Не работата дали му верувам или не на Батон. Батон во изјавата само ги потврдува фактите.
До трката во Кина се користи болид развиван од лани со помало меѓуоскино растојание. И двајцата од Мерцедес имаат проблем со подуправливост, но
Розберг полесно се прилагодува на тоа и е поуспешен од Шуми. ФАКТ.
Во Шпанија (кога се вратија во Европа) го модифицираат малку болидот со поголемо меѓуоскино растојание и добија постабилен и со намалена подуправливост болид. Шуми заврши 4-ти Розберг едвај заврши, односно дури 13-ти со цел круг задоцнување. Следуваат обвинувања за Мерцедес за фаворизирање на желбите на Шуми и овие го враќаат стариот сетинг на болидот.
Неможе во една екипа да се развиваат два сосема различни болиди а секако не треба да се фаворизира еден возач во желбите. Мајсторијата на Шуми во минатото беше што точно знаеше да им посочи на механичарите и дизајнерите што да корегираат за тој да може да извлече максимум од себе и од болидот. Држи фактот дека Розберг е поуспешен со овој сетинг и то е то.
Исто така држи фактот дека беше грешка и враќањето на Шуми, бидејќи доста атрактивана за гледање ја направија оваа сезона токму останатите возачи а не тој.
Вистинските шампиони се повлекуваат во зенитот на успехот ама ете тој реши малку да се побламира. Квалитетот на “стариот“ Шуми не го очекувам ни јас.

Неспорно е дека Шуми не вози исто како порано (јебига години се во прашање) ама сеуште е многу подобар (поконстантен и постабилен) од повеќето помлади што возат во моментов. Розберг е секако квалитетен и перспективен возач и глупо е да посакувам да биде послаб во иднина од Шуми.
Јас формула гледам скоро 20 години ама каква врска има тоа. Афери, местенки, клеветења имало и ќе има. Премногу пари се вложуваат во овој спорт (види предходен мој пост)
Јас трките ги гледам поради атрактивноста, тензијата и се она позитивно што го нуди овој тип на натпреварување. Се што ќе се случи неспортски на трка секогаш сум го критикувал.
Навивав за Шуми, не го оправдував слепо за некои од грешките, еве и на последнава трка многу педерски сакаше да го затвори Баричело.
Околу тоа кој е најдобар на сите времиња секој според свои критериуми. За некои се нели бројките најважни за некои стилот на возење (ко ја на пример) а за трети пак е битна “харизмата“ на возачот. Сите го величаат Сена, знам дека не е убаво да се збори лошо за починати ама мене на пример Сена ми беше “фалинка“, исто и Монтоја. Кога гледав тогаш формула повеќе сакав да победат Прост или Мансел отколку Сена.

Да не го шириме муабетот тоа се минати времиња и за вкусови се работи.
Друго.
Навивам за Ферари ама последнава сезона не сум задоволен. Не од тоа каков им е успехот него конкретно од возачите. Алонсо одкако се појави во Ф1 го сметам за лигле

а Маса ми беше симпатичен возач (со многу малери) ама по пропуштањето на Алонсо од минатата трка мислам дека повеќе не треба да вози. Дури и сам си изјави дека: „Кога ќе се види себеси како втор возач ќе се откаже од Ф1“. Си викам да не му требаат “наочари“ :uvo: по потегот во предходната трка.
Трето.
Ги обвинуваш Берни и Мозли, оправдано само пари го интересираат то е факт. Да те прашам што те убедило дека Рон Денис (ако дојде) и Жан Тод би работеле поразлично?
Мислиш дека на нив двајца нема да им се приоритет парите???? Исти се сите верувај.
Сакам и јас фер трка и спортска борба, ама по се изгледа ќе мораме се почесто да “голтаме“ по некоја кнедла забиберена, дали од челниците на Ф1 дали од газдите во тимовите не е ни битно, се додека не си речеме, доста е веќе не ми се “јаде“. :smir: