Пандев гол,сите одма во групи за Горан Пандев се приклучиле.
Тоа незнам дали се феномени или луѓево се благо кажано,побудалени.

Во една група,пак за Тоше еве шо изнајдов.
You wont bring him back by playing his songs on the radio and TV all day every day, neither by naming organizations, schools, funds and god knows what else with his name.
Значи,тоа што некои луѓе ги слушаат и понатаму неговите песни,именуваат училишта по негово име,ко шо е основното училиште во Крушево, не е затоа шо луѓето си се суеверни па ај преку шознам ти какви ритуали ќе го вратат назад.
Тоа е зошто не сака да се заборави неговиот спомен.
Умре,да..но,не значи дека ко ќе умри чоек,ај создравје и оп го заборајвме.
Зошто сите да не го паметиме како добар човек,пријателски настроен кон сите шо всушност и беше?
Ако ги слушам неговите песни,тоа значи дека привлекувам премногу внимание или едноставно сакам да ги слушам зошто го почитувам и не сакам да го заборавам?
Секој различно ја доживеа смртта на Тоше, секој различно го доживуваше како човек.
Затоа безсмислено е да зборуваме за некакви феномени во кои се генерално опфатени сите луѓе кои го почитуваат неговиот лик и дело.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И за крај мртов е, прекинете со патетичните честитања на роденденот, прекинете да предизвикувате болка кај неговите... get a life.
Е па некои луѓе, едноставно НЕ САКААТ и НЕ МОЖАТ да го прифатат моментот дека не е меѓу нас. Некои луѓе ги боли помислата дека таков човек не е жив, и да, според мене изгубивме нешто непроценливо во смисла на човечка вредност. Да, чудно е да се честита роденден на нежив човек, ама тоа нема да го наречам патетично, затоа што така се осеќаат тие луѓе и никој нема право ништо да нарече дека е патетично, само затоа што не одговара со неговата замисла за непатетично.
И како можеш да кажеш дека тие предизвикуваат болка кај неговите?????? Неговите ќе ја носат таа болка цел живот!! Најголема болка е да го надживееш сопственото дете, поголема болка од тоа нема. Нивниот син не е повеќе со нив, тоа предизвикува болка, а не неговото спомнување. И да не го збориш и да го збориш тие луѓе се зацрнети и затемнети и ќе бидат во вечна болка.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
И за крај мртов е, прекинете со патетичните честитања на роденденот, прекинете да предизвикувате болка кај неговите... get a life.
Малку :eek:ftopic:

Се наметна ова вчера, завчера...

Тоше Проески е мртов, Маријан Стојановски е жив, get over it...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Тоше има фанови, so all of you get over it, and while doing that, get a life.

Се согласувам и јас дека со групите на фб е претерано, ама се претерува и со многу други работи па на никој не му пречат.
 

St3

Член од
3 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
8
Тоше беше одличен пејач, нека почива во мир.........и да не се претерува со неговото возвишување и правење светец, ангел и сл.
Знам десетина личности кои го плукаа кога беше жив а сега леекат по него.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Добро, знаеме дека е мртов, get over it, get a life, get a juice, GTA.
Само нешто, ај сфативме и дека не сите тука на форумов се оние кои го величуваат Тоше, ама многу хејтери испаднавте бе!
Почитуван, непочитуван, споредби, мртов-жив, претеравте бе.
Се родија многу хејтери на темава одкако си добивте поддршка еден од друг за хејтот шо го мавате. Значи размислете сами пред да се согласите со друг.

до хејтерите (и ја сум меѓу нив, ама се знае на кои мислам)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.028
Поени од реакции
24.661
Ми се допаѓа темава, ми се допаѓаат ставовите ми се допаѓа и социјалниот феномен кајгана форум.
Прво ќе почнам со тоа дека апслоутно се согласувам со насловот на темата дека Тоше прерасна во социјален феномен и ќе се потрудам да дадам лично мислење зошто е тоа така. Има неколку аспекти што мислам дека придонесуваат за тоа: медиумска личност и слава, хуманитарност, постсмртна глорификација.


-Медиумска личност и слава


Прво да се разбереме, за некоја одредена личност да постане социјален феномен потребни се една од овие две работи. А кај Тоше ги имаше двете. Можеби има и подобри пејачи од него меѓутоа доколку ако публиката не ја надмине границата од караоке барот во којшто настапуваат тешко дека ќе се претворат во феномени. Истото важи
и за покритието од седмата сила. Е сега за да стигнеш до тоа е комбинација на знаење, талент и редење на коцки. Тоше се појави во она ударното доба на демек воскреснување на Македонската музика кон крајот на 90-тите кога се појавија и разноразни смешки од типот на Угро, Мугро, Магија, Сашо пијан и млад, и слични. Сите такви поајви тогаш направија бум низ радио-телевизиите. Во мода беше да се поддржува Македонската музика и во тоа време и баба ми можеше да стане пејачка и да биде хит(не дека сега многу е напреднато). Во комбинација со тогашниот монопол Копров-Огнен Неделковски дополнето со навистина квалитетниот глас и мас-тинејџ песни Тоше лека полека почна да станува национален тинејџ феномен. Мислам дека Влатко Лозаноски да се појавеше тогаш (го земам како некоја си ептен бледа копија на Тоше) денес за него ќе зборевме на темава. Битен е тајмингот. Усни на усни, бели кошули и сл беа врискачки пеани од таргет публика пол-женски, возраст 0-16 г. Доволно е да се видат кадрите од публиката од тогашните концерти. Нешто слично како на пример Бекстрит Бојс на времето во Америка. Од таа почетна слава почнува негова стилистичко-менаџерско-музичка трансформација и стигнува до Балкански феномен односно доаѓа до балканска слава и популарност. Немаше да успее да стане феномен ако не се случеше таа трансформација. Немаше да ја стекне таа публика, таа слушаност, тие хитови, таа слава. Ќе завршеше ко Сашо пијан и млад. Песни препеани на српски (ок пазар си е пазар), и чекор по чекор, Џана Нанини и меѓународни соработки. Логично колку повеќе се шириш и пробиваш пошироко од матичната др
ава стануваш поголем феномен. Да речеме Џони Кеш поради специфичниот тип на музика остана повеќе америчка легенда за разлика од Мајкл Џексон кој постана поглобален.
Нормално тука не смееме да заборавиме на сите пропратни елементи како на пример харизмата што ја имаше, настапот и комуникацијата со публиката, сакањето на сите итн...


-Хуманитарност


Хуманитарноста секогаш пали. Било да е чисто како маркетиншки трик направена или вистинска народски речено од срце. Е сега има полно крводарители, донатори на пари, и луѓе што редовно праќаат пораки за заболени и даруваат во Црвен Крст ама тие не стануваат социјални феномени поради што се наврќаме на точка еден погоре. Доколку хуманитарноста од човека прави некој вид на мал херој во очите на пријателите, и луѓето и организациите каде што бил хуманитарен, кај јавните личности таа хероизација се мултиплицира. А рака на срце беше хуман. Сакам да верувам и мислам дека од срце беше таков. Како и да е луѓето го засакаа повеќе поради таа хуманитарност.


-Постсмртна глорификација


Добро, ова е феномен сам по себе Тоше тука не е ни прв ни последен случај, едноставно така функционира човековата психа, да те ценат и величаат многу повеќе одколку што си бил жив, нормално и Тоше не е исклучок. Тука има и еден подфеномен односно ако умреш или млад или во ек на слава (а кај Тоше и двата фактори беа присутни) твоето глорифицирање се квадрира во споредба со тоа ако умреш постар или од кога ќе ти помине славата. Иако звучи сурово ама мислам дека феноменот Тоше немаше да достигне толкав размер ако на пример неговата смрт беше после да речеме 7-8 години под претпоставка дека неговите 5 мин. Поминале или доколку заминеше од овој свет од природна смрт на стари години со деца и внучиња.


Тоа се аспектите на феноменот наречен Тоше. Меѓутоа главната причина лежи во самите луѓе. Човекот сака да верува во тоа привидение на подобро утре и подобри луѓе како на пример онаа жена што во паузата помеѓу тепањето од мажот, кецовите од синот и спремање на ручек во пакет со чистење на Ве Це плочките прибегнува кон Шехерезада како утеха дека ете сите имаат проблеми, не е единствена и сама на овој свет, и дека на крај се завршува убаво со венчавки, дипломирање, деца и внуци. Оти што ни останува од живеењето освен илузијата на вера, надеж и љубов. А бидејќи тие три работи се нетангибилни на луѓето често им треба физички доказ. Тоа олицетворение, тој физички доказ беше и е Тоше Проески. Истото може да се каже и за Џон Ленон, Мајка Тереза, Ганди или оној со маската од аватарот на нудл. Едноставно таква е човековата природа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom