Жени кои не сакаат да станат мајки

  • Креатор на темата Креатор на темата Mateas
  • Време на започнување Време на започнување
Не се обидувам да му наложам на никого ништо ... секој си има право на одлука секој си го живее својот живот така како што самиот сака ... Но сакам да сватите дека неможеш да имаш оформено мислење се додека немаш свое дете ... во врска со темава нели ... секое оправдување од типот кариера, слобода, без обврски, па подобро било кученце да си чувам се небулозни ... и сето тоа ќе помине и ќе имаш деца здравје ... и ќе праиме муабет :smir:

ПС: инаку пишав и погоре и јас бев меѓу тие кои велеа „Јас деца не“, но вероватно не бев спремен за одговорноста а и не бев свесен што значи тоа ... сега би убил за нив :toe:

Глеј сеа, не ми треба оправдување, не ми треба “заради“. Во животот имаш само една обврска дадена од природата, универузмот, шо сакаш нека биде, тоа е да умреш. Ништо друго.

И немам потреба да имам дете за да знам дека не го сакам во моментов. Имам желба за дете - нормално е велиш. Немам желба за дете - не е нормално, зошто? Затоа што ти го имаш а јас не? Зашто ти мислиш дека треба да го имам? Како тоа ти решаваш дека треба да го имам, и уште пострашно, како може ти да знаеш дали јас го сакам?

Кој контролира туѓи емоции? Како да те натерам јас тебе да ја сакаш жена ти? Природно било да се сака, епа луѓе умираат сами без љубов, шо значи тоа, вонземјани се? Јебига, биле грди, прљави, сиромашни, не ги сакал никој, не сакале ни тие никој, да ги стреламе? Не можеш ниту ти, ниту било кој да ограничи некого дали треба или не треба да сака да има деца.
 
Ако сум го напраил, а особено ако сум сакал свесно да го напраам, и тоа како ќе го обожувам. И посвоено да ми е, ја да го чувам и креирам, ќе го сакам, и на комшиите да е, ама да поминува време со мене, ќе го сакам. Ја не сум мразач на деца, ама ме иритираат окови и тесногледи луѓе.

Тесногледоста може да биде и како резултат на немање, токму такво искуство. Затоа овој збор не е соодветен во оваа полемика.:smir:
 
Има една интересна работа со децата... Многу изгледа далечно сето тоа пред да ги имаш. Се впушташ во дискусии во полемики... Не важи ништо од тоа, верувај ми... Планирани или не, кога ќе дојдат, прво ќе му се чудиш месец дена, па се додека не почне да пркнува нема ни да си свесен дека тоа створче еден ден ќе мава баскет или ќе се шминка...
Децата обземаат. Не се работи за жртва, тоа едноставно е нешто што се сака повеќе од самиот себе.
Викторче, ти барем како почитувач на креативноста и возвишеното не се ни обидувај да мислиш поинаку...:smir:
Не се работи за стереотипи, јас сум поборник на идејата убаво да проживееш да се ишеташ па дури тогаш да размислуваш за семејство. Се друго ќе има како последица фрустрација од неиживеаност...
 
Не ги сметам луѓето кои не сакаат да имаат деца за ненормални,некако желбата за деца не ми е критериум за утврдување на нормалност.Познавам и многу родители кои единствено нормално во животот им била желбата за потомство,за жал за децата.Ништо не е нормално,или се` е на денешницава.......

Ги разбирам таквите,не е секој за родител и не секој од вистински причини станува.Најчесто за да задоволи нечии очекувања,општествените,па дури и сопствените,затоа што мисли дека "така треба." Завршуваш училиште,факултет,се вработуваш,се жениш/мажиш и имаш деца.Просто ко грав,а ако прескокниш или ти фали нешто во низата,не си нормален.:)

Природно ни било наложено сите обавезно да сме имале деца оти сме имале матка и оти таа не била за украс.уфффф....:) Уште поприродно е што имаме можност за избор дали ќе ја искористиме,кога и како.Верувам дека секој од одредени причини станува родител или не станува,а релативно е колку се тие оправдани или не.
 
Жалосно е тоа што има многу жени кои неможат да имаат деца и страдаат поради истото. Но кога има избор - може да бира. Можеби е себично да не подариш живот кога имаш такви шанси, но реално, да ги разгледаме условите за живот во Македонија во 21 век.

Просечна плата - 200 евра
Скромен живот - 300 евра најмалку (вклучувајќи сметки и продукти потребни за живот)
Дополнителни трошоци (секојдневно има нови работи за кои треба да се одвои дел од финансиите)
Мали луксузи (секоја жена, ама буквално секоја, сака барем еднаш во годината, во зависност од интересите, да си го дозволи, дали е тоа фустан, ташна, штикли или пак одење во салон за убавина, годишен одмор, нешто ново за дома, тоа ни е во гените)

Секако, секој се прилагодува според условите, сигурно нема некој што зема плата од 200 евра да прави сметки на телефон во висина од 100 евра, но има премногу трошоци. И неможе да се постигне.

За таа жена да роди дете, треба додека е бремена:
-да купи нова гардероба
-месечно да двои пари за прегледи на лекар, и да се државно, сепак има трошоци
-да се исхранува здраво, а не се и сешто да внесува
-да седи дома (што сепак е трошење повеќе пари)
-подготовки за новороденчето

Кога тоа дете ќе се роди, еве, не мора да му се прават посебни соби, да му се купува којзнае што.
Основно:
-пелени
-креми, помади, гелови за туширање, влажни марамици, воглавно, хигиенски работи
-кашички, сокчиња, овошје, зеленчук
-играчки
-плус милион други трошоци, почнувајќи од цуцли до лигавчиња и чорапи, хулахопки, облека...

Кога тоа дете ќе потпорасне му треба:

-облека
-играчки
-зимно време кога ќе настине и лекови (кои, се екстремно скапи за наши услови)

Ќе тргне во школо, мора да има:

-зимска гардероба, јакна и чизми за да го топлат
-летна гардероба
-пролетно/есенски алишта
-книги (кои, ценетиот премиер ги вети, а не го исполни ветувањето)
-тетратки, моливи, школски прибор
-пари за да оди во школо, колку и да живее блиску, мора да има пари во него

Ќе почне тоа дете да излегува во град. Му треба облека, пари за излегување, ако е машко дури и дупло повеќе пари, треба да има компјутер, што ќе му е компјутер ако нема интернет, ќе отиде на факултет кај што ќе се дадат огромни пари итн.

Значи, дете во македонски услови е скапа инвестиција. Колку и да се гореспоменатите работи колку што е можно поскромни, неопходни се. Неможе да се израсне детето без нив. И 400 евра, просечни примања, не се доволно за да се израсне едно, не па две или пак три деца со плус 50 евра.

Затоа, иако не ги бранам оние што не сакаат да станат мајки, не ги ни напаѓам, затоа што се живее во тешки услови. Проблемот е, што не сакаат да имаат деца оние разгалени идиотки што сакаат цел живот да шетаат и да се забавуваат.

За се има време. Има и за учење, работа, кариера, забава и шетање. И навистина, не изгледа убаво кога 40 годишна жена се шета, облекува, забавува како младите. Никој не вика на 18 години да се мажат и деца да раѓаат, ама не ни да им помине периодот за деца и да останат сами.
 
За тебе е нормално таа да има 12 деца? Па почни со време драга, бидејќи биологијата вели дека доцниш две - три деца до сега.

Прочита некаде дека сакам 12 деца???
Ако ми го прочита постот ќе видиш дека сосема ми е нормално и жена на 30сетите години кога ќе е позрела да одлучи да има дете.
Значи има време :)

Ама да немам?
Бахххх не сакам да умрам како себично суштество кое животот сум го поминала само за себе и задоволувајќи си ги своите потреби единствено. Јас центарот на светот, успешна жена, која и на 50 години оди сама дома, неможе да најде секој ден пријателки за на кафе кои се зафатени со домашни обрвски и деца и секој ден иста приказна и нема никој дома кој да ја пречека? Не сакам.
Доволно е да имам само 1 дете покрај мене, барем да имам со некој да ја осетам таа мајчинска љубов и таа нацврста врска што може да постои на светов. Некој на кој ќе се радувам, ќе тагувам, ќе се нервирам, ама некој за кој ќе се борам.
Некој кој ќе ме исполнува до последната секунда од животот...

Со среќа нека им е на себичниот живот на оние кои ќе одлучат да немаат дете. Каењето подоцна во животот ќе го увидат, ама веќе ќе е касно.
 
Со среќа нека им е на себичниот живот на оние кои ќе одлучат да немаат дете. Каењето подоцна во животот ќе го увидат, ама веќе ќе е касно.


Себично е да имаш дете на кое ќе се радуваш додека е мало а после тоа ќе му ја убиеш душата наметнуваќи му ги твоите неостварени соништа, фрустрации и неврози.

Себично е да имаш дете затоа што сметаш дека природата, опшеството, комшиите ти го налагаат тоа а ти всушност не си сигурна по што копнееш и дали се осмелуваш да сонуваш за тоа да го исполниш копнежот на своето срце.

Себично е да ги осудуваш другите поради нивниот избор, нивните соништа, нивниот копнеж не обидувајќи се да ги разбереш.
Да ги осудуваш оние кои ги разочаруваат луѓето како тебе, како би останале искрени кон самите себе.
 
Да ги осудувам и не се срамам ич од тоа.
Не е за мене нормално една жена да не сака да има деца зашто само таа така сакала. Друго е здравствен проблем, тоа на страна го оставам.
Ама да несака деца зашто сака да биде среќна без деца, зашто смета дека работата и е побитна, дека смета животот ќе и е поубав без деца бла бла.
Не е поубав животот без деца. И не верувам во спротивното. А си видел жени несреќни? Несреќата им е поради децата или од други Х причини? Сигурно не ги проколнува децата за својата несреќа. Така да не ти држи вода муабетот.
Не е човечки жена да не сака деца. Таа е себична личност, личност која сигурно во животот ќе се кае потоа, на постари години.
Зашто додека сме млади нормално е да ставаме приоритет на други работи и во ред е ако некои лица одлучат деца да имаат после 30сетите години. Ама воопшто да немаат не е нормално.

Прочита некаде дека сакам 12 деца???
Ако ми го прочита постот ќе видиш дека сосема ми е нормално и жена на 30сетите години кога ќе е позрела да одлучи да има дете.
Значи има време :)

Значи, не е нормално, не е човечки да се нема деца... тоа значи дека човечките закони според тебе налагаат да се има деца, биологијата на човекот вели дека тој мора да има деца, така?

И сега, како наеднаш ти сакаш да имаш дете, ама покасно. Биологијата вика дека треба да имаш дете веќе на 15-16 години. Како тоа произволно си ја толкуваш природата? :toe:
 
Grev e da se nema deca!
Grev e da se bide jalov!

Se e toa smrten grev!

Tie koi ne sakaat deca ke gorat vo pekolot!
 
Jaс мислам дека се тоа реални жени.
Едноставно сметаат дека се неспособни.


Или се нарцисти. Мањебитно. :)
 
Grev e da se nema deca!
Grev e da se bide jalov!

Se e toa smrten grev!

Tie koi ne sakaat deca ke gorat vo pekolot!
Не можам да проценам дали си ироничен, зашто ти не си христијанин и не веруваш во Бог, шо те праи неверник, за што исто така се гори во пеколот.
 
Не можам да проценам дали си ироничен, зашто ти не си христијанин и не веруваш во Бог, шо те праи неверник, за што исто така се гори во пеколот.

Of topik si Viktore! Ili te zabole sto ja nosis temata vo drug pravec bidejki znaes deka edinstvena vistina e bozjata?

A mojata vera ne mi dozvoluva da te sudam, toa mojot bog ke go stori!

A ti odberi! Bozjiot pat i deca ili patot na Lucifer i bezdetno v pekolot!
 
Значи, не е нормално, не е човечки да се нема деца... тоа значи дека човечките закони според тебе налагаат да се има деца, биологијата на човекот вели дека тој мора да има деца, така?

И сега, како наеднаш ти сакаш да имаш дете, ама покасно. Биологијата вика дека треба да имаш дете веќе на 15-16 години. Како тоа произволно си ја толкуваш природата? :toe:
Зошто веднаш дефанзивен став? Ц ц ц ...
Жената има право да бира само затоа што таа ја има матката, но, ако се одлучиме на тоа да ги избришеме мајчинските инстикти, тогаш немаме потреба како жени ниту од гради, ниту од матка и веројатно сексот треба да се заборави како активност затоа што првенствено неговата битова функција е за човештвото да може да се размножува.
 
Не можам да проценам дали си ироничен, зашто ти не си христијанин и не веруваш во Бог, шо те праи неверник, за што исто така се гори во пеколот.

Мислам дека Гарфилд насети дека кај и да е ќе почнат да се мешаат религиозни причини во врска со имањето или немањето деца...и направи Ѓаолска провокација....ем ај рајт?
:duel:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom