Како се замислувате по 20 години?

  • Креатор на темата Креатор на темата kity_cat
  • Време на започнување Време на започнување
20 години се многу голем период и било какви прогнози бараат поголеми визионерски способности,креативност и оптимизам од моите во моментов,па би рекла дека никако не се замислувам.Празно ми е,ништо,појма си немам....

Сакам да си верувам дека и по 20 дена нешто драстично ќе се промени,на добро секако...али тоа е веќе онаа полуидиотска полуоптимистичка жичка што се уклучува одвреме навреме,не и обрнувам внимание секогаш.Само сум свесна дека постои,сеуште.
 
Охооо, далеку е многу тоа, 43 год. ќе иам...па ваљда до тогаш ќе го имам испечено адвокатскиот занает, ќе имам присотјни финансиски примања, се разбира повисоки од просекот во цела држава, жена, и едно или две деца, зависи од финансии пред се. Не ја напуштам Македонија, тука сакам да си живеам, независно дали во стан као сега или во куќа која ќе си ја изградам со мои средства. :)
 
Па, се замислувам седната во кафич со другарките и се потсетуваме на старите времиња :)
 
ко 17 годишно дете на кое не му е гајле за ништо :wink:
 
Значи негде при рани 40ти,па што знам самец,во мало станче со дневна,мало кујниче и купатило.
Вработен во некоја апла затуцана фирма со месечна плата од 200 евра осамен и мистериозен.
 
Значи негде при рани 40ти,па што знам самец,во мало станче со дневна,мало кујниче и купатило.
Вработен во некоја апла затуцана фирма со месечна плата од 200 евра осамен и мистериозен.
и товарен ко магаре со комплекси :pos:
он! не сум размислувала на оваа тема но еве да визуелизирам како би изгледала...:pipi:
39 годишна жена,мажена со едно дете (по можност машко и име Кристијан:smir:) Малку збрчкана со цигара во раката бунтувајќи се за неправдите што се случуваат. Долга виткана коса и наочари со тродупли диоптер од сегашниот поради непотребното зјапање во компјутерот:kafe:
 
293.fatman.lc.101608.jpg
 
Хмм тогаш би имал 40 години. Се замислувам како Среќно оженет човек, со синче :) Вработен како професор по математика на некој факултет или како банкар:toe: И нормално и тогаш се замислувам како верен фан на Вардар кој ги следи сите натпревари само што не верувам дека и тогаш ќе навивам жустро од Западна трибина :):) Ќе ме стигнат годините :(:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom