Го памтам неговиот безмислен потег кога загина Сена, се радуваше како луд на подиумот, а потоа изигруваше дека му е жал.
Нехумано битие !
Имам само еден респект момент за него...Кога излезе на пресконференција, тогаш дозна дека Сена загина....Само тој плачеше и не можеше да застане.... Тогаш имал емоции...Ако ме служи добро секавањето, тогаш спикерот му постави прашање како се чувсвува после тоа, и тој не знаел, и не можеше да престане да плаче..... И не даде изјава, бидејки се гледаше дека плачи.... Со него, чинам беа Мика, и брат му, Ралф на 2 односно на 3 место...Само тој момент ке го паметам од него, бидејки личеше на човечко битие....Од Финец не се очекува да плачи, јасно е тоа, а и Ралф беше насолзен....Тој ден е најголемата трагедија во Ф1.... Е тој беше возач, Аиртон Сена....
А за ова вчера, немам зборови...Едноставно се докажа дека не е возач, бидејки ако беше ке покажеше со знае и умее и со овој болид, со кој Нико е далеку далеку пред него во генерален пласман, а возат ист Мерцедес....Па немојте да зборувате дека знаел да вози....Ова е најголем доказ колку знае.... Ич.... Болидот во тоа време на Ферари беше супериорен и во него да беше Трули, кој е класа погоре од него, ке беше 7 пати шампион...Неговите бројки нема да бидат надминати бидејки сега се е изендачено во Ф1.... Но ме теши фактот, кога ке прашам некој дека никој него не го споменува во категоријата на најдобри, пред него се Сена, Прост, Лауда и сл.... Дури и Раиконен и Алонсо се ставени пред него како подобри возачи што се сложувам....Ако Луис ја освое оваа година и тој ке влезе во друштво на возачи со по 2 титули, иако можеше да има досега 2 и да се бори за 3-та, се разбира, доколку Мозли и Берни не се во Ф1 т.е беа....
Но, „Големиот Шумахер“ се покажа дека нема фанови и на неговата домашна трка, каде 66% биле за Ветел, а другите биле за Мерцедес, односно поделени, пола за Нико пола за Михаел..... И неговите фанови на форумов ги нема, бидејки видоа и увидоа за какво срање се работи... Не велам дека мојот Луис и Алонсо се „чисти“ возачи, но она, сигурен сум дека никогаш нема да го направат посебно на човекот кој 15 години работеше за него.... Онакво бранење на позиција немам видено никогаш, а сите трки од 1990 па наваму ги имам гледано на снимки....Едино Френцен беше возач во тој стил, но никогаш онака....Страшно....Хорор....
10-те места се премалку за она....Јас би го суспендирал до крај на сезона.... А нешто слично му направи и на Маса, во Канада....ама тоа беше на кочење.... Не го пушти Кубица да помине покрај него во Канада го истурка надвор.... Тоа е Дами и Господа, Немоќ....
Поздрав
п.е Дури и Хеикки и Јанаматоа и Де Граси се поголеми возачи од него.... Во спортски стил.... Бројките се релативна работа, бидејки во меморијата на лугето остануваат моментите, а не бројките.....Тоа е факт