Жени кои не сакаат да станат мајки

  • Креатор на темата Креатор на темата Mateas
  • Време на започнување Време на започнување
Каква осуда само...свака част, обожавате да се ставате во улога на Бог-судија кој е сезнаен и мудар и праведен, нормално, кога е потешко да се направи таа едноставна работа, да се обидеш да го разбереш нивниот избор, чувства, потреби и нагони. Еве јас лично познавам такви жени кои имаат деца, брак, маж и не се среќни, познавам жени кои имаат маж, брак а немаат деца кои среќни. Среќата, исполнетоста, радоста кај секого е различна, различни работи го исполнуваат и го прават среќен човекот...не можеш само така да му наметнеш дефиниција и причина за среќа на човек, не сме сите исти и мислам дека тоа треба да се почитува а не осудува

Да ги осудувам и не се срамам ич од тоа.
Не е за мене нормално една жена да не сака да има деца зашто само таа така сакала. Друго е здравствен проблем, тоа на страна го оставам.
Ама да несака деца зашто сака да биде среќна без деца, зашто смета дека работата и е побитна, дека смета животот ќе и е поубав без деца бла бла.
Не е поубав животот без деца. И не верувам во спротивното. А си видел жени несреќни? Несреќата им е поради децата или од други Х причини? Сигурно не ги проколнува децата за својата несреќа. Така да не ти држи вода муабетот.
Не е човечки жена да не сака деца. Таа е себична личност, личност која сигурно во животот ќе се кае потоа, на постари години.
Зашто додека сме млади нормално е да ставаме приоритет на други работи и во ред е ако некои лица одлучат деца да имаат после 30сетите години. Ама воопшто да немаат не е нормално.
 
Сретнав неколку жени кои имаат јасна и конечна одлука ,не сакам дете..
Признавам, малку ми е чудно пред се поради биолошкиот императив на една жена ,биолошката предиспозиција,..па мајчинскиот инстинкт,биолошкиот часовник.итн.
Се обидов да прашам дали постои причина :toe:одговорот беше не,ете не сакам бидејки не сакам..Па ве прашувам...
Мора ли секоја жена да има или да сака да има дете?
Дали на таа одлука влијаат повеке фактори и искуства (како што мислам)или како што ме убедуваат дека тоа е само избор..ништо повеке.:toe:

Нема таков одговор! Ова е само моментно одложување на одговорот заради неизграден став. А неизградениот став не значи дека не сака да има дете, туку трагање и изградување на конечниот став. Така што, одговорот кај тие жени најверојатно ќе биде пролонгиран заради желба од изнаоѓање на повеќе аргументи кои ќе ја натераат да завземе конечен и позитивен став како одговор на природниот нагон за раѓање кој го има како жена.
Во вториот болд, дали мора секоја жена да има дете... да, секоја жена која што нема некои физички недостатоци кои не и дозволиваат да има деца, треба да има. Тоа не е прашање на кое треба да се филозофира од причина што, ниту една жена не е таа која што ја измислува топлата вода, ниту пак губитничка кој жртвува сопствен живот, заради дете. Тоа е само продолжување на кругот, во кој жената додава една алка повеќе, која ќе и го зацврсти опстанокот и сигурноста, во синџирот наречен живот.
 
Кариера,финансии,религии...има причини зошто некои не сакаат да имаат деца.Си го сакаат животот таков каков што им е,мислат дека немаат доволно средства за да си дозволат да имаат семејство или пак едноставно го немаат оној мајчински инстинкт.

Пријателката на мајка ми немаат деца со сопругот,така одлучиле и сметаат дека тие двајца “не се за деца“.
Не е дека не ги сакаат,им обрнуваат внимание,добри се со нив ама најубаво им е кога на крајот децата ќе се вратат кај нивните родители и тие ќе можат да бидат слободни да прават што сакаат,кога сакаат-да не зависат од никого.

Себични луѓе би рекла јас ама пак кога ќе размислам,подобро што одлучиле да немаат отколку да имаат па детето да им претставува терет.
Не сакаат да си го нарушуваат мирот,сакаат тишина и спокоен живот,не сакаат дополнителна одговорност и да се откажат од финансиската независност која сега ја уживаат(зошто да се плаќа школување за дете кога може да се има прекрасна колекција од слики,стари предмети и безброј украси и тракатанци :icon_lol:).
Други причини...чувство на неспособност која трае 9 месеци,страв од породување,промена на телото по тој процес,одбивност према бебиња...

Факт е дека среќните краеви со венчавка од соништата,долг и среќен брак и 3-4 дечиња кои трчкаат наоколу избледнуваат и жените па и мажите својата слобода и независност не би ја трампале за ништо па дури ни за суштество што живот значи... штета indeed.
 
ако не се работи за немање деца од здравствени причини на репродуктивни органи Ок ... а гледам не се работи ... тогаш сигурно овие се искомплексирани личности и имаат некои страшни психички проблеми ....

како шо кажа некој пред мене множам со 0 ....

нема на светов ништо посвето од своите деца ... :smir:
 
Не е за мене нормално една жена да не сака да има деца зашто само таа така сакала. Друго е здравствен проблем, тоа на страна го оставам.
Ама да несака деца зашто сака да биде среќна без деца, зашто смета дека работата и е побитна, дека смета животот ќе и е поубав без деца бла бла.

За тебе е нормално таа да има 12 деца? Па почни со време драга, бидејќи биологијата вели дека доцниш две - три деца до сега.

Annabel напиша:
Не сакаат да си го нарушуваат мирот,сакаат тишина и спокоен живот,не сакаат дополнителна одговорност и да се откажат од финансиската независност која сега ја уживаат(зошто да се плаќа школување за дете кога може да се има прекрасна колекција од слики,стари предмети и безброј украси и тракатанци)
Погоди како ќе ти се качат на глава за ова сеа? :icon_lol:

На темата... луѓето не сакаат деца, што е нормално, бидејќи луѓето не сакаат многу работи. Јас не сум жена, ама и мојот биолошки часовник би требало да работи како на сите луѓе па ќе си дадам слобода да одговорам. Прво, никој не е навистина сигурен дека не сака деца, секој се двоуми, но сосема ги разбирам оние кои велат не сакам. И јас сум меѓу нив. Тоа е живо створче, не е конзерва туна која ако не ти се допаѓа ќе ја фрлиш. Треба проклето да си сигурен дека сакаш едно такво.
 
И јас бев меѓу нив ...
но тоа е само затоа шо поима немаш шо значи да имаш свое дете ...
а неможеш да сватиш се додека го немаш ... :smir:
 
Себичност, која во подоцнежни години ќе се претвори во празнина и самотија.

Како што кажаа и претходните членови, ако не сака да биде мајка поради некои здравствени причини, тогаш оправдувам.
Се’ друго е непростливо.
 
На темата... луѓето не сакаат деца, што е нормално, бидејќи луѓето не сакаат многу работи. Јас не сум жена, ама и мојот биолошки часовник би требало да работи како на сите луѓе па ќе си дадам слобода да одговорам. Прво, никој не е навистина сигурен дека не сака деца, секој се двоуми, но сосема ги разбирам оние кои велат не сакам. И јас сум меѓу нив. Тоа е живо створче, не е конзерва туна која ако не ти се допаѓа ќе ја фрлиш. Треба проклето да си сигурен дека сакаш едно такво.

За жал нема на изнајмување за да се осигураш сакаш или не, мораш да го создадеш за да осознаеш. Оттука не е потребно размислување сакаш или не, природата тоа го решила веќе одамна, можеме само до некаде да манипулираме со времето, кога да го имаме, но и тоа е ограничено пак од природата.
 
ако не се работи за немање деца од здравствени причини на репродуктивни органи Ок ... а гледам не се работи ... тогаш сигурно овие се искомплексирани личности и имаат некои страшни психички проблеми ....

како шо кажа некој пред мене множам со 0 ....

нема на светов ништо посвето од своите деца ... :smir:

Гарант множиш со нула и црнци, педери, навијачи на Милан, дебели луѓе, ниски луѓе, луѓе со зелени очи, девојки со краки коси, девојки без цицки, луѓе со тетоважи, со бради, муслимани, ретардинарни луѓе и луѓе со низок коефиницент на интелигенција, непушачи, луѓе кои чуваат мачки, луѓе кои живеат повисоко од седми спрат, луѓе кои чуваат темјанушки, и мажи кои мочкаат седејќи на шоља место да стојат пошто така им е мерак. Но, згодните лезбејки никој не ги множи со нула. :vozbud:

Абе право на избор што не му наштетуе на никој, оди натерај ме дете да имам, или уште подобро натерај ме да го сакам тоа дете. Fuck off, гледајте си ги вашите себични потребни и остајте ги нашите да си ги гаиме како габички во подрум.

Коа сме тука, да ве соочам за кратко со реалноста, 1:5 е шансата кога сте поминале покрај мене да сум рекол леле какво слатко детенце. Најчесто е “какви морони од родители има ова“ а исто така чест е коментарот и “боже какви грди деца почнаа да се раѓаат“. Тоа е зашто родителите се необразовани, па децата им личат на потомци на Голум.

Зошто треба да се има деца по секоја цена, патем? Бидејќи Грујо вика така, баба ви, комшиите? Кој? Што друго мора да се напраи? Да се има диплома на правен? Да се има сопруга (side effect - да збори ко навиена и да се здебели три години после бракот (сајдефект на сајдефектот - пред здебелувањето ќе ти тврди дека она никад нема да се здебели(сајдефект на сајдефектот на сајдефектот - ти си крив дека се здебелила))) да се има две деца и едното да се вика Матеј другото Филип (сте приметиле како Филип и Александар се увек ИН), да се оди на летување во Грчка и да се плука по истата, да се има работа во собрание и да се фали мајка ви со постигнувањата на син и колку снаа и е убава, да се следат стапките на татко ви и да се глорифицира неговиот успех, да се биде најдобар швалер у градот ама сопругата да ви е најмирната девојка во универзумот, да се... не знам што веќе е класика за нашите “модерни“ млади фамилии. Што друго треба и мора да се направи?
 
Има една книга - Страв од летање...
Страшна е помислата на суштинско менување на начинот на живеење, менување на навиките, флагрантно конфискување на слободата на сопственото движење...
Но, кога ќе го погледнеш сопственото дете додека спие - ниеден залез на сонце не ти ја полни душата толку многу.
Ниедна кариера, ниедна причина не е доволно силна да ви го одземе чувството кога прв пат ќе ве нарече мама. Инаку, кариерата не се губи, ниту мора да се запостави; постои баланс.
Ако јас се прашувам, одма би ја продала кариерата заради детето. Ке си направам друга...
 
Гарант множиш со нула и црнци, педери, навијачи на Милан, дебели луѓе, ниски луѓе, луѓе со зелени очи, девојки со краки коси, девојки без цицки, луѓе со тетоважи, со бради, муслимани, ретардинарни луѓе и луѓе со низок коефиницент на интелигенција, непушачи, луѓе кои чуваат мачки, луѓе кои живеат повисоко од седми спрат, луѓе кои чуваат темјанушки, и мажи кои мочкаат седејќи на шоља место да стојат пошто така им е мерак. Но, згодните лезбејки никој не ги множи со нула. :vozbud:

Ништо од погоре наведеното ... патем неможеш ни да споредиш ... па и се возбуди на крај еј .. .:tapp:

Абе право на избор што не му наштетуе на никој, оди натерај ме дете да имам, или уште подобро натерај ме да го сакам тоа дете. Fuck off, гледајте си ги вашите себични потребни и остајте ги нашите да си ги гаиме како габички во подрум.

Моите себични или твоите себични ...

И не. немој не ме соочуј со реалноста :tv:
сеуште си дете :toe:

баби жаби тетоважи .... бош муабет :toe:

никаква врска со темава ...
 
Ништо од погоре наведеното ... патем неможеш ни да споредиш ... па и се возбуди на крај еј .. .:tapp:

Моите себични или твоите себични ...

И не. немој не ме соочуј со реалноста :tv:
сеуште си дете :toe:

баби жаби тетоважи .... бош муабет :toe:

никаква врска со темава ...

Поентата, несреќнику, е дека се обидуваш да му наложиш некому начин на размислување каков што тебе ти се допаѓа. Тоа е себично.

А тоа што не приметуваш и тоа како имаат врска бабите и жабите со темава, па, би рекол, учи ги децата да читаат и размислуваат. Двете заедно одат. :helou: Ама ти знаеш најбоље за нив нели... good for them, great for you. :wink:
 
За тебе е нормално таа да има 12 деца? Па почни со време драга, бидејќи биологијата вели дека доцниш две - три деца до сега.

Тоа е живо створче, не е конзерва туна која ако не ти се допаѓа ќе ја фрлиш. Треба проклето да си сигурен дека сакаш едно такво.

Биди проклето сигурен дека не можеш а едноставно да не го обожуваш човечето! :smir:
 
Биди проклето сигурен дека не можеш а едноставно да не го обожуваш човечето! :smir:

Ако сум го напраил, а особено ако сум сакал свесно да го напраам, и тоа како ќе го обожувам. И посвоено да ми е, ја да го чувам и креирам, ќе го сакам, и на комшиите да е, ама да поминува време со мене, ќе го сакам. Ја не сум мразач на деца, ама ме иритираат окови и тесногледи луѓе.
 
Поентата, несреќнику, е дека се обидуваш да му наложиш некому начин на размислување каков што тебе ти се допаѓа. Тоа е себично.

Не се обидувам да му наложам на никого ништо ... секој си има право на одлука секој си го живее својот живот така како што самиот сака ...

Но сакам да сватите дека неможеш да имаш оформено мислење се додека немаш свое дете ... во врска со темава нели ...

секое оправдување од типот кариера, слобода, без обврски, па подобро било кученце да си чувам се небулозни ...

и сето тоа ќе помине и ќе имаш деца здравје ... и ќе праиме муабет :smir:

ПС: инаку пишав и погоре и јас бев меѓу тие кои велеа „Јас деца не“, но вероватно не бев спремен за одговорноста а и не бев свесен што значи тоа ... сега би убил за нив :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom