Eisenhorn
Lord Inquisitor
- Член од
- 6 мај 2009
- Мислења
- 4.207
- Поени од реакции
- 9.805
Јааа? А значи ако се изгради нешто друго, тоа би било непродуктивно нели? Пример, која глупост би било да се искористат државните пари за ете пример, доградба на патиштата во источна македонија кои сеуште се од гранитни коцки, или за модернизација на униерзитетите, зголемување на кадар, или за унапредување на здравството кое ни е блиско со она на Уганда, или реанимација на железничкиот сообраќај, или целосно осбособување на аеродромите и изградба на новите.
Мислам стварно, крајно непродуктивно и без никакви надежи за некакво враќање на инвестицијата или вработување на нови кадри ...

Инвестиција е кога нешто ке прави пари и кога ке се исплати само, како фабрика или автопат (преку патарините) а фасади и споменици се шминка со која се разубавува градот или државата за што немам против али обично тоа се прави кога на пример ке се средат неопходните работи кои ти ги наброи.
А јавни тоалети влезени ли се во проектот? Или пак ке мочаме под мост?