Социјалниот феномен “Тоше“

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Пристрасни сте луѓе. Колку од вас што куроталасаат за хуманоста на Тоше, барем еднаш од животот одвоиле од парите за нивното кафе и му дале од курташак на некој домец за да си купи смоки? Нула? I thought so. Затоа, немам намера да се замарам. Ниту пак да споредувам што Michael Jackson постигнал во споредба со Toше. Eднa Thriller не се мери со ебаната дискографија на Тоше. Едно е да се има почит, а друго е да се воздигнува обичен пејач, какви што во светот има милијарда, до ниво на секое необожавање на Тоше да се карактеризира како анти-Тоше синдром и мавање со тули на секој оној кој нема да го нарече истиот “нашиот ангел“.

Олабавете. Seriously. Патетично е.
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
А за синдромот на сељачизам и тотален дебилизам на македонската музичка сцена (иако не сум сигурен дека постои) не се праи муабет?

Се е до перцепцијата и до гледањето на работите...
...за некои Мајкл Џексон е ''кралот'', за мене е психоманијакален педофил со тешко растројство.

Симон Трпчевски не е Бетовен, исто така.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
А за синдромот на сељачизам и тотален дебилизам на македонската музичка сцена (иако не сум сигурен дека постои) не се праи муабет?

Се е до перцепцијата и до гледањето на работите...
...за некои Мајкл Џексон е ''кралот'', за мене е психоманијакален педофил со тешко растројство.

Симон Трпчевски не е Бетовен, исто така.
Ај да те видам напиши нешто против Чак Норис! :)
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Се е до перцепцијата. Затоа некои луѓе не перцепираат дека не-претставувањето на Тоше како нашиот омнипотентен ангел не значи идолизирање на остатокот од македонската музичка сцена.

За некого Мајкл Џексон го смени текот на одвивање на музиката во наредните мнооогу години. За некого за Тоше слушнаа до Белград. Ама нели, се е до перцепцијата...:smir:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.026
Ретко нешто поквалитетно да произлезе од оваа провинција socalled Македонија, следствено, компарацијата со светец.
Значи значи, ретко сме изложени на квалитет. Не музички само, туку и човечки квалитет ќе си признаам.

Пипава тема, доста pros & cons. Ќе си се воздржам. Друга вечер ќе бидам најомразен.

4@0
 
S

smart ass

Гостин
Пристрасни сте луѓе. Колку од вас што куроталасаат за хуманоста на Тоше, барем еднаш од животот одвоиле од парите за нивното кафе и му дале од курташак на некој домец за да си купи смоки? Нула? I thought so. Затоа, немам намера да се замарам. Ниту пак да споредувам што Michael Jackson постигнал во споредба со Toше. Eднa Thriller не се мери со ебаната дискографија на Тоше. Едно е да се има почит, а друго е да се воздигнува обичен пејач, какви што во светот има милијарда, до ниво на секое необожавање на Тоше да се карактеризира како анти-Тоше синдром и мавање со тули на секој оној кој нема да го нарече истиот “нашиот ангел“.

Олабавете. Seriously. Патетично е.
*Турбофолк синдром=резултат од турбофолк болештината која патем и придонесе кај нас да има турбопоп+турбо стилот(љубави,ве сакам,алкохол...дииишеемм за тебеее:vozbud:) беше успешно имплантиран во ОРИГИНАЛНАТА македонска поп сцена.

е сега

Јас слушам најмногу електро,хаус...па имам одделено пари(дури и на пазаро сендвичот(уствари скара беше) го делев со едни две питачи(деци-мали 8 год може):toe:

Значи слушајте електро и ширете го-тоа е патот до хуманоста!!!:vozbud:
(емоциите се изразени на специфичен начин...кај електро-то)

Тоа е,тие што го воздигнуваат тоше како анѓел се ванабис хјуман а уствари ЕМО(Not literally EMO style)односно се-адолесценти/пубертетлии,ил некоја тешка депресија(ил турбофолк синдромот е*) чија самодоверба единствено ќе ја измерите на вага за злато,а залетаноста по љубави и тракатанци не моат нит на отпад да ја измерат.(а пази колку купрум ојде таму..цц)...

Башка медиумите како ја претставија трагичната вест....па хиперболизирање(како ЕМО сцени во афган) од медиумите...тага тага-и не заборавајте-медиумите велат
ИСПОЛНЕТЕ ЈА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ТОШЕ.
Ко бош месаја...стварно имаат талент овие фабрики со кои некој од општеството врши Мед-Лоботоми:tapp::tapp:

Инаку нема анти тоше група-освен ... оние со нарцисоиидна манија.

Навистина беше добар пејач и сеа рекол наводно одам горе па загина во несреќа и ајде светец ќе правиме-другите светци користеле коњи,магариња-не Фолксваген Туарег(ај ватева)....па секој рекол одам горе...ор самтинг..

(инаку терминот сообраќајна несреќа е измишљотина тешка(ова од правниците-МОРА НЕКОЈ ДА Е ВИНОВЕН-така имаме сообраќајки,прекршоци,газење човек и бефање одма намест прва помош да даде
(то е по закон-ако и вие на улица сретнете чоек и ненадејно се повреди обврзани сте да помогнете)..ауфф..:tapp::tapp:-непочитување правила...).

Ај налет...
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Можеби не целата, ама добар дел од нашата хистерија околу губењето на Тоше ја оправдувам со тоа што Тоше ни е првиот (единственииот?!) Македонец на кој можеме да се гордееме. За една мала, сиромашна, исполитизирана нација како нашата, самото тоа што некој успеа преку пеење да стане ѕвезда на која можат да и позавидат и Бранко и Грујо (нели, двајцата кои предизвикуваат тахикардија од возбуда кај просечниот наш човек) - вреди да се почитува. Да бидеме реални, Тоше успеа да направи да се зборува за Македонија без да се споменува Косово, кучиња, Цигани, името... Неговата смрт е единствен пат од осамостојувањето на Македонија до денес да маса народ плаче затоа што некого изгубила. Тоа е доказ дека во него гледаше нешто „свое“ целата нација.
Вториот момент кој не смее да се занемари е дека тој, покрај еден куп појави, како синот на Трифун или зетот на Свето, како дете дојдено од провинција, со силен акцент и без пари/титула/поддршка успеа да изгради кариера... Тоа дава надеж дека во државава квалитетот се цени, тој е позитивниот пример дека сонот може да се оствари и ако нема татко ти еден куп нули зад кецот, на сметката во банка.
После него Пандев, лично мене ми е симпатичен поради истото. Што е Македонец со кој можам да се гордеам и за кој знам дека е таму каде што е затоа што има што да понуди.

Ниту пак да споредувам што Michael Jackson постигнал во споредба со Toше. Eднa Thriller не се мери со ебаната дискографија на Тоше. Едно е да се има почит, а друго е да се воздигнува обичен пејач, какви што во светот има милијарда, до ниво на секое необожавање на Тоше да се карактеризира како анти-Тоше синдром и мавање со тули на секој оној кој нема да го нарече истиот “нашиот ангел“.

Олабавете. Seriously. Патетично е.

За мене лично, М.Џ. е еден меѓу низата црнци кои во вистинско време се нашле на вистинско место и изградиле кариера зошто имаат тенко гласче и знаат на одат назачки виткајќи ги едновремено рамениците на некој чуден начин кој просечен бел човек не го може :) Океј, нешто подоцна фати некоја си болест на кожата, си направи Дизниленд за да може да плеска се што е пониско од кваката и си го чкрапна носот.
Од друга страна, за мене, исто толку лично, Тоше не е ангел, ама е еден од малкуте кои ме прават горда што сум Македонка. Не велам дека нема други, не велам дека нема да се роди еднакво добар/подобар и дека никогаш нема да престанам да му ја слушам музиката... Ама, што знам... Еве де, за да го скрати ме муабетот, наречете ме пристрасна малограѓанка за која одење до Белград е умствено оргазмирање, ама јас реално сум емотивна кога ги слушам неговите песни... Жал ми е што го нема, не само поради тоа што нас се претставуваше како ретко кој, туку и затоа што е штета што не стигна онаму каде имаше квалитет/можност да стигне.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Тоше за пари се продаде!

Маријан Стојановски FTW!!!

Сеуште е рано а?! :wink: Секако не одев во рајот ...
 

marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18
Едноставно е, ист ваков помал ефект се случи кога почина Борис Трајковски, од глуп, туп и неупотреблив стана месија и незнам што ... нешто слично но помасовно се случи со Проевски, веројатно луѓето компензираат за сето плукање и трачање што го направиле додека биле живи.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
На ЈуТјуб имам гледано клипови каде што луѓе од Индија, Индонезија и милион други разни држави пеат песни од Тоше. Тоа кажува нешто...


Тврдам дека немало и нема да има човек што ке има такво влијание на нашиве простори особено во Македонија.

Имаме малку такви луѓе, доста ги серете!
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Да бе...и на Сатурн го слушале наводно...:tapp: А на Тау Цети бил најпродаван пејач на сите времиња...:vozbud:

Какво влијание? Економско,културно,социјално...:tapp:

Класичен пример на медиумска лоботомија но овој пат genuine macedonian product и солидна Пи Ар махинација.

Потпросечни песнички за тинејџерки и ништо повеќе...каков социолошки феномен...ако не го споменуваат по медиуми 24/7 толку време ќе падне во заслужен заборав како и многу други пејачи и пејачки на кои никој не се сеќава поради (пот)просечноста на нивните песни...

Или во превод

 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Да бе...и на Сатурн го слушале наводно...:tapp: А на Тау Цети бил најпродаван пејач на сите времиња...:vozbud:

Какво влијание? Економско,културно,социјално...:tapp:

Класичен пример на медиумска лоботомија но овој пат genuine macedonian product и солидна Пи Ар махинација.

Потпросечни песнички за тинејџерки и ништо повеќе...каков социолошки феномен...ако не го споменуваат по медиуми 24/7 толку време ќе падне во заслужен заборав како и многу други пејачи и пејачки на кои никој не се сеќава поради (пот)просечноста на нивните песни...

Или во превод

А пред да кењаш да идеш да го провериш тоа што го напишав а?

Во тоа е и поентата, никогаш ТВ не му беше главен медиум за себепромовирање. За сите работи коишто ги направил ни ја ни ти никој уште не знаеме.

И ако не приметуваш темава се води во друг правец...
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Што се однесува до именувањата школи и слично, мислам дека многу е поубаво едно школо да се вика Тоше Проески, отколку Јосип Броз Тито, зимајќи го предвид моментот што направил и колку ја сакал државава едниот наспроти другиот.
.
Да бе да Јосипа со Тошета ке го менуваш. Јосип е закон и историја.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Тоше беше одлична комбинација од славна личност, харизма и добар човек. На светов има и пославни од него, похаризматични и подобри. Но тој беше роден во Македонија, мала земја со уште помалку луѓе кои ги имаат тие карактеристики. Поради тоа дур беше жив беше омилен меѓу луѓето зашто кај нас такви ретко како него. Уникатен. Но само едно време. Времето сигурно ке донесе некоја личност која исто ке ги има тие карактеристики и ке биде омилен меѓу народот. Не викам дека ке биде тотално заборавен али не е незаменлив. Обичен човек кој имаше таква ѕвезда која се појавува често, можеби кај нас не толку многу но сепак се појавува. Не го сметајте за светец или нешто такво слично. Беше обичен човек со сите маани како нас но ги имаше тие карактеристики погоре што ги пишав споено. Моментално кај нас има подобри луѓе, похаризматични, можеби не толку славни но тие едноставно или не сакаат или неуспеваат да ја добијат наклонетоста од поголемата маса на луѓе. Според мене Тоше многу добро успеа тие карактеристики да ги искористи за своја лична промоција како уметник. Но кога ке видиме тоа го прават сите луѓе кои сакаат да успеат во кариерата. Го искористуваат најдоброто од себе. Тоа не го прави поинаков од сите други. Тоше беше славен харизматичен уметник. Ајде сега размислете колку имало такви порано па и сега низ светов? Дали Тоше испаѓа дека е нешто повеќе?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Пристрасни сте луѓе. Колку од вас што куроталасаат за хуманоста на Тоше, барем еднаш од животот одвоиле од парите за нивното кафе и му дале од курташак на некој домец за да си купи смоки? Нула? I thought so. Затоа, немам намера да се замарам. Ниту пак да споредувам што Michael Jackson постигнал во споредба со Toше. Eднa Thriller не се мери со ебаната дискографија на Тоше. Едно е да се има почит, а друго е да се воздигнува обичен пејач, какви што во светот има милијарда, до ниво на секое необожавање на Тоше да се карактеризира како анти-Тоше синдром и мавање со тули на секој оној кој нема да го нарече истиот “нашиот ангел“.

Олабавете. Seriously. Патетично е.
Убаво кажа Вес поназад. Не можеш да одредуваш кој човек каков е од причина што не го познаваш доволно.
Ниту знаеш дали јас од мој новчаник вадам да дадам пари на бездомник, ниту пак јас знам за тебе.
Ебана дискографија или не, од нашите најдобра е.
И не споредувајте Мајкл Џексон со Тоше. А не ни кажувајте дека Џексон вредел повеќе. Џексон е роден во Америка, а Тоше во Македонија.
И пак ќе кажам не е феномен. Едноставно нормална реакција на луѓе кои биле (или се) малку поприврзани према некои работи.
Поназад убаво кажаа. Плукни го нашето, за сметка на туѓото. Па сега кое е патетично, не знам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom